Connect with us

Македонија

Поради магла изгубени 30 посетители на Шапка, подоцна пронајдени од спасителните служби

Published

on

Во текот на денот, поради појавата на магла и намалената видливост, биле изгубени 30 посетители кои подоцна со помош на спасителните служби се пронајдени информираат од  Ски-центарот “Попова Шапка”.

”Ве известуваме дека поради појава на густа магла,  заради безбедносни причини, запрени се шестоседата жичница, Церипашина и Ге.

Воедно, Ве информираме дека во текот на денот, поради појавата на магла и намалената видливост, беа изгубени 30 посетители кои подоцна со помош на лицата одговорни во рамки на Ски-центарот “Попова Шапка” беа пронајдени, додека пак тројца од посетителите кои беа повредени, беа извлечени од страна на спасителните служби на пристапно место каде што од страна на Итна медицинска помош, еден од нив е пренесен во медицинска установа за понатамошно лекување.”, имформираат од Ски-центарот.

https://www.facebook.com/1027715423936393/posts/6803520179689193/

Македонија

Шести април нов датум за реизбор на Филипче за претседател на СДСМ

Published

on

На шести април СДСМ ќе ги оддржи внатрепартиските избори на СДСМ за лидер на партија, на кои единствен кандидат е актуелниот лидер Венко Филипче, објави 24Вести.

ЦО на партијата го потврдила новиот датум откако СДСМ го одложи реизборот на Филипче, поради трагедијата во Кочани, а кои требаше да се одржат токму на 16 март.

Continue Reading

Македонија

Таравари: Во „Влен“ се подготвуваме за локалните избори, останувам министер за здравство

Published

on

Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва рече дека засега останува да биде министер за здравство, иако дел од медиумите објавија информации дека ќе ја напушти коалицијата „Влен“. 

– Засега, да. Во „Влен“ се подготвуваме за локалните избори. Нормално, внатре во коалицијата сме во процедура на договарање и во Владата мислам дека стабилна е состојбата така што продолжувам да бидам министер за здравство и се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение сите страни да бидат задоволни, изјави Таравари во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“. 

Continue Reading

Македонија

22 годишно момче, втор пациент кој се лекува во странство, попладнево слета на скопскиот аеродром

Published

on

Доцна попладнево во Скопје се врати и вториот од пациентите кои беа испратени на лекување во странство, од повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, објави Телма.

Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека станува збор за 22 годишно момче, кое било лекувано на Клиниката за Пластична хирургија од која и било испратено на лекување во Атина.

Таравари напомена дека според протоколите тоа повторно ќе биде примено на Пластична хирургија и изрази надеж дека по 24 часовниот мониторинг ќе биде пуштено на домашно лекување.

 

 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк