Владата планира да санкционира негативно мислење!

Ако помине владиниот предлог за промени на законот на граѓанска одговорност граѓаните ќе бидат санкционирани и за негативно мислење, што порано се нарекуваше вербален деликт и беше укинат по крајот на социјализмот.

Овој владин предлог кој асоцира на најцрните денови на сталинизмот и фашизмот е дел од формалниот предлог на Илинденска до Собранието.

,,Новиот предлог да се одговара за навреда и за “негативно мислење” не е ништо помалку од цензура на мала врата! Јас можам да напишам дека Владата не работи добро- оп тужба за навреда. Комшијата има лоша фризура- оп навреда.
Кој латентни нацисти сте Вие!!!!”, пишува за предлогот на владата адвокатот Јанаки Митровски.

Според текстот ќе се одговара и за објавување на негативно мислење од страна на граѓаните, предвидува Предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета којшто го предлага Владата, преку Министерството за правда, а кој деновиве влезе во собраниска процедура.

,,За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негативно мислење, стои во спорниот став од членот 6 во Законот”, стои во текстот од законот.

За предлогот реагира и адвокатот Александар Тортевски.