Потврден првиот случај со OMИKPOH во Струга

Струга, 30 декември 2021 (МИА) – Потврден е првиот случај со омикрон, новиот сој на Ковид – 19 во Струга, информира за МИА епидемиологот од Центарот за јавно здравје Јованка Струлакова – Коровешоска.

Се работи за асимптоматски случај кај повозрасно лице, вакцинирано со две дози „Фајзер“.

-Лицето во моментот е во изолација. ПЦР тест правеше пред една недела заради патување во странство. Во текот на скринингот излезе дека е позитивен на Ковид – 19, а денеска добивме потврда дека се работи за новиот сој омикрон, изјави Струлакова – Коровешоска.

Според анкетниот лист, посочи дека лицето не знае од каде се заразило, а како контакти ги навел членовите од потесното семејство

ФОТО: Најубавото девојче на светот порасна – сега има 20 години и е милионерка

Девојчето со впечатливите сини очи стана ѕвезда во модната индустрија, а денес Тилен Блондо има 20 години и работи како манекенка.

Глумицата и пејачка Тилен Блондо порасна пред очите на јавноста и нејзиното деби на јавната сцена беше исклучително контроверзно бидејќи како 10-годишно девојче се појави на страниците на Вог нашминкана и со штикли.

На шест години била прогласена за најубаво девојче на светот, а на 15 години го оствари своето актерско деби во “Belle & Sebastian: The Adventure Continues”.

Како таа изгледа сега:

Нејзиниото богатство се проценува на четири милиони долари, а моментално ужива на плажите на Мајами со своето момче Би Атал.

МАРИЈА СКРШИЛА ЧАША СРЕД ЕМИСИЈА! Хаос во Ѕвездите на Гранд, цело студио на нозе, еве зошто… (Видео/Фото)

Ова ќе биде дефинитивно една од најгледаните емисии.

Членовите на жирито “Ѕвездите на Гранд“ посебно се опуштиле во новогодишната епизода.

Имено, Марија Шерифовиќ во еден момент, на песната “Јутро је“, скршила чаша, со што предизвикала овации во студиото.

Сите членови на жирито, заедно со водителката, заиграле оро и направиле несекојдневна атмосвера во студиото, а судејќи по најавата, ова дефинитивно ќе биде една од најинтересните емисии.

Во Кавадарци Дедо Мраз и Баба Мразица слетаа со хеликоптер (Видео)

Директно од Лапонија денеска на пладне на игралиштето на спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци со хеликоптер слетаа Баба Мразица и Дедо Мраз.

Намилите гости донесоа голема радост за учениците од прво до петто одделение.

Дедо Мраз и Баба Мразица заедно аедно со градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на советот д-р Стојанчо Рамов им ги поделија новогодишните пакетчиња и им посакаа среќна нова година.

Видео:

Во Србија по 100 евра за сите млади од 16 до 30 години

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на годишната прес-конференција која се одржа денеска најави парична помош за сите млади на возраст од 16 до 30 години.

„Подготвивме мерка за сите лица на возраст од 16 до 30 години која брзо ќе се спроведе“, рече Вучиќ, а пренесува Нова.рс.

Пријавувањето за оваа мерка ќе започне на 15 јануари и ќе трае до крајот на месецот.

„Оние кои ќе аплицираат треба да имаат сметка во банка, а парите ќе бидат на сметката околу 1 февруари“, објасни Вучиќ.

Тој потсети и дека здравствените работници околу 15 јануари ќе добијат еднократна помош од 10.000 динари (околу 85 евра), а на 10 февруари на пензионерите ќе им бидат исплатени 20.000 динари (околу 170 евра).

„Тоа е голема помош за околу 2,9 милиони луѓе“, нагласи српскиот претседател, додавајќи дека Владата може да го направи тоа поради добрата состојба на јавните финансии.

Понатаму, Вучиќ најави дека од 1 јануари за прво дете луѓето ќе добиваат еднократна помош од државата од 300.000 динари (околу 2.551 евро), наместо досегашните 100.000 динари (околу 850 евра).

„Ќе има и поволности од 100.000 динари за второ, а за прв пат и за трето дете“, додаде Вучиќ.

Тој смета дека комбинацијата на стари и нови мерки ќе биде важна за посиромашните слоеви на општеството и ќе помогне да се развие свеста дека нема иднина без деца.

Претседателот на Србија посочи дека државата ќе биде подготвена и за помош при купување на недвижен имот од 10 до 50 отсто.

Ајде, ајде дур сме млади – Јелена од Преспав со хитче (Видео)

„Ајде, ајде дур сме млади. Ноќва нека гори Балкан. Слушнете го најголемиот новогодишен хит и подгответе се за најлудата ноќ. 31.12 во 21 часот на МРТ1. Нек` гори Балкан“, порачаа од екипата на „Преспав“.

Новогодишната епизода е на МРТ со почеток во 21 часот.

Видео:

Каква новогодишна честитка – СТРУЈАТА од 1 ЈАНУАРИ ПОСКАПУВА за 9,48 проценти

Од 1 јануари струјата ќе биде поскапа за 9,48 проценти, информираше претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.

Исто така, донесена е одлука за укинување на дневната евтина тарифа. Но, останува евтина струја навечер и во недела. Според Бислимсоки, ако не се донесела одлука за укинување на дневната евтота тарифа, поскашувањето на струјата ќе беше 14,23 отсто.

Од денеска повторно е пуштена жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст

Од денеска повторно е пуштена жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст на Водно. Жичницата не работеше од лани во март поради пандемијата на ковид-19. Како што велат од ЈСП „Скопје“, изработен е протокол за работа според кој во една кабина ќе може да се возат само 4 лица, што е половина од капацитетот.

„Изминатиов период се завршени сите неопходни процедури за пуштање на жичницата во функција од технички и безбедносен аспект. Во изминатиов период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од Државен инспектор за жичници, како и редовен технички преглед. Жичницата е повторно функционална и скопјани можат да ја користат“, рече директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски.

Од сабота ќе бидат пуштени и бесплатните автобуски линии 25А и 25Б кои ќе возат до Средно Водно, а беа воведени со цел да се дестимулира одењето со коли на планината.

Жичницата ќе работи секој ден освен секој понеделник и последниот вторник во месецот. Автобуските линии за време на викенд и за државни празници се бесплатни за сите категории патници. Дозволен е превоз на домашно милениче куче со мал и среден раст и превоз на куче придружник на лицата со хендикеп.

Даниловски: Вирусот е во паника, за 6 месеци ќе се сведе на „питомо маче“

Епидемиологот д-р Драган Даниловски вели дека вирусот е во „паника“ и дека сите ќе го поминеме.

Неговите очекувања се дека вирусот за околу шест месеци ќе се сведе на „питомо маче“.

-Вирусот е во паника, апсолутно веќе не важи ни вакцината сите ќе го поминеме, за очекување е дека за околу шест месеци тој ќе се сведе на „питомо маче“, ноктите ќе му се истапат и тој ќе битисува одредено време како ендемски жител меѓу нас, кажа Даниловски во Клик Плус.

Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил

Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Јерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото Писмо.

Сиот предаден на Бога, светиот Даниил од раната младост од Бога доби дар на голема прозорливост. Неговата слава меѓу Јудејците во Вавилон започна кога ги изобличи двајцата похотливи и неправедни старци, еврејски судии, и ја спаси од неправедна смрт целомудрената Сосана (Сузана). А неговата слава меѓу Вавилонците започна од оној ден кога му го погоди и протолкува сонот на царот Навуходоносор.

За ова царот го направи кнез на својот дворец. Кога царот направи златен идол во полето Деира, тројцата младенци не сакаа да му се поклонат на идолот, заради што беа фрлени во огнена печка. Но, им се јави ангел Божји во печката и го разлади огнот и младенците шетаа низ печката неповредени од огнот и пееја: „Благослвен Си Господи на нашите отци“.

Царот го виде ова чудо и го опфати ужас. Ги изведе младенците од печката и ги опсипа со големи почести. Во времето на царот Валтазар, кога на една гозба царот јадеше и пиеше со своите гости од осветените садови земени од ерусалимскиот храм, невидлива рака на дуварот напиша: „мани, текел, фарес“. Тие зборови освен Даниил никој не можеше да ги протолкува. Таа ноќ царот Валтазар беше убиен. Заради верата во живиот Бог Даниил беше фрлан во лавовска јама давапати.

И двата пати Господ го избави и го сочува жив. Тој Го виде Бога на престолот со ангелските сили, гледаше ангели, проникнуваше во иднината на некои луѓе, царства и на севкупниот човечки род, го прорече времето на доаѓањето на Спасителот на земјата.

Според свети Кирил Алкесандриски Даниил и тројцата младенци доживеаја длабока старост во Вавилон и беа убиени со меч заради вистинската вера. Кога го убија Ананиј, Азариј ја спростре својата облека и ја прими неговата глава; потоа Азариината глава ја прими Мисаил, а Мисаиловата Даниил.

Ангел Божји ги пренесе нивните тела во Јудеја, на гората Гевалска и ги положи под камен. Според Преданието, овие четворица Божји угодници во времето на смртта на Господ Христос станаа и им се јавија на мнозина, па повторно заспаа. Даниил се вбројува меѓу четворицата големи Пророци (Исаија, Јеремија, Језекил и Даниил). Живееше и пророкуваше половина милениум пред Христа.