Connect with us

Скопје

ЗА НИВ НЕМА СЕМАФОРИ: Возачот на Бектеши и Бесими поминал на црвен семафор, удрил две возила кои тргнале на зелено

Published

on

Синоќешната сообраќајна незгода пред Владата според неофицијални информации од очевидци, ја предизвикал возачот Ј.Б., кој во владината „шкода“ во тој момент ги возел вицепремиерот Фатмир Бесими и министерот Крешник Бектеши. Според сведочењето на соговорниците, до незгодата дошло во моментот кога возила „киа“ и „фиат“, паралелно од двете ленти на „Илинденска“, тргнале на вклучено зелено светло на семафорот, во правец кон Центар. Само што тргнале, службена „шкода“ поминала на црвен семафор и од десната страна удрила во двете прописно тргнати возила, пренесува СДК.мк.

Шкодата“ во која се возеле Бесими и Бектеши, доаѓала од булеварот „Свети Климент Охридски“, се движела кон Владата, т.е. кон владините гаражи. Во тоа време беа закажани состаноците на Економско социјалниот совет и преговорите со Синдикатот за покачување на минималната плата.


Возачот кој им го пресекол патот и ги удрил двете прописно тргнати коли, полесно е повреден и однесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. И возачите на двете други возила поминале со полесни повреди.

МВР освен потврда за настанот и известување за општо познатите работи: час, време, марка на трите автомобила и иницијали на возачите, нема сè уште детали како се случила сообраќајката, додава порталот.

Скопје

Каков народ, таква елка на плоштад… (Фото)

Published

on

Елката во Скопје иако крива, но и недокитена – стана популарната во Македонија. Ги засени сите декорации направени во другите делови од Македонија, но и другите општини во Скопје. Никој не знае зошто не е целосно украсена, а ниту која е фирмата која ја поставува за што ќе треба да платат скопјани. За нејзината популарност зборуваат бројните коментари и фотографии со неа.

„Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, стои во коментар на „Х“.

Да видиме што велат граѓаните:

Continue Reading

Скопје

О.У. Песталоци во тишина: Прости ни Вања, не знаеме како да се поздравиме…

Published

on

Тага и молк во основното училиште на убиената Вања Ѓорчевска. Во Ј.Х.Песталоци отворена книга на жалост. Се потпишуваат родители, познаници, но и соученици.Наместо детски џагор, тишина низ школскиот двор.

-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.
Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…
Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.
Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!- стои во објавата.

Continue Reading

Македонија

Умре и Флопи – Зоолошка Скопје остана без жирафи

Published

on

Умре и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК од  вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината починала вчера попладне.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава умре Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк