Ексградоначалникот на Ѓорче Петров по кафани на општинска сметка и по заминувањето од функцијата

Седум денa по заминувањето од градоначалничката функција во општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски на општинска сметка се гоштевал во кафеана, пишува порталот А1он од каде дошле и до сметката, на која пишува дека е направена на 3 ноември, односно седум денa откако тој ја напушти функцијата и беше верифициран мандатот на новиот градоначалник.

И фактурата е издадена истиот ден. Во Општина Ѓорче Петров пристигнала по 15 денa.

Фактурата изнесува 21.510 денари, а сметката е долга со 32 артикли.

Се мезело таратур, тиквички со павлака, биено сирење на скара, македонска салата, апетисани. Се јадело прасечко, димен лут колбас, плескавици, пилешко, пица, сирење. На општинска сметка по истекот на мандатот се пиело по неколку жолти ракии, мастики, уза, вина, пива и еден сок од портокал. 

Целиот текст и фотографии од сметката на А1он

Цеца проговори за деновите во затвор – бубашвабите ми правеа друштво, а не им верував на очите што имаше испишано на ѕидовите од ќелијата

Пејачката Цеца Ражнатовиќ беше уапсена во 2003 година по убиството на Зоран Ѓинѓиќ, одведена во Централниот затвор и ставена во самица во рамките на полициската акција „Сабја“. Таму поминала три месеци, постојано грижејќи се за децата. Таа откри низ какви искушенија поминувало нејзиното семејство во тие денови и со што се соочувала.

Во мојата куќа упаднаа дури 150 полицајци. Немаше потреба од тоа, можеа да ме поканат да дојдам во станица! Тие потпреа четири долги цевки на слепоочница на Анастасија. Таа имаше само четири години. Додека се случуваше сето ова мислев само на неа и на Вељко. За среќа, моите родители успеаја да ги спречат да слушаат лаги за мене. Таса и Вељко со години веруваа дека сум била на турнеја низ Америка 121 ден – изјави Цеца која се сеќава на првата вечер во затвор.

– Беше страшно, не можев да ги затворам очите, само плачев. Триесет дена бев во самица, без право на посета, менза, адвокати и сонце. Друштво ми правеа бубашвабите. Во ќелијата имаше кревет, маса и клупа, а на ѕидовите беа испишани стихови од моите песни. Се сеќавам кога го видов тоа, си помислив: „Боже, каква иронија!“ После еден месец добив цимер, па имав со кого да разговарам и да плачам.

Таа раскажува и дека децата и преживеаја голгота поради акцијата.

-После излегувањето од затвор, секој ден ги запираше интервентна полиција и ги вадеше од автомобилот. Синот не можеше да се запише во училиште затоа што имаше документ дека не бил подобен да се врати меѓу другарите во забавиште затоа што мајка му била апсена во „Сабја“. Тоа е дискриминација – заклучи Цеца.

Таа беше ослободена без да и биде покренато обвинение.

Овие работи никако не смеете да ги подарите за Нова Година, носат негативна енергија

Иако можеби имате добра намера, сепак постојат предмети за кои се веруваме дека не треба да ги подарувате.

Некои од нив привлекуваат негативна енергија, друг неуспех.

Овие подароци не треба да ги подарувате за Нова година:

Остри предмети

Ножици, ножеви и други остри предмети како магнет привлекуваат негативна енергија. Може да си ги купите самите на себе, но како подарок за други сепак не.

Огледало

Се верува дека во огледалата е заробена магија и дека поради тоа не треба да се купуваат за подарок. Наводно, подарено огледало носи несреќа за оној кој ќе го добие.

Часовник

Според народните верувања ако се случи часовникот да застане, може да донесе несреќа. Најдобро е да избегнувате ваков подарок.

Паричник

Паричник може да подарите, но важно е да не биде празен. Во тој случај, лицето на кое ќе му го подарите секогаш ќе има проблеми со парите.

Садови

Ако сакате да подарите тенџере, тава или чаши во секој сад ставете во една парична. Празните садови носат сиромаштија.

Пленковиќ си доби ТОПКА СНЕГ, го исвиркаа во Петриње (ВИДЕО)

Два дена откако премиерот Андреј Пленковиќ во Вараждин забележа дека реконструкцијата на уништените згради во Банија и Загреб требало да оди побрзо, тој лично во Петриња се убеди дека граѓаните се согласуваат со него.

Со свирежи и извици „сакаме обнова“ и со гаѓање со снежна топка, насобраните граѓани му ставија до знаење дека од него и од неговите соработници не бараат длабинска анализа и коментари, туку конкретни резултати.

Ако очекуваше транспаренти за поддршка на кои ќе пишува „Благодарам за Законот за обнова“, „Благодарам за измените на Законот за обнова“, „Премиере, ја поддржуваме вашата анализа“, „Да живееме уште една година во контејнери“ , Пленковиќ или сериозно ја потцени интелигенцијата и трпението на луѓето или го прецени шармот на својот тим.

Наместо Банија да ја претворат во градилиште, успеаја само да донесат лош закон

Една година по земјотресот околу студените контејнери и уништените куќи, државниот врв ечеше: прво претседателот Зоран Милановиќ, кој не е надлежен за обнова, па се појави само за да не му биде многу монотон работниот ден, а потоа првиот човек во владата. Тој и неговиот тим требаше да ја претворат Банија во градилиште, а досега успеаја само да го донесат Законот за обнова и да го сменат неколку месеци подоцна бидејќи беше лош.

Наместо тимови градежници, првиот човек на власта се испрати од урната зона со грст топли уверувања за ефикасноста на неговите соработници:

„Напоменуваме дека нема сегмент во кој не се преземени активности за помогне во функционирањето на животот во Бановина“.

Прекрасно, ама луѓе знаете какви се, сакаат тули, бетон, покрив, паркети, топлинска изолација, а не ново флертување на премиерот со Мечката. Нивната топла политичка љубов, имено, очигледно никого нема да стопли во монтажни куќи.

Исто како зборовите на министерот за градежништво Дарко Хорват:

„Во времето на земјотресот бевме свесни дека сме административно комплицирана земја. Усогласувањето на законодавната рамка, создавање добри и квалитетни правила на однесување и потоа нивно спроведување е навистина обемна постапка“.

Паско Кузман: До мојата 111-та година треба да завршам неколку книги и да го најдам гробот на Александар Македонски

До мојата 111 година треба да завршам уште неколку монографии за археологијата во Македонија, да го завршам мојот роман и, се разбира, да го откријам гробот на Александар Македонски, вели по неколкугодишен молк во јавноста во интервјуто за МКД.мк и Рес публика Паско Кузман, познатиот македонски археолог, кого колегите сѐ уште го поврзуваат со ренесансата на македонската археологија, а политичарите со антиквизацијата.

А тој вели дека само сака хаосот да го претвори во хармонија. „Тоа ми е животна преокупација. Тоа го правам и по дома, средувам, од хаосот во кујната правам хармонија, од хаосот на една археолошка сонда на Самоиловата тврдина, во почетокот кога сѐ е измешано, слоеви, на колегите им велам дека ова мора да биде средено, чисто како солза, да се гледаат сите слоеви, основата да е чиста, во гробот сите коски да се чисти… Тоа е една моја археолошка опсесија. Тоа го сакам и во општеството. Тоа што во македонските слоеви најмногу ја има антиката, тоа е затоа што таа била најсилна токму на оваа територија. И тоа нема врска со нечие потекло. Овој хаос треба да се претвори во една хармонија и да се приближиме до совршенството што никогаш не се постигнува“, вели Кузман, кој и на 74 години и натаму е ведар и полн со енергија и желба да копа по македонската почва и да го истражува дното на Охридско Езеро.

Што прави денес Паско Кузман, како пензионер?

– Од 24 часа во денот, спијам шест часа, а другото време, помалку или повеќе, пишувам археологија и роман.

Што поточно?

– Работам на монографијата за Самоиловата тврдина, која ја работиме веќе подолго време и сега треба да излезат некои нови резултати. Потоа за Плаошник, еден каталог на сите наоди и по трет пат ја привршувам книгата за подводната археологија на Охридско Езеро. Книгата се вика „Пенелопа и трите заливи“. Оваа книга еднаш беше завршена, па не се отпечати, немаше пари, поточно не ми ја печатеа, потоа вторпат ја проширив и сега третпат ја проширувам и наскоро треба да излезе од печат. Тоа се трите најголеми работи, археолошки книги на кои работам, моите три најголеми работи.

Целото интервју на Республика

Мијалков излезе од Шутка со насмевка: „Не бегам бе, зошто да бегам?“ (Видео)

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, пред околу половина час излезе од Истражниот затвор во Шуто Оризари.

Тој беше експресно пуштен откако претходно денеска Апелацискиот суд му го укина притворот кој му го определи Кривичниот совет минатата среда за предметот „Плацови на Водно“.

На излегување вечерва тој кратко им изјави на насобраните новинари: „ „Не бегам, зошто да бегам?“

Како гаранција дека нема да бега Мијалков на државата ѝ понуди имот во вредност до 11 милиони евра.

Костова: Што и фали на горната слика? (Фото)

Статус на денот:

Што фали на горната слика? За почеток, 22 маски. Ако ја споредиме со долната, на сите нас ни фали мозок – напиша Миа Костова познатата македонска водителка и инфлуенсерка.

Филипче со слика за Заев за тоа што помогнал здравствените работници да ги направат „повторно горди“

Министерот за здравство Венко Филипче му се заблагодари на премиерот во оставка Зоран Заев за помошта што му ја дал на здравствениот сектор за време на епидемијата од Ковид-19, подарувајќи му слика на церемонијата на доделување признанија.

„До претседателот на Владата упатувам благодарност за поддршката што ја даде на здравствениот систем и на здравствените работници. Му благодарам што не кажа не за барањето за која било инвестиција во здравството. Благодарен сум што успеавме со негова помош здравствените работници да ги направиме повторно горди и ценети во нашето општество“, рече Филипче во обраќањето.

Во скопската зоолошка градина се роди ново бебенце – редок вид белорак гибон, за неговата сестра неодамна пишуваше целиот свет (ФОТО)

Зоолошката градина во Скопје објави дека во нивното животинско царство се родило уште едно бебенце, станува збор за редок вид белорак гибон.

-Во Зоо Скопје, на мама Бетка и тато Џорџ им се роди уште едно бебенце од видот белорак гибон 😍

Полот се уште не го знаеме бидејќи не сакаме да ја вознемируваме мама, а бебето има и постара сестричка-Софи, која се роди пред околу две години и за која пишуваа сите светски медиуми, токму поради фактот што гибоните се еден од најзагрозените видови и носењето подмладок на свет е реткост и во природата и во зоолошките градини.

Белораките гибони во природата се загрозени на повеќе начини: најприсутна закана е губитокот на нивните живеалишта, односно масовната сеча на дрва, изградба на патишта, земјоделски активности, туризам, шумски пожари, неконтролирано уништување на шумите, изградба на нови села и насади на маслодајни палми…

Се надеваме дека светот нема да дозволи повеќе овој вид да биде загрозен 🙏

Да ни е живо и здраво новото бебенце гибон ❤️, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Пoчинaти coпpyжници извaдeни од peкaтa Paдикa

Гостивар, 29 декември 2021 (МИА) – Две лица се извадени од водите на реката Радика, откако попладнево било пријавено дека автомобил паднал во реката. Според првичните информации, станува збор за брачен пар од селото Житинани, општина Центар Жупа.

Од СВР Тетово информираат дека попладнево околу 14 часот било пријавено дека во близина на Скудрињски мост по патниот правец Маврови Анови-Дебар во Радика било забележано патничко моторно возило. Набрзо на терен излегле полициски службеници од полициското одделение Ростуше кои констатирале дека станува збор за „југо“ со дебарски регистарски ознаки и дека во нив имало две лица. По доаѓањето на противпожарната единица и првата помош од Дебар, било констатирано дека во возилото имало две починати лица.

По извршениот увид од страна на увидна екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител било констатирано дека станува збор за сопружници маж на 63 годишна возраст и жена на возраст од 60 години од селото Житинани.

Јавен обвинител дал наредба за обдукција врз телата по што ќе се утврди причината за нивната смрт, а ќе се трага и по причините кои довеле до трагичниот настан