Connect with us

Македонија

Имаме нов рекорд на македонските патишта – ЛЕТАЛ со 224 км/ч!

Published

on

На автопатот Штип – Свети Николе вчераутро 25-годишен возач го соборил рекордот на брзина снимен со дигитално броило: иако на тој дел од патот максималната дозволена брзина е до 130 километри на час, младиот возач возел со 224 км/ч.

Сообраќајната полиција успеала да го запре и да го казни. До Нова година, рекордот поставен од полициските броила беше 210 км/ч.

Брзиот возач кој „летал“ од Штип до Свети Николе е еден од вкупно 407 возачи кои се движеле над дозволената брзина и ги прекршиле безбедносните норми за другите учесници во сообраќајот, соопшти МВР.

„Од нив, 86 возила се движеле со брзина над 50 км/ч над дозволената, а 26 возила со над 70 км/ч повеќе од дозволената. Вкупно 119 возачи ја пречекориле дозволената брзина во населено место и 288 надвор од населено место“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Македонија

Божиновска: Силно партнерство со САД за енергетски одржлива иднина

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари конструктивна средба со амбасадорката на САД, Н.Е. г-ѓа Ангела Агелер.

Во рамки на средбата, беше потенцирана заедничката посветеност кон унапредување на соработката меѓу двете земји во клучни области како енергетската безбедност и одржливиот развој. Разговорите се насочија кон:

🔹 Енергетска безбедност – зајакнување на инфраструктурата и обезбедување стабилност на енергетскиот систем.

🔹 Одржлив развој – реализација на зелени проекти и поттикнување на енергетски иновации.

Божиновска ја истакна важноста на партнерството со САД како клучен фактор во градењето на одржлива и енергетски стабилна иднина. Таа изрази благодарност за континуираната поддршка која ја добива државата, со цел обезбедување на подобар животен стандард за сите граѓани.

„Силната соработка со САД претставува значајна поддршка за нашите амбициозни цели во зелената транзиција и енергетскиот развој,“ истакна Божиновска по средбата.

Continue Reading

Македонија

Турист од Ирска заглавил во Охридски притвор ова е причината

Published

on

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б.Ш.(31) од Република Ирска, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 16.01.2025, при претрес во неговото патничко возило и во станот каде привремено претстојува, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја.

На него му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Continue Reading

Македонија

Тешка сообраќајна несреќа, повредени повеќе лица

Published

on

На 21 јануари 2025 година, во 09:15 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат А2, во близина на селото Врбјани, општина Дебрца, се случила тешка сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале две патнички возила: фолксваген бора со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.И. (39) од село Стрелци, кичевско, и фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д. (72) од Скопје.

Како резултат на судирот, со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во фолксваген бора – Ф.И., возачот на фолксваген пасат – И.Д., и неговата сопатничка В.Д. Телесни повреди, пак, се констатирани кај возачот на фолксваген бора – Х.И. и другите сопатници И.Л. и Л.И.

Повредените биле пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што им била укажана медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Охрид, а истрагата за утврдување на причините за несреќата е во тек.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк