Connect with us

Скопје

„Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!” – „Лајка“ и скопската зоолошка со заедничка кампања

Published

on

ЈП Лајка и ЗОО Скопје со поддршка од Градот Скопје од денес започнуваат заедничка кампања со цел подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво.

Од денот кога ќе земете миленик, тој станува дел од семејството, бара секојдневна грижа, внимание и љубов кои ќе траат со години. Многупати сме биле сведоци на напуштање на милениците или несоодветно вдомување кои резултираат со многу бездомни кучиња и мачки на улиците, но и со многу зајчиња, папагали, желки донесени во ЗОО Скопје.

Преку кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!” заеднички ќе се обидеме да ги едуцираме граѓаните кои чуваат миленици што значи одговорно сопствеништво, низ колкав стрес поминуваат напуштените животни и зошто е добро децата да растат со миленик кој е дел од семејството. Во кампањата ќе се вклучат и наши познати јавни личности кои се љубители на животните, а во следните фази планираме и часови по емпатија во училиштата каде што како предавачи ќе се вклучат вработени од ЈП Лајка и ЗОО Скопје, како и активисти од здруженијата за заштита на животните.

Скопје

Странци затекнати со дрога кај транспортниот центар во Скопје

Published

on

Полицијата поднесе кривична пријава против Т.Н.(29) и T.A.(29), двајцата од Израел, поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

„На 23 август минатата година кај Транспортен центар во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин, хашиш, бела кристална материја и МДМА таблети“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.

Continue Reading

Скопје

Апсење на Меѓународниот аеродром Скопје

Published

on

Против двајца турски државјани поднесена е кривична пријава кои на граничен премин приложиле фалсификувани патни исправи.

– Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против И.К.(26) и С.К.(26), двајцата од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Нa 12.01.2025 во 10.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, пријавените приложиле фалсификувани патни исправи, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, од Основен суд Скопје на пријавените им биле изречени мерки протерување на странец со забрана за влез во Р.С. Македонија од три, односно пет години.

Continue Reading

Скопје

Ограбена градинката во Скопје

Published

on

Вчера во СВР Скопје, од Јавната општинска установа – детска градинка 11 Октомври, на подрачјето на Општина Чаир, било пријавено дека во саботата со употреба на сила било влезено во установата и биле одземени предмети.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк