Уште еден македонски зет – поранешниот фудбалер ја запроси девојката на несекојдневна дестинација (ФОТО)

Уште еден спортист кој дојде во Македонија како пропатна станица во кариерата стана македонски зет и ја најде љубовта во нашата земја, објавува Гол.мк.

Колумбиецот Себастијан Херера кој е поранешен член на Работнички, а сега игра за унгарски МТК, ја побара раката на девојката Елена која е од Македонија.

Запросувањето се случи на луксузното туристичко место Гуатапе во Колумбија.

Двајцата се запознаа додека тој играше во нашата земја и беа во врска, а сега влегоа и во брачните води. Пред извесен период тој доби и македонски пасош. Херера беше во Македонија од 2015 до 2020 година.

Македонија е земја на љубовта! Тоа го почувствуваа и Игор Карачиќ, Кристијан Дисингер додека беа во Вардар. Листата е долга…

Три млaди лицa фатени, лoвeлe нeзaкoнcки

Полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар ги лишиле од слобода А.Т.(24), Ф.Х.(22), Х.Х.(24) и Ќ.Х.(26), сите од с.Житоше, општина Долнени, поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“.

При контрола во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Т., а останатите лица била сопатници, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ и застрелано диво животно.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Mијалков излегува од Шутка

Апелацискиот суд ја прифати жалбата на одбраната на Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК, за притворот во случајот „Плацови на Водно“. Се очекува Мијалков денеска да излезе од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари каде што тој ја издржува мерката притвор.

Гаранцијата за тоа дека нема да бега е 11 милиони евра во имот. Оваа гаранција веќе беше понудена и за притворот во случајот „Трезор“. За овој случај Мијалков доби првостепена пресуда од осум години затвор.

Апелацискиот суд за случајот „Трезор“ минатата недела ја прифати гаранцијата и го укина притворот, но истиот ден по итна постапка, за случајот „Плацеви на Водно“, на предлог на обвинителката Лиле Стефанова беше побаран притвор за Сашо Мијалков од 30 дена и веднаш беше прифатен од кривичниот совет на Основниот кривичен суд. И во случајот „Плацеви за Водно“ Мијалков е еден од обвинетите, заедно со Никола Груевски и Орце Камчев.

Тигрите уапсиле арачиновец избеган од затвор, се криел во куќа во изградба во селото

На 29.12.2021 во 11.00 часот, по преземени опсежни мерки и активности во подолг временски период, Оперативен тим потраги, во соодејство со Специјалната антитерористичка единица „Тигар” во куќа во изградба на подрачјето на Арачиново го лишија од слобода О.М.(36) од с.Арачиново, скопско, за кого биле распишани две Централни потерници.

Имено, по наредба од Казнено-поправна установа Идризово, Скопје, тој се барал за доиздржување на затворска казна од 3 години и 14 дена, во врска со чл.215 и чл.396 од Кривичниот законик, за кои бил осуден на казна од вкупно 6 години затвор.

Според наредба од Основен суд Скопје 1 истиот е осуден на 2 години и 6 месеци, во врска со чл.382 од Кривичниот законик.

Во однос на двата централни расписи од МВР, О.М. се барал по член 383 и по член 288 од Кривичниот законик.

О.М. ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Идризово за доиздржување на казна затвор од вкупно 5 години, 6 месеци и 14 дена од вкупната затворска казна од 8 години и 6 месеци на која е осуден.

Папата Франциск : Христијанството во Европа дојде од Македонија (ВИДЕО)

Папата Франциск посвети цела проповед за Македонија, прикажувајќи ја како врата преку која дошло Христијанството во Европа.

На ауденцијата во четвртокот на 30 октомври 2019 година во Ватикан, Папата Франциск зборуваше за моќта на евенгелизацијата, опишувајќи го примерот со покрстувањето на Лидија од Македонија и мисијата на Апостол Павле.

Опишувајќи го настанот, Папата потсети на неговата посета на Македонија и дека Македонците се многу горди на тоа.

Полицајци извлекле тетовец затрупан со возилото во снежните наноси на Галичица

Полициски службеници од СВР Битола на 28.12.2021 во 20.30 часот преку 192 добиле повик за помош од страна на  П.Х.(57) од Тетово. 

Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, П.Х. заглавил со патничко возило „џип“, со албански национални ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење со возила во зима.

Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21.00 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено заглавеното во снег возило, на П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен со возилото и спуштен на безбедно место на главниот пат.

Косовo прогласи ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Собранието на Косово со 57 гласа „за” и 17 воздржани прогласи вонредна енергетска состојба, со што ќе се олесни на Владата да донесе вонредни мерки за ограничување на снабдувањето со енергија.
Со оваа одлука, ограничувањата за снабдување со електрична енергија стануваат законски.

Вонредните мерки ќе важат најмногу 60 дена, но Собранието може да ги продолжи за уште 30.

Тие вклучуваат наметнување ограничувања за снабдување со енергија на потрошувачите и наметнување посебни обврски за енергетските компании, пренесува КоССЕв.

Одлуката предвидува формирање на Итна техничка комисија за утврдување и поднесување препораки до министерот за економија. Оваа Комисија има задача да препорача спроведување на мерки за справување со негативните ефекти врз економијата. По препораките, Министерството треба да објави задолжителни рестриктивни мерки.

Ваквата одлука власта ја оправда со кризата што ја зафати државата, а опозицијата ја обвини власта дека доцни и ги изневерува очекувањата за справување со енергетската криза.

Османи: Бугарија барала да се потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот

Два неприфатливи предлози од бугарска страна за решавање на спорот и деблокада на македонските евроинтеграции добила Македонија минатата година во декември  – откри шефот на дипломатијата Бујар Османи. 

Како што кажа тој на брифинг со новинарите, со двата спорни члена што му ги презентирала тогашната министерка Захариева, се предвидувало земјава да потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата била создадена врз основа на бугарската во обидите за ослободување од Отоманската империја.

Османи рече дека и во 2022 клучно прашање останува надминувањето на спорот, а суштински разговори очекува уште од јануари и посетата на новиот бугарски премиер Кирил Петков..

Според Османи, промената на фокусот на спорот со Бугарија од историски прашања кон човекови права нуди можност за некакво решение. Македонија како што кажа тој, е позната по човековите права, но додаде дека наметнувањето на историски прашања како критериум за договор, не е патот по кој две европски држави треба да преговараат.

Шефот на дипломатијата откри и дека одговорот на пакетот 5+1 бил доставен и до новата бугарска Влада од која се уште не добиле никаков официјален одговор. Одговорот на Македонија како што кажа тој е дека земјава е подготвена до завршување на преговорите со ЕУ да ги вметне Бугарите во уставот. Според Османи, најавите за можно одвојување на Македонија и Албанија се штетни, но додаде дека доколку не се најде излезно решение со Бугарија и доколку не се одржува притисокот од земјава кон Брисел, постои опасност спорот да премине во замрзнат конфликт.

БЕГ бара поскапување на парното од 300 отсто

Драматични вести доаѓаат за корисниците на парно греење во Скопје.

Балкан Енерџи Груп бара цената на парното да се зголеми за 300 отсто веќе од први јануари следната година, дознава и пренесува порталот „Фактор“.

Во барањето кое го доставиле до Регулаторната комисија за енергетика тие наведуваат дека цената на гасот им е драстично зголемена, односно токму за 300 проценти, во однос на јули минатата година кога РКЕ ја донесе последната одлука за цената на топлинската енергија.

Колкаво зголемување ќе одобри РКЕ не е познато, но укажуваат дека земјава нема домашно производство на гас и тој се набавува единствено од увоз, а цената на светските берзи е драматична.  

Официјално од Регулаторната комисија за енергетика велат дека колку точно ќе поскапи парното ќе се знае кога БЕГ ќе достават докази за тоа по која цена ќе го склучат договорот за набавка на гас за следниот период. Барањето на БЕГ сега им е вратено, а за зголемувањето ќе се одлучува кога ќе се достават бараните докази од страна на регулаторот. 

Експлицитни видеа и фотографии на девојки од Македонија- повторно се отвора „Јавна соба“ на Телеграм

На социјалната мрежа Телеграм повторно е отворена нова група „Јавна соба“ во која се споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјалните мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија, објави Телма.

Групата за еден ден брои 219 членови, а досега се споделени 61 фотографија и 14 видеа.

Скандалот со „Јавна соба“ беше обелоденет минатата година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групата на социјалната мрежа Телеграм.

Тогаш групата беше затворена, но во јануари годинава повторно беше отворена нова група. ОЈО во месец април по силни реакции во јавноста, поднесе обвинение прототив две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија.

Од Основниот кривичен суд – Скопје за Телма кусо одговорија дека утре продолжува судењето за случајот „Јавна соба“ против двајца обвинети лица.