Владата ќе има 21 член: Кој останува, а кој заминува?

Неколкумина од клучните полтиички фигури, по 5 години учество во владите на Заев, заминуваат од зградата на Илинденска истовремено со него.

Од ресорот одбрана, заминува една од политичарките со најдолг стаж – Радмила Шекеринска. Ќе биде запаметена дека за време на нејзиното министерување, Македонија оставри една од двете стратешки цели – стана членка на НАТО. На нејзино место сега доаѓа Славјанка Петровска.

По 5 години заминува и Никола Димитров, кој ги извршуваше функциите министер за надворешни работи но и вицепремиер за европски прашања. Тој ќе остане запамтен како потписник на Преспанскиот Договор од македонската страна, но и по кавгата на крајот со досегашните владини колеги. На негово место доаѓа Бојан Маричиќ.

Заминува и еден од министрите што беше во центарот на вниманието последниве 2 години по избувнувањето на пандемијата со Ковид – министерто за здравство Венко Филипче. Оценките за справувањето со кризата се поделени, а ќе остане запаметено дека во неговиот маднат се случи и катастрофата во тетовската модуларна болница.Нов минстер за здравство ќе биде Беким Сали од Алтернатива.

По 5 години заминува и Мила Царовска. Прво беше министерката за труд и социјала, а досега министека за обрзование. Најголемите контроверзи предизвика со новата т.н. Концепција за основно образование, чија судбина останува нејасна. Нејзин наслендик ќе биде досегашнито миинстер за администрација, Јетон Шаќири..

-Усвоивме нова Концепција за основно образование со која се промени целосно пристапот во наставата и таа стана поинтересна, интерактивна и креативна. Започнавме со етапно воведување на нови наставни програми и современи материјали за учење базирани на интеркултурализам, еднаквост, недискриминација кои, освен печатени, достапни се и во дигитален формат, во аудио верзија, а се напишани и на Брајово писмо.- Мила Царовска.

Од Илинденска број два си заминуваат и министерките за труд Јагода Шахпаска, и за култура Ирена Стефоска. За време на 16 месечниот мандат на Шахпаска, се изгласа Законот за недела- неработен ден. Додека пак Стефоска ќе остане запамтена по започнувањето на проекти за реставрација на културното наследство но и експресните разрешувања на директорите во театар “Комедија”. На нивно место сега доаѓаат Јована Тренчевска и досегашната пратеничка Бисера Костадиновска Стојчевска.

Гласањето за новиот владин кабинет, кој брои 21 министерско место треба да заврши до утревечер на полноќ.

Мандатарот Димитар Ковачевски на собраниската седница која започна претпладне со единствен дневен ред – избор на нова Влада, ја претстави програмата.

Пораст на БДП со удвојување на стапките на економски раст од 2,5 на 5 отсто просечен раст, потоа зголемување на пензиите, но и намалување на стапката на невработеност до 11,4% во 2024 и достигнување едноцифрена зона од 8,6% до крајот на 2026 година, ќе бидат во фокусот на Ковачевски кој најави пораст на минималната плата и раст на просечната.