Сe бугapизиpaaт Мaкeдoнцитe во Албaниja: Жecтoкa peaкциja – Ja злoyпoтрeбувaтe нивнaтa cиpoмaштиja

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) реагираше во врска со, како што наведе, последното однесување на бугарската Амбасада во Тирана, со цел вештачко прикажување на Бугари во областа Голо Брдо.

„Трајно се врежани во меморијата на жителите на Голо Брдо, бугарските злосторства за време на окупацијата на областа на Голо Брдо од страна на Бугарија во Првата светска војна. Елез Кочи, чие име денес го носи средното училиште во Острени, бил убиен во 1916 година од страна на бугарската војска, која жив го закопала кај реката во селото Врница во Голо Брдо“, се наведува во реакцијата.

Жителите на областа Голо Брдо, се потенцира во партиската реакција, очекуваат официјално извинување од Бугарија за злосторствата извршени за време на Првата светска војна.

„Однесувањето на бугарската Амбасада во Тирана, која ја користи сиромаштијата во областите каде што живее македонската заедница во Албанија, прикажувајќи ја како бугарска заедница, е примитивна перверзија и историско искривување на вистината“, констатира МАЕИ во реакцијата.