Зеленски против НАТО: Вие нас не можете да не купите со литри гориво за литри наша крв

Голема разочараност има во Украина. Украинскиот претседател Влодомир Зеленски го „погреба“ НАТО. 

Тој беше гневен затоа што НАТО  не го затвори небото над Украина.  Зеленски вели дека НАТО свесно одлучи да не го затвори небото над неговата земја. 

„Ние сметаме дека НАТО членките самите го создадоа наративот дека затворањето на небото над Украина ќе испровоцира директна агресија на Русија против НАТО. Тоа е самохипноза. На оние кои се слаби, несигурни во себе. Внатрешно. Иако можеби имаат оружја многупати посилни од нашите. Моравте да мислите на луѓето. На самото човештво. А на што мислевте на овој самит? Сите луѓе кои ќе умрат, почнувајќи од овој ден, ќе умрат и поради вас! Поради вашата слабост. Поради вашата разединетост!“, рече украинскиот претседател. 

Тој обвини дека помошта од НАТО досега е минимална, и ја доведе во прашање способноста на НАТО да ги брани и сопствените членки. 

Зеленски вели  дека она што Алијансата успеа досега да направи е да донесе 50 тони дизел гориво за Украина преку системот за поддршка. 

„Вие нас не можете да нѐ купите со литри гориво за литри наша крв. Пролеана за нашата заедничка Европа. За нашата заедничка слобода. За нашата заедничка иднина“, изјави Зеленски.