Вечерва на Клиниката за пулмологија во Скопје, пациент кој бил сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара.
Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пацинетот се здобил со помали изгореници на лицето и на градите, соопшти Министерството за здравство.
„Дежурниот медицински персонал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија.
Случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот“, се вели во соопштението.