Од утре се укинува бесплатниот превоз во ЈСП

Од утре престануваат да важат мерките кои Градот Скопје ги донесе за спречување на загадувањето на воздухот во главниот град.

На денешниот брифинг со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска беше посочено дека досегашните мерки дале резултат.

Поради тоа, од утре ЈСП продолжува да вози по нормалниот возен ред и мерките ќе бидат укинати.

Дополнителни мерки, како што рече Арсовска, нема, бидејќи тие се лимитирани.

Прашана за колку загадувачи се изречени казни, Арсовска рече дека се прават лабораториски мерења и податоци се добиваат за пет до седум дена. Во изминатите две години, како што рече, биле направени само пет надзори за животна средина.

– Се што е во наша надлежност ќе направиме, рече Арсовска, додавајќи дека имаат луѓе на терен кои постојано работат на контрола на индустриските капацитети.

Таа најави дека во наредните два месеца ќе има повеќе вонредни инспекциски надзори.

– Сите индустриски капацитети ќе ги исконтролораме, ако имаат обврска да си стават филтри ќе си стават, ако сакаат да загадуваат во континуитет ќе бидат казнувани. Постапуваме и кај малите загадувачи, заклучи Арсовска.

Градоначалничката информира дека за два месеци расчистиле 120 диви депонии и најави драконски казни за загадувачите.

Што треба да направите до крајот на годината според хороскопскиот знак

Уште три дена нè делат до јануари и почетокот на новата година. Искористете ги за да ја почнете со позитивни мисли и желба да станете подобар јас.

Овен

Овните до крајот на годината би требало да ја совладаат толеранцијата која често им недостасува.

Бик

За полесна работа и раст во иднина, оваа година Биковите мора да се ослободат од притисокот дека постојано мора да ја имаат материјалната сигурност под контрола.

Близнаци

До крајот на годината Близнаците би требало да научат како да поминуваат квалитетно време сами со себе.

Рак

За Раковите многу е важно до крајот на 2021-ва да излезат од оклопот и јасно и гласно да го кажат тоа што го сакаат, без да се самосожалуваат.

Лав

За Лавовите, во годината која истекува, најважно ќе биде да ја совладаат способноста да ги слушаат туѓите зборови и желби.

Девица

До крајот на годината треба да се ослободат од константното анализирање и планирање, за повеќе да се посветат на позитивните луѓе и активностите кои им носат оптимизам.

Терезија

Терезиите треба да научат да ги советуваат другите, само кога тоа ќе се побара од нив и да намалат со острите критики и коментари.

Скорпија

Во последниот дел од годината, Скорпиите треба да работат на стабилизирање на сомнежите и љубомората, дури и кога немаат причина за тоа.

Стрелец

Лекцијата за Стрелците е да не веруваат слепо на сите работи кои ќе ги слушнат и конечно да почнат да се водат по разумот, а не емоциите.

Јарец

Лекцијата која треба да ја научат што поскоро Јарците е – во ред е да сте мотивирани и упорни, но не по цена да го запоставите семејството.

Водолија

2021-ва година се очекува да ги научи Водолиите како да си ги признаат

сопствените грешки кои ги направиле во минатото, за истите да не се повторат.

Риби

Иако имаат константна потреба да им помогнат на другите, Рибите до крајот на 2021-ва треба да научат како да си помогнат себеси.

(Видео) Александар “Велики” Волкановски не заборава на своите корени: Светскиот шампион во УФЦ подготвува традицонална македонска храна

Александар Волкановски е Македонец од Австралија шампион во мешани боречки вештини, моментално настапува за Ultimate Fighting Championship (UFC), каде што е актуелен шампион во перо категорија на UFC.

Волкановски е и поранешен шампион во перо категорија на Австралија во боречки шампионат (AFC). Пред неговото деби во УФЦ, Волкановски се натпреваруваше како професионален боксер до 2015 година.

Неговиот татко е по потекло од село Беранци во близина на Могила додека неговата мајка е по потекло од Егејска Македонија. Волкановски ја негува македонската традиција и редовно се фотографира со сонцето од Кутлеш.

Во своето најново видео тој готви традиционална македонска храна, шампионот во УФЦ, направи полнети пиперки, шопска и колбаси погледнете како го негува македонското наследство.

Видеото заврши со песна од Војо Стојановски, „Свадба е голема“ (20:26).

Пановски: Брзото ширење на омикрон ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци

Брзото ширење на омикрон ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци, вели микробиологот д-р Никола Пановски во гостувањето на емисијата „Што не е јасно“.

-Многу повеќе луѓе ќе бидат во контакт со него и за 6 месеци омикрон ќе го сврти целиот свет. Не верувам дека повторно ќе има сој кој ќе биде со ваква голема брзина. Исто така сметам дека 99% од пациентите ќе го поминат полесно. Останува енигмата само колку ќе биде вирулентен, вели Пановски.

Според него нема да се појави друг сој што ќе се шири со ваква брзина.

Светата царица Теофанија

Од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и ѝ се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Задоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели.

Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ѝ претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот татко, лековерниот цар Василиј ги затвори синот и снаата во затвор. Тие две невини души трпеа затворени три години.

Еднаш на празникот на светиот пророк Илија царот ги повика сите свои големци на гозба. Во еден миг папагалот ненадејно ги изговори овие зборови: „Леле, леле, господине Лав!“ И неколкупати ги повтори овие зборови. Ова мошне го возбуди царот и сите го замолија да ги ослободи синот и снаата. Нажалениот цар така и стори.

По смртта на својот татко овој Лав се зацари и беше наречен Мудар. Теофанија не го сметаше своето царско достоинство за нешто битно. Сета предадена на Бога се грижеше за спасението на својата душа, постејќи, молејќи се и делејќи милостина, обновувајќи многубројни манастири и храмови. Од нејзините усни не излезе лажен збор, ниту излишен, а најмалку клевета.

Пред својата смрт ги повика сите свои ближни, се прости со нив и Му ја предаде својата душа на Бога, во 892 година. Царот Лав сакаше да подигне црква посветена на нејзиното име, но бидејќи патријархот приговори, подигна храм посветен на Сите Светии, говорејќи дека ако Теофанија се осветила, нека се прославува заедно со останатите Светии. Тогаш беше востановен празникот на Сите Светии во неделата после Педесетница.

Сестри ја претставуваа Македонија на голем натпревар во Германија и освоија прво и трето место (Фото)

Илина победи, а Ева го освои третото место. Ваков е резултатот од натпераврот по ритмичка гимнастика на сестрите Соколовски, кој се одржа викендот во Германија.

Илина и Ева, кои потекнуваат од Македонија, продолжуваат со успесите, продолжуваат да носат злато за Германија со македонски пасош и нивниот талент и успех секој ден е се поголем и поголем.

На последниот натпревар што го имаа Илина и Ева се одржа во градот Гутерслох, Илина ги бранеше боите во Бундеслигата. Натпреварот се вика OWL-CUP, каде Илина и Ева настапија поединечно. Илина им одржа лекција на останатите натпреварувачки, кои се повозрасни од неа и тоа со голема предност од 4,50 поени го освои првото место.

Ева го освои третото место и се закити со бронза по пауза поради корона од 20месеци. Кај Ева се натгпреваруваа 19 натпреварувачки додека кај Илина 10, бидејќи поради прописите многу натпреварувачки не настапија, не ги исполнуват условите за натпревар, односно не се вакцинирани.

Во Германија правилото за натпревар е дека мора да се сите вакцинирани и плус дополнително корона тест не постар од 24 часа.

Поради падемијата многу натпревари се откажани, токму поради се поголемиот ризик од зараза. Следниот натпревар е заказан во фебруар, но токму поради ова точните услви се уште не се знаат.

Но, едно се знае и од овој следниов, како и од сите до сега сестичките Соколовски без медал нема да бидат

АПЕЛ ЗА ПОМОШ ДО СКОПЈАНИ: Исчезна Љубе Димитревски, семејството трага по него

Се бара лицето Љубе Димитриевски.

-Ве молам за помош, изсчезнат е мојот вујко, Љубе Димитриевски. Здрав е, спортува, често оди на Водно и на кеј. Пријавено е во МВР. Доколку имате информации, сте го виделе во последниве 2 дена, ве молам да ми јавите 070 328 428, стои во алелот на помош објавен на Фејсбук.

90 секунди со Петар: Малиот извидник откри што друго не сака да јаде, освен грашок

Петар се прослави со неговата интересна реакција на изборот на грашок како главно јадење за групата извидници. 

Во изданието „90 секунди“ со Стефонатор, тој открива што би избрал меѓу бургер и бурито, но и дали има друга храна која не ја сака, освен грашокот. 

Погледнете го видеото за да дознаете повеќе:

Страшно: Се урна рудник со злато во Судан, најмалку 31 лице загинаа

Најмалку 31 човек загинаа при уривање на приватен рудник за злато во западниот дел на Судан.

Несреќата се случила на локалитетот Ен Нахуд, во суданската држава Западен Курдуфан.

– По уривањето на рудникот на површина се извлечени телата на 31 човек. Само едно лице е спасено, изјави директорот на рудникот Халед Дахвеј.

Талат и Томе, најпознатото музичко дуо од Ресен до Џепчиште (Видео)

Двајцата омилени ликови од серијата “Преспав”, инспектор Томе и рецепционерот Талат, во новогодишно издание.

Ќе ви се допаднат и ќе ве насмеат. Уживајте во продолжение: