Connect with us

Свет

Зеленски против НАТО: Вие нас не можете да не купите со литри гориво за литри наша крв

Published

on

Голема разочараност има во Украина. Украинскиот претседател Влодомир Зеленски го „погреба“ НАТО. 

Тој беше гневен затоа што НАТО  не го затвори небото над Украина.  Зеленски вели дека НАТО свесно одлучи да не го затвори небото над неговата земја. 

„Ние сметаме дека НАТО членките самите го создадоа наративот дека затворањето на небото над Украина ќе испровоцира директна агресија на Русија против НАТО. Тоа е самохипноза. На оние кои се слаби, несигурни во себе. Внатрешно. Иако можеби имаат оружја многупати посилни од нашите. Моравте да мислите на луѓето. На самото човештво. А на што мислевте на овој самит? Сите луѓе кои ќе умрат, почнувајќи од овој ден, ќе умрат и поради вас! Поради вашата слабост. Поради вашата разединетост!“, рече украинскиот претседател. 

Тој обвини дека помошта од НАТО досега е минимална, и ја доведе во прашање способноста на НАТО да ги брани и сопствените членки. 

Зеленски вели  дека она што Алијансата успеа досега да направи е да донесе 50 тони дизел гориво за Украина преку системот за поддршка. 

„Вие нас не можете да нѐ купите со литри гориво за литри наша крв. Пролеана за нашата заедничка Европа. За нашата заедничка слобода. За нашата заедничка иднина“, изјави Зеленски. 

Свет

ОБЈАВЕН ЗАСТРАШУВАЧКИ РАЗГОВОР МЕЃУ НАЈБАРАНИОТ НАРКОБОС И ПОЛИЦИЈАТА: Ова е доказ зошто сè уште не е уапсен

Published

on

Американската влада нуди 10 милиони долари за информации што би можеле да доведат до негово апсење.

Застрашувачки телефонски разговор меѓу мексиканската полиција и бараниот нарко бос Ел Менч беше објавен на социјалните мрежи откако неговиот брат, водачот на картелот Ел Тони Монтана, беше уапсен кон крајот на минатиот месец.

Ел Менчо (56), кој е познат како „најбараниот човек на светот“, успеал да ја избегне полицијата во Мексико и покрај тоа што е најбараниот криминалец во земјата, пренесува „Унилад“.

Мексиканската влада понуди 30 милиони долари, а американската влада 10 милиони долари за информации што би можеле да доведат до негово апсење.

Тој се бара за трговија со дрога, вмешаност во организиран криминал и поседување огнено оружје без документи.

Аудиото беше обелоденето до мексиканските медиуми во септември 2016 година и покажува колкава моќ поседува Ел Менчо додека им наредува на полицаецот и неговите колеги да се откажат.

Истиот месец мексиканскиот портал Proceso ја објави и ја потврди автентичноста на разговорот со Ел Менчо.

По телефон, Ел Менчо му вели на полицаецот „да се смират твоите е**ни луѓе“ и го нарекува „кучкин син“.

– Менчо е човече, вика по телефон.

– Навтерај ги твоите проклети да се смират и да се повлечат или ќе ти е*ам и тебе и мајка ти и цел твој чопор кучиња.

– Имам 30 од вас идентификувани. Дури и ќе ги убијам твоите проклети кучиња ако не се повлечеш. Што мислиш за тоа?”

Полицаецот одговара: „Се разбираме, господине“. Ќе им кажам да престанат сега“.

Ел Менчо возвраќа: „Не, не, не. Не спуштај телефон. Знам каде си. Во Чапала сме, човече“.

Подоцна во повикот, наркобосот испраќа заканувачки предупредување: „Ќе се отарасиме од сите вас. Сите сте ку*вини синови, бидејќи сите земате пари“.

Телефонскиот повик ненадејно завршува, а полицаецот одговара на барањата на Ел Менчо со едноставно „Се разбира, господине“.

Братот на Ел Менчо, Антонио Осегуера Сервантес, беше уапсен во државата Халиско на 20 декември.

Војската соопшти дека Осегуера бил вклучен во перење пари, купување на голем број оружје и координација на насилни напади врз ривалски банди, како и меѓународна трговија со дрога.

Continue Reading

Свет

Прва снимка по страшната несреќа во која загинаа и деца

Published

on

Ужасна вест од Бразил ја шокираше целата планета, а новите информации на несреќата и даваат морничав тон.

Автобусот кој се сруши од мостот во несреќата со трагичен исход, возел млад фудбалски тим дома од успешно натпреварување.

Според првите извештаи, животот го изгубиле 4 лица, ама се појавија и други информации кои говорат дека пет лица настрадале.

Барем три лица се малолетни кои непосредно пред несреќата направиле голем успех на турнирот на кој учествувал клубот.

Екипата Вила Марија на возраст до 18 години го освоила турнирот, додека младите од 16 години завршиле на второ место.

Видео:

https://youtu.be/Bg7efH3pj7M

Continue Reading

Свет

Како Ѓоковиќ со полиција ја напушташе Австралија, Депортиран! Вучиќ беше во право – ЌЕ ДОЈДЕ СО КРЕНАТА ГЛАВА!

Published

on

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја напушти Австралија, по судската одлука да му се укине визата – ова беше наслов на сите светски медиуми лани по одлуката за депортација на Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер беш виден како се влегува во авион на компанијата „ Emirates“ на аеродромот во Мелбурн кој лета за Дубаи, само неколку часа по судиската одлука.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ се обрати откако австралискиот суд пресуди во полза на тамошните власти и одлучи да ја поддржи одлуката за депортација на Новак Ѓоковиќ.

Рекетот број еден ја загуби битката пред австралискиот суд и ќе мора да се врати дома. Брзо по донесената одлука со изјава се јави српскиот претседател Александар Вучиќ.-Тие мислат дека со таа одлука го понижија Новак Ѓоковиќ. Тие се понижија себе, а Ѓоковиќ може да крене глава и да се врати во својата земја и секој да го погледне во очи. Вие 10-11 денови го малтретирате за да му ја дадете одлуката која сте знаеле дека ќе му ја дадете од првиот ден. Да сте рекле дека ако не е вакциниран нема да влезе во земјата, тој воопшто не би доаѓал или би се вакцинирал. Вака сте оставиле можност за медицинско изземање. Врз основа на тоа тој дојде кај вас и направи сè што требаше да се направи, а потоа следуваше шиканирање и малтретирање од невидени размери, медиумски линч и лов на вештерки бидејќи веројатно на Новак Ѓоковиќ сакаа да покажат како функционира светскиот поредок за лов на вештерки и како можат тоа да му го направат на секој, изјави тогаш Вучиќ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк