Connect with us

Македонија

Пописот е фарса во режија на парадржава – Против Македонецот се води уникатна и немилосрдна хибридна војна

Оваа фарса од попис на населението во режија на парадржавата “Северна Македонија” е политички, национален, законски и морален криминал без преседан во европската историја.

Овој Попис е уште еден показател, дека се наоѓаме во завршна, терминална фаза од изумирањето на Македонската национална држава и делегитимацијата на Македонската нација.

Ова е хаотичен, трагикомичен, противзаконски чин!

Онеправдани се Македонците како народ, но и македонските Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми…

Ако се следи “патот на парите“ (т.е. патот на моќта и надмоќта), лесно е да се утврдат мотивите и кеаторите на оваа фарса. Оние кои располагаат со резултатите од пописот од 2011 нека ги обелоденат јавно, па ќе се види, низ споредба, како е режиран овој варварски Попис.

Фактите од непризнатиот и осуетен попис од пред 10 години ќе го демистифицираат и овој криминал, ќе покажат зошто се дава легитимитет на нелегитимните политики, зошто се навестува меѓународна поддршка на нешто што треба да биде предмет на жестока критика и осуда.

Под преттекст на европски вредности, во Македонија се спроведуваат неевропски политики.

НЕ ГО ПРИЗНАВАМ ОВОЈ ЛАЖИРАН ПОПИС!

Тој е само уште еден доказ, дека во Македонија се води уникатна и немилосрдна хибридна војна.

Пишува академик Катица ЌУЛАВКОВА

Македонија

Македонците од Албанија и Кичево со заеднички чекор напред – потпишан меморандум за соработка

Значаен чекор кон зацврстување на културните и националните врски е направен денес во Кичево. Делегацијата на Здружението на Македонците од Албанија во Македонија „Зошто“, предводена од иницијативниот претседател Панди Јани, оствари клучна средба со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски.

Кулминација на конструктивната средба беше свеченото потпишување на Меморандум за соработка, документ кој ги поставува цврстите темели за идна, плодна соработка!

„На средбата разменивме мислења по повеќе прашања, по што потпишавме Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темели за заеднички активности и иницијативи насочени кон унапредување на културната размена, образовната поддршка и зајакнување на традицијата на македонскиот јазичен, културен и национален идентитет“, изјави за МИА, Панди Јани.

Ова не е изолиран настан. Само денови претходно, сличен историски документ беше потпишан и со градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски. Според Јани, со овие договори „се отвора ново поглавје во заедничкото делување за доброто на граѓаните“.

Целта е јасна: зајакнување на заедницата преку партнерства.

„Овие чекори, кои ќе ги продолжиме и со други градови, претставуваат силна потврда дека преку партнерства, дијалог и конкретни активности може да се создадат услови за подобра поддршка, развој и инклузија на Македонците по потекло од Албанија, како и на сите граѓани кои се дел од нашата заедница“, категорично оценува Јани.

Јани изрази длабока благодарност до градоначалниците Јовановски и Тозиевски за нивната доверба и поддршка, како и до посветениот тим на „Зошто“ кој несебично работи на оваа благородна мисија: чекор по чекор, да изгради посилна, обединета и активна заедница.

 Здружението „Зошто“ е основано на 25 септември 2024 година со Седиште во Ресен. Неговатам мисија е Афирмација на македонската култура и идентитет. Името е почит кон романот „Зошто“ на Стерјо Спасе, еден од најголемите писатели во Албанија со македонско потекло.

Continue Reading

Македонија

Тошковски откри кои прекршоци ќе бидат на удар на „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска истакна дека системот „Безбеден град“ ќе се спроведува со прецизно дефиниран праг на толеранција, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и јавниот простор, а не казнување по секоја цена.

Тошковски појасни дека системот ќе биде насочен кон препознавање и санкционирање на сериозни и опасни прекршоци, особено оние кои директно го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. „Целта е да се воспостави ред и превенција, а не репресија без разум“, рече тој.

„Ќе има јасни правила, транспарентност и точно утврдени критериуми. Граѓаните ќе знаат што се санкционира и зошто. Системот нема да биде лов на прекршители, туку алатка за заштита на човечки животи“, нагласи министерот.

Проектот предвидува користење на современи технолошки решенија, вклучително камери и софтвер за следење на сообраќајот, со цел подобрување на контрола и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Министерството најави дека имплементацијата ќе се спроведува фазно, со претходна информираност на јавноста и соодветен период за прилагодување, за граѓаните да се запознаат со новиот систем и неговото функционирање.

Continue Reading

Македонија

Пораст на нивото на реките: Пчиња, Вардар, Треска и Црн Дрим со зголемен водостој

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) алармира за значително зголемување на водостоите кај клучните реки, надминувајќи го просекот за декември.

Реката Вардар, нашиот најголем воден пат, е видно „нарасната“ долж нејзиниот тек – од Јегуновце, преку Скопје и Велес, па сѐ до Демир Капија. Слична слика се бележи и на Пчиња кај Катлановска бања, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.

Од друга страна пак, нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци, се под просечните декемвриски граници.

Во однос на природните езера, ситуацијата е стабилна и без отстапувања. Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот за овој период од годината, ветувајќи мирување и покрај раздвижениот речен систем.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг