На Пулмологоија во Скопје пациент ја извадил маската за кислород и запалил цигара, спречена експлозија

Вечерва на Клиниката за пулмологија во Скопје, пациент кој бил сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара.

Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пацинетот се здобил со помали изгореници на лицето и на градите, соопшти Министерството за здравство.

„Дежурниот медицински персонал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија. 

Случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот“, се вели во соопштението.