Светиот маченик Севастијан, вojникoт кој ја утврди верата со мачеништво

Овој Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда.

Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во верата и ги охрабри за мачеништвото.

Кога им велеше да не се плашат од смртта за Христа, неговото лице заблеска и сите ја видоа неговата светлина како на лице на Ангел Божји. Севастијан го потврди словото со чудотворство: ја исцели од немост Зоја, жената на затворскиот стражар Никострат, која беше нема шест години и ја приведе кон Крштение неа и сиот дом на Никострат; ги исцели двајцата болни синови на војводата Клавдиј и го приведе кон Христа Клавдиј и сиот негов дом; го исцели од единаесетгодишна подагра и ногоболка Транквилин, таткото на Марко и Маркелин и го приведе кон Крштение заедно со сиот негов дом; од истата болест го исцели епархот Хроматиј и него и неговиот син Тивуртиј ги приведе кон Господ Христос.

Од нив прва пострада Зоја, којашто ја фатија како Му се моли на Бога на гробот на светиот апостол Петар. После мачењето ја фрлија во реката Тибар. Тогаш го фатија Тивуртиј, пред кого судијата постави жар и му рече да избере меѓу животот и смртта, да фрли темјан врз жарот и да ги покади идолите или самиот да застане бос на жарот. Тивуртиј се прекрсти и застана на жарот босоног, но остана неповреден.

Потоа го убија со меч. Никострат го убија со стап. Транквилијан го удавија во вода. Марко и Маркелин ги мачеа и ги избодоа со копја. Тогаш го изведоа Севастијан пред царот Диоклецијан. Царот го укори за предавство, но тој рече: „Јас секогаш Го молам мојот Христос за твоето здравје и за мир во Римското царство“.

Царот нареди гол да го стрелаат со стрели. Војниците стрелаа дотогаш додека целото тело на маченикот не го прекрија со стрели, па повеќе и не се гледаше од стрелите. И кога сите мислеа дека е мртов, тој се јави наполно жив и здрав. Тогаш незнабошците го убија со стапови. Славно пострада за Христа во 287 година, во времето на царот Диоклецијан и Римскиот епископ Гај.

Карпошани внимавajте: Маниjaк пpecретнал девојче пред училиште во Карпош, го дoпиpaл и му покажувал пopнoфoтoгpaфии

Во вторникот околу 16 и 40 часот возрасен маж пресретнал девојче во близина на основно училуште во општина Карпош и од мобилниот телефон му покажувал порнофотографии, а потоа и го допирал по телото. Девојчето го пријавило случајот во полиција следниот ден.

Според информации на Република, се работи за основното училиште „Владо Тасевски“.

Инцедентот се случил во близина на училиштето, не во дворот, велат за Република од општина Карпош.

Од МВР го потврдуваат случајот, и работат на негово расчистување.

На 29 декември во 19.20 часот било пријавено дека 28.12.2021 околу 16.40 часот на подрачејето на Карпош во близина на основно училиште едно лице од својот мобилен телефон прикажало порнографски фотографии на малолетничка и ја допирало по телото. Се работи на расчистување на случајот, вели портпаролката на МВР Лиза Бендевска за Република

Протест на историчари од Белград, Загреб, Љубљана… против бугарската злоупотреба на македонската историја

Наметнувањето „историски вистини“ е неприфатливо и опасно. Создавањето на македонската нација не се разликува од начинот на кој се создадени сите други нации, а правото на самоопределување е основно човеково право, пишува во писмото на група историчари од Србија, Босна, Хрватска, Словенија и Црна Гора, кои бараат од ЕУ да реагира на злоупотребите на историјата од страна на нејзина членка.

Конфликтите околу историјата и историските симболи повторно се важно политичко прашање во Југоисточна Европа. Во последните месеци, владата на Република Бугарија се закани дека ќе го блокира почетокот на преговорите меѓу Брисел и Скопје, барајќи од Северна Македонија да ја прифати „историската вистина“ дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени и дека македонската нација е создадена од Тито и Коминтерната.

Тргнувајќи од ставовите изразени во Декларацијата „Да ја одбраниме историјата“, ние, потписниците на ова писмо, изразуваме протест и осуда за овој случај на историски ревизионизам и злоупотреба на историјата за политички цели. Сметаме дека ваквиот пристап е опасен не само за историјата како хуманистичка дисциплина, туку и за демократијата и просперитетот на регионот, но исто така и на самата Европска Унија. Наметнувањето „историски вистини“ е неприфатливо и опасно. Создавањето на македонската нација не се разликува од начинот на кој се создадени сите други нации, а правото на самоопределување е основно човеково право.

Затоа бараме од историчарите во Северна Македонија и во Бугарија, но и во сите земји во регионот, да бидат професионални и да се спротивстават на злоупотребите на нивната дисциплина. Бараме од политичарите да водат одговорна политика, да не ги поддржуваат историчарите што разгоруваат националистички конфликти и да не вршат притисоци што доведуваат до фалсификување на минатото. Од европските институции и држави бараме да реагираат на злоупотребите на историјата, почитувајќи ги основните принципи на Европската Унија, кои деновиве на Балканот и во Европа се загрозени, како што се различноста, антифашизмот и демократијата. Европската Унија е создадена како лек против лошите искуства од минатото и затоа не смееме да дозволиме со искривување на историјата да се уништуваат принципите врз кои се темели идејата за обединета Европа.

Ние, потписниците на ова писмо, им даваме поддршка на интелектуалците и историчарите во Северна Македонија и Бугарија што отворено се спротивставуваат на политичките притисоци и се борат да ја заштитат својата професија и професионалните стандарди. Само солидарно можеме да ги надминеме сериозните пречки што стојат пред нас!

18 ноември 2020 година

Проф. д-р Дубравка Стојановиќ, Универзитетот во Белград

Проф. д-р Хуснија Камберовиќ, Универзитетот во Сараево

Проф. д-р Твртко Јаковима, Универзитетот во Загреб

Проф. д-р Божо Репе, Универзитетот во Љубљана

Доц. д-р Аднан Прекиќ, Универзитетот на Црна Гора

Д-р Сњежана Корен, Универзитетот во Загреб

Д-р Миливој Бешлин, Универзитетот во Белград

Проф. д-р Дамир Агичиќ, Универзитетот во Загреб

Доц. д-р Бранимир Јанковиќ, Универзитетот во Загреб

Проф. д-р Момир Самарџиќ, Универзитетот во Нови Сад

Д-р Олга Манојловиќ Пинтар, Институтот за поновата историја на Србија, Белград

Проф. д-р Хрвоје Класиќ, Универзитетот во Загреб

Проф. д-р Радина Вучетиќ, Универзитетот во Белград

Д-р Срѓан Милошевиќ, историчар, Белград

Д-р Александар Р. Милетиќ, историчар, Институт за поновата историја на Србија, Центар за историски студии и дијалог, Белград

Вељко Станиќ, историчар, Белград

Петар Жарковиќ, историчар, Белград

МКД.мк

Професионална швалерка – СПИЕЛА СО 130 ОЖЕНЕТИ, најмногу работа има за празниците (ФОТО)

Гвинет Ли (49) од Лондон работи како професионална љубовница. За неа тоа е начин на заработка, но колку што е заинтересирана, тоа е и нејзиниот начин на живот.

Со работата започнала уште додека била во брак, пред смртта на сопругот, откако открила дека ја изневерувал со многу жени, па решила да го стори истото. Откако тој починал, таа сфатила дека не сака повторно да се омажи, туку дека сака да продолжи да спие со многу мажи, кои мора да исполнуваат еден услов – да се во брак.

Најмногу ги запознава на Интернет и потоа ја почестуваат со скапи подароци, патувања …

Таа откри дека токму во овој период од годината, за време на божиќните и новогодишните празници, има најмногу работа.

Вели дека спиела со 130 оженети мажи и дека тие за празниците ја бараат затоа што знаат дека тогаш ќе бидат затворени со семејството и дека на ова гледаат како разонода, не дека сакаат да се разведат.

Вечер.мк

Заев вели успеале да спречат драстично поскапување на електричната енергија

Во услови на светска енергетска криза, успеавме да спречиме драстрично поскапување на електричната енергија од над 25 проценти и да го активираме домашното производство за ублажување на ценовниот шок. Цената на електричната енергија на универзалниот снабдувач – ЕВН ХОУМ за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе биде покачена за 9,48 проценти во однос на претходниот пресметковен период, како што информираше Регулаторната комисија за енергетика, објави премиерот Зоран Заев.

Заев, исто така, посочува дека се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела.

– Солидарност на сите чинители на електро-енергетскиот сектор, редуцирање на трошоците и штедење е од голема важност. Рестрикции на електрична енергија нема да има. Сите домашни капацитети за производство на струја се во функција на успешно соочување со енергетската криза. Во моментов има доволно обезбедени количини на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за РЕК Битола за работа со два блока. ТЕЦ Неготино веќе е вклучен со половина капацитет, од јануари ќе работи со полн капацитет, а од јануари ќе биде вклучен и третиот блок на РЕК Битола, објави на својот Фејсбук профил Заев.

Сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат обезбедени од домашно производство, односно без увоз.

– На денешната седница Владата на предлог на Министерство за економија обезбеди 60 милиони денари финансиска поддршка со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година. За првпат се воведува парична помош за најранливите категории на лица со ниски примања, кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон, пишува Заев.

Состојбата, посочува Заев, се следи и со сите релевантни чинители се донесуваат решенија во интерес на граѓаните, со цел ублажување на ефектите од светската енергетска криза.

Скопјанка, сопруга на политичар, се фрлила од зграда во Чаир

Скопјанка, сопруга на политичар извршила самоубиство, фрлајќи се од зграда во Чаир, пренесува порталот 24 Инфо.

Од МВР потврдија дека е пријавен случајот, но согласно договорот со Здружението на новинари на Македонија не даваат инфирмации.

Трагедијата се случила околу 17.30 часот на улицата Лазо Трповски кај “Маркет Принц”.

Како што изјавија очевидци, жената се фрлила од  5 -ти кат и паднала врз автомобил “Голф”.

Средношколките во Скопје ќе добиваат бесплатни ментруални влошки

Средношколките во училиштата во Скопје под надлежност на Градот ќе добиваат бесплатни менструални производи. Во буџетот за наредната 2022 година за оваа намена ќе бидат предвидени 2 милиони денари (32.000 евра), откако на вчерашната расправа за буџетот беше прифатен амандманот на советничката во Советот на Град Скопје од редовите на ДОМ Теодора Крстевска.

„На седницата на која се гласа буџетот на Град Скопје за 2022 година, од моја страна беа предложени 4 амандмани, од кои еден беше изгласан за, а останатите 3 беа изгласани против. 2 милиони денари ќе бидат наменети за обезбедување на бесплатни хигиенски менструални производи за девојчињата во средните училишта во годишните јавни набавки за хигиенски производи и со тоа ќе се ублажи проблемот со менструалната сиромаштија. Од јануари 2022 година, секое девојче ќе може нормално да функционира за време за менструалниот циклус“, напиша Крстевска на својот фејсбук профил.

Македонија се наоѓа високо на листата на земји кои не успеваат да управуваат со менструалната хигиена. Петнаесет отсто од девојчињата во земјава користат весници наместо хигиенски влошки за време на менструалниот циклус, поради високата цена на средствата за лична хигиена, покажа истражувањето на здружението Новинари за човекови права и Институтот за јавно здравје.

Истражувањето покажува дека во Македонија нема ниту едно основно училиште или средно училиште во кое тоалетите се адаптирани за управување со менструална хигиена. Во Македонија 90 отсто од ученичките во руралните средини не одат на училиште 4 до 5 дена кога имаат месечен циклус, додека 75 отсто од ученичките во урбаните средини изостануваат 2 до 3 дена поради истите причини. Истражувањето покажа дека 19 отсто од девојчињата воопшто не купуваат никакви средства.

Жената во Македонија во текот на својот живот троши осум месечни плати само за трошоци поврзани со менструални производи и лекарства за менструална болка, покажуваат резултатите од студијата за пристапот до менструална хигиена во Македонија насловена „Менструална правда: проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките“, промовирана минатиот месец, објавува СДК.мк

УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ, ПА ИЗБЕГАЛ – драмата продолжила низ скопските булевари, бегале поради тоа што го криеле во автомобилот!

На 29.12.2021 околу 23.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Д.(28) и Д.М., двајцата од Скопје.

При контрола на патничко возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, во с.Бразда, скопско, кое го управувал М.Д., а Д.М. бил сопатник, М.Д. го стартувал возилото и удрил полициски службеник, кој извршувал службени дејства.

Набргу потоа, возилото било сопрено на ул.„Јадранска магистрала“ и при преглед кај двете лица била пронајдена прашкаста материја.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тони Михајловски се сели од Македонија: На 54 години ќе ми се исполни таа желба

Актерот Тони Михајловски преку статус на Фејсбук напиша дека се сели од Македонија.

-На 54 години прв пат ми дојде желба да си заминам, да ја напуштам Македонија. И најверојатно ќе си ја исполнам таа желба, стои во неговиот пост на Фејсбук.

БМВ-то би ти го простил ама ова не можам – Cрпcкa cтapлeтa доби на поклон Mepцeдec Г клaca (Фото)

Српската старлета Ана Корач сега за новогодишен поклон доби Мерцедес Г класа кој чини стотици илјади евра.

Таа пред само неколку месеци доби исто на поклон црвено БМВ и за нејзе и за кучето.

Корач не открива од кого е поклонот туку само напиша дека е од нејзиниот дечко чиј идентитет не го открива.

Таа доби бројни коментари на Инстаграм за подарокот, за кој некои од фановите велат дека не и го простуваат 🙂