Connect with us

Uncategorized

Католиците го слават Велигден, нека е честит🙏

Published

on

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше Воскресна света литургија.

На литургијата присуствуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, поранешниот претседател Ѓорге Иванов…

Велигденска воскресна литургија ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов. Тој им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита воскресната проповед.

Драги браќа и сестри! Велигденскиот пост го започнавме со страшната воена ситуација со нападот над Украина, и поголемиот дел од тоа време на пост, молитва и добри дела го поминавме следејќи ги медиумите и извештаите за тоа што се случува со нашите браќа и сестри во Украина. Пред нашите очи се милиони бегалци, илјадници страдалници, жртви на војната, убиени луѓе по улиците на украинските градови, уништени домови и луѓе на улица со крици во устата и солзи во очите. Како браќа по вера, не можевме да се оглушиме, а да не го слушнеме гласот на киевско – халичкиот врховен надбискуп Свјатослав Шевчук, кој повикува и моли за својот народ, но во исто време укажува и на одговорноста на целото човештво. Тој постојано го повикува светот активно да работи на спречување војна и заштита на праведниот мир. Тоа е гласот на човек соочен со неволјите на војната, страдањата на својот народ, уништувањето на неговата земја: „О, да беа точно измерени маките мои, и заедно со нив да го беа ставиле на терезија страдањето мое!“ (Јов 6,2).

Нашата Светица од Скопје, Света Мајка Тереза ќе рече: „Страдањето е другото лице на човекот, Божји бакнеж.“ Од страдањата не беше поштеден ниту нашиот Господ Исус Христос. Ја прими чашата од раката на Отецот и ја испи до крај. Секогаш е на страната на слабите. „Бог ни шепоти во нашите радости, ни зборува во нашата совест, но и извикува во нашите маки: Неговиот мегафон е да го разбуди глувиот свет“ (C. S. Lewis).

Исус со своето воскресение одговори на проблемот на страдањето, внесувајќи нова светлина во светот и оживување на земните надежи со „големата надеж“ за вечен живот. Папата Бенедикт XVI, во својата енциклика Spe Salvi – Спасени преку надежта, вели: „Искупувањето ни е понудено во смисла дека ни е дадена надеж, сигурна надеж, преку која можеме да се справиме со сегашноста“. Тој вели дека препознатлива христијанска карактеристика е тоа што имаат иднина. Иако не се темелно запознаени со она што ги чека, знаат дека животот не им е залуден. Верувам дека сите ние, како и нашите браќа и сестри кои во овој миг се погодени од страданијата.

 и сите маки се носени со оваа надеж, бидејќи „оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат“ (Исаија 40,31). Само гледајќи во воскреснатиот Христос можеме да го прифатиме сето она што ни го носи животот во времето во кое живееме.

Ние христијаните живееме во светот и одиме во светлината на верата, иако понекогаш се среќаваме со темнината на неверувањето. Нашата вера се заснова на сведоштвата на оние што го виделе воскреснатиот Христос. Исто така, светот околу нас живее според верата што ние самите ја исповедаме и сведочиме со нашиот живот. Со таа вера ќе живеат генерации по нас. Носени од оваа вера и „големата надеж“ на вечниот живот, никогаш не смееме да се умориме да правиме добро и да сведочиме за Исус Христос, воскреснат од мртвите.

Утрото на Велигден, учениците биле исплашени и збунети, па кога жените по враќањето од гробот на Исус почнале да им раскажуваат за неверојатниот настан што го виделе и доживеале таму, отворениот гроб, млад човек облечен во бела облека, за нив, за апостолите, овие зборови на првото сведоштво им изгледало како женски духови и заблуди, утрински соништа, сенишни измами и ништо повеќе. Не им верувале. Со ова се покажало дека тие се побавни и поневнимателни од жените.

Uncategorized

Ноќна акција во Тетово: Петмина приведени

Published

on

На 19.11.2024 околу 18.00 часот на улица „Ван Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27) и А.Ш.(19), сите од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.                                          

Continue Reading

Uncategorized

Земјотрес ја стресе Србија

Published

on

Апаратите на Сеизмолошкиот завод на Србија утринава во 7 часот и 18 минути регистрираа земјотрес во областа Лесковац со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала.

Синоќа во 19:53 часот земјотрес со иста јачина е регистриран во Велика Греда, општина Пландиште.

Continue Reading

Uncategorized

Eвропската Комисија предвидува уште поголемо заостанување на ЕУ зад САД

Published

on

Економијата на еврозоната би требало уште повеќе да заостанува зад САД, објави во петокот Европската комисија, откако ја намали прогнозата за раст за 2025 година на 1,3 отсто.

Ова намалување во однос на претходната прогноза во мај, која предвидуваше раст од 1,4 отсто, укажува на растечки песимизам за економските перспективи на ЕУ, која се повеќе заостанува зад САД, пишува Фајненшл тајмс.

Оценките на Брисел остануваат пооптимистички од оние на приватниот сектор. Според прогнозите составени од Consensus Economics, економијата на еврозоната следната година ќе порасне за 1,1 отсто, што е значително помалку од очекуваните два отсто за САД.

Главниот економист за еврозоната во ИНГ банка, Карстен Брзески, смета дека прогнозите на ЕК се преоптимистички и додава дека ревидираните проценки не ги земале целосно предвид структурните слабости на економијата во регионот.

Прогнозата на ЕК за еврозоната е значително послаба во споредба со посветлата перспектива за американската економија, која, според проценките на Брисел, ќе порасне за 2,1 отсто во 2025 година и 2,2 отсто во 2026 година. Германија, најголемата економија во ЕУ, стагнира во последните две години додека нејзините производствени компании се борат да се натпреваруваат со странските ривали.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк