Connect with us

Македонија

Во сообраќајна несреќа загина навивачката икона на Комитите, Марјан Георгиев – Црни

Published

on

Навивачката група Комити објави дека денеска останале без уште еден член кој бил и еден од предводниците на групата, Марјан Георгиев – Црни. Според информациите на полицијата Георгиев загинал бил повреден во сообраќајна незгода на улицата „Скупи“, а лекарите во скопскиот клинички центар констатирале смрт. 

-Ненадејно не напушти една навивачка супер ѕвезда, човек кој Западната трибината го памети уште од основањето на групата. Комити останаа без една навивачка икона, кој своевремено беше еден од оние кои ја основаа а потоа и предводеа групата, од времето на Сокол, заедно со него но и по него. Природен лидер, кој влеваше стравопочит кај оние кои само малку го познаваа. Оние кои го запознаа вистински, во него видоа голем другар, доследен на принципите, со Вардар во срцето до последниот ден од својот живот, се вели во фејсбук објавата. 

Градскиот асвалт го памети како еден силен човек, кој во својот животен век проживеа повеќе животи, култна личност кој остави трага која не може да биде избришана. Карпош загуби една голема легенда, и човек со срце планина, стои понатаму во објавата. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 05.50 часот било пријавено дека на ул.„Скупи“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.О.(27) од Скопје и мопед „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Ц.(30) од Скопје, по што возилото го напуштило местото на настанот, но подоцна возачот самиот се пријавил во Полициската станица Бит Пазар. По несреќата Г.Ц. и сопатникот од мопедот М.Ѓ.(50) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар на Г.Ц. му биле констатирани тешки телесни повреди, а М.Ѓ. околу 12.00 часот им подлегнал на повредите.

– Полицијата извршила увид на местото на настанот, стои во полицискиот билтен. 

Загина, но името твое нема да загине. Загина но нема да сме мирни додека душата твоја не биде слободна, му порачуваат другарите и пријатели од навивачката група Комити. 

Македонија

Акција на Финансиската полиција – осомничена е братучетка на Спасовски

Published

on

Финансиска полиција ја тресе кумановската фирма „Пин Петрол“. Се сомничи за проневера на пари кои биле должни да ги исплаќаат кон Јавното претпријатие за државни патишта.

Според информациите кои ги добиваме од акцијата приведена е Габриела Спасовска Крстевска, која инаку е роднина и братучетка на екс првиот човек на полицијата Оливер Спасовски кој сега е координатор на пратеничката група на СДСМ.

Се очекува повеќе информации во текот на денот.

Извор: 24инфо

Continue Reading

Македонија

Апсење на Табановце за поткуп, ставил банкнота од пет евра во зеленот картон

Published

on

Лишен од слобода грчки државјанин поради давање поткуп.

На 08.04.2025 во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Полицијата вчера напиша 895 казни, најмногу за брзо возење

Published

on

895 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 273 за брзо возење.

На подрачјата на осумте Сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.04) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 895 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и по основ на Законот за возила (ЗВ).

По однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи се однесуваат на непрописно паркирање 299, а 273 се однесуваат на непочитување на брзината на движење. Потоа следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола 67, па прекршоците за некористење на сигурносен појас 54, за користење на мобилен телефон при возење 21, како и 11 прекшоци што ги сториле пешаци.

Во рамки на контролите, во девет случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, 12 возачи управувале возило под дејство на алкохол, а евидентирани се и 17 нерегистирани возила како и седум возила кои што биле технички неисправни согласно ЗВ.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк