Сега кој ќе го чисти снегот: Самка си даде ocтавка од диpeктop на “Македонија пат”

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски вчера најави оставка од функцијата заменик-директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат”, образложувајќи ја ваквата одлука со тврдењето дека како партија не им биле остварени ветувањата за нивно учество во извршната власт. Оваа одлука е донесена по денешниот состанок на Централното претседателство на ПЦЕР што се одржа во Тетово.

– Утре ќе ја депонирам мојата оставка од причини што не се исполнети ветувањата кои требаа да се исполнат кон нашата политичка партија. Втората одлука е сите едногласно по барање на повеќе ромски политички партии утре да имаме лидерска средба со сите ромски партии – да се донесе ромска платформа каде што ќе настапуваме заеднички на следните парламентарни избори. И тоа беше усвоено едногласно. Трета работа остануваме во коалиција со СДСМ се до средбата со новиот мандатар Ковачевски, да видиме кои се неговите мислења во делот на нашата коалиција, односно дали ќе има парче колач од она што е ветено да се даде на ПЦЕР, истакна Ибраимовски по состанокот.