Connect with us

Скопје

ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ ВО КОНЧЕ И РАДОВИШ ПО ТРАГЕДИЈАТА – Викторија не е единствената која загинала на ваков начин на скопскиот асфалт

Published

on

Шок и револт денеска меѓу жителите на двете општини Конче и Радовиш каде живеело семејството на 24 – годишната Викторија Н., која синоќа почина на лице место, откако беше прегазена на пешачки премин кај Сити Мол во Скопје. Девојката била на шопинг во трговскиот центар со своето момче и друштвото. Кога тргнале да си одат, Викторија и нејзиното момче беа покосени од возилото тојота, со кое управувал 22-годишник од Скопје, објавува ММС.

Според информациите од сограѓаните на двајцата млади, целото друштво било на пешачкиот премин, но Викторија и нејзиното момче биле последни, кога врз нив налетало возилото. Неофицијално, возачот поминал на црвено.

Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на местото.

Семејството на Викторија потекнува од селото Дедино, Општина Конче и веќе десетина години живеело во Радовиш. Викторија била средната од трите сестри и неодамна дипломирала.

Во Општина Конче ја бројат третата жртва во изминатите десетина – петнаесетина години на скопскиот асфалт. На ист начин, на пешачки премин биле прегазени уште две млади девојки од оваа Општина. Граѓаните се револтирани, особено што млади луѓе ги губат животите во скопскиот сообраќаен хаос, каде не се почитуваат ни правила ни ред. Очекуваат брз одговор од институциите.

Погребот на Викторија се одржа денеска во Радовиш.

ФОТО:360 СТЕПЕНИ

Скопје

Нема крај на сообраќајната некултура во Скопје: Возило се движи низ пешачка зона [ВИДЕО]

Published

on

Нема крај на сообраќајната некултура во Скопје: Возило се движи низ пешачка зона.

Срамна и опасна сцена – возило снимено како се движи низ пешачката зона на мостот „Гоце Делчев“.

Погледнете го видеото во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 info (@24info.mk)

Видео:24info.mk

Continue Reading

Скопје

Колариќ: Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори

Published

on

Светлана Колариќ, претседателка на Советот на Општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за порталот „Локално“ потврди дека партијата спроведува анкети за избор на предлог-кандидат за градоначалник на општината, но одби да навлезе во детали за можните имиња. Таа потенцираше дека одлуката ќе биде донесена по темелна анализа и консултација со сите засегнати страни, и изрази уверување дека кандидатот ќе биде избран според принципите на посветеност, одговорност и чесност.

Иако Колариќ изрази пофалби за актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и истакна дека токму тој ги подигнал стандардите за функционирање на локалната самоуправа, таа не потврди дали тој ќе се кандидира повторно за Кисела Вода. Изостанувањето на директен одговор го остава отворено прашањето за неговите идни чекори, особено имајќи предвид дека Ѓорѓиевски се споменува како можен кандидат за градоначалник на Град Скопје.

„Не би сакала да одговорам на прашање за кое не сум надлежна – за тоа одлучува Извршниот комитет на партијата. Во улога на претседател на Советот, кој се грижи за координација и организација на седниците на комисиите и Советот на Општината, можам да истакнам дека соработката со сите членови на Советот – претставници од коалициските партнери и од опозициските партии – се одвива на највисоко професионално ниво“, децидна е Колариќ.

Во контекст на подготовките за локалните избори, Колариќ нагласи дека сите опции се разгледуваат, но одлуките за кандидатури и коалиции ги носи исклучиво Извршниот комитет на партијата. Таа додаде дека без оглед кој ќе биде избран, ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди силен кандидат кој ќе продолжи со развојот на Кисела Вода, и најави уверена победа на претстојните избори.

Continue Reading

Скопје

Полицијата денес во Скопје напиша 247 казни, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење

Published

on

247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење.

Денеска (13.04.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 12.00 до 16.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. При тоа за време на сообраќајната контрола акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.

За време на контролата беа контролирани вкупно 1.020 возила, при што биле преземени мерки против 247 учесници во сообраќајот. За безобзирно возење по чл.297 А од кривичниот законик лишено е едно лице од слобода, за возење со брзина поголема од дозволената санкционирани се 53 возачи, 33 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, а санкционирани се и 62 возачи за управување мотоцикл без заштитна кацига, а изречени се 18 мерки за возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, пет возачи возеле без возачка потврда, а санкциинирани се и 66 останати учесници во сообраќајот.

Привремено биле одземени три нерегистрирани возила, од кои два мотоцикли и едно патничко возило, а привремено биле одземени под сомнение за техничка исправност две возила, од кои еден мотоцикл и едно патничко возило.

Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк