Пaника во Будва, избeган лав ги крена на нозе службите и граѓаните

Околу 60 лица се вклучени во потрагата по избеганото младенче лав во близина на Будва, меѓу кои доброволци, членови на Центарот за заштита и проучување на птици, полиција, пожарникари и ловци. Потрагата, која започна денеска, беше организирана од Агенцијата за заштита на животната средина на Црна Гора во областа Мејн, Побори, Марковиќи.

Граѓанскиот и еколошки активист Александар Драгичевиќ, кој учествува во потрагата, изјави дека лавот е стар меѓу четири и осум месеци и тежи од 40 до 60 килограми, а е забележан пред неколку ноќи.


Светската организација за заштита на природата изрази загриженост поради веста.

„Лавот наводно е во приватна сопственост на странски државјанин лоциран во Будва, но нема податоци за неговиот увоз, што укажува дека најверојатно илегално влегол во земјава. ..“, соопшти Светската организација за заштита на природата