САРА МЕЈС и ДИМИТАР со бебе Број 2 (ФОТО)

Пејачката Сара Мејс преку својот Фејсбук профил сподели убави вести, таа со својот сопруг Димитар Атанасовски го очекуваат нивното второ дете.

Имено, таа објави фотографија од ултразвук на бебе и под објавата напиша:

„Бебе број 2 (Ако ги броиме и Атос и Бела со Димитар Атанасовски, а треба, е тогаш Број 4 е)“

Во 2018 година пејачката и харфистка Сара Мејс и ТВ и радио водителот Димитар Атанасовски станаа родители за првпат и ја добија ќеркичката Илина.