Connect with us

Uncategorized

Денот кога Јуда го изврши предавството – денеска е Велика Среда

На Велика Среда црквата ги спомнува настаните околу предавството на Христа од страна на еден од дванаесетте апостоли, Јуда Искариот за триесет сребреници, како и помазувањето од страна на покајаната грешница.

По Христовите беседи пред народот, како и јасното пророкување на тоа што треба да се случи, следи помазувањето на Христа од страна на една жена – грешница во Витанија, во домот на Симон прокажаниот, кого Христос претходно го излекувал. Тука треба да се направи разлика помеѓу помазувањето кое шест дена пред Пасха го извршила Марија, сестра му на воскреснатиот Лазар, како благодарност кон Господа.

Покајаната грешница го донела мирото во сад од алавастер. Мирото преставува миризлива течност направено од најдобро маслиново масло и смолести материи (како смирна или разни цветови). Гледајќи го помазувањето, Неговите ученици негодувале, сметајќи дека вредноста на мирото би можела да се употреби на поинаков начин – да се продаде и со тие пари да им се помогне на сиромашните. На тоа, Христос им одговорил дека Тој не е тука постојано, додека сиромашните ги имаат секогаш околу нив; уште повеќе, им ја открил вистинската причина поради која жената Го помазала – тоа било сторено за Неговиот погреб, пророкувајќи дека христијаните секогаш ќе се сеќаваат на таа жена, што се потврдува и до ден денешен.

Тогаш Јуда, воден од страста на среброљубието, увидувајќи дека нема никаква материјална полза од неговото следење и гневен на својот Учител, оди кај првосвештениците и преговара за предавството. Тројца од Евангелистите зборуваат за советувањето на првосвештениците со старешините јудејски околу погубувањето Христово. Плашејќи се од народни немири, се договориле да Го фатат со лукавство, во тајност и скришност, по завршувањето на пасхалните прослави. Но, бидејќи нашле предавник кој би можел тајно да го предаде, и обземени од бесот, решиле тоа да го сторат дури и порано, за време на Пасхата. Овој собир се одржал во дворот на првосвештеникот Кајафа, чие вистинско име било Јосиф, зет на претходниот првосвештеник Анан. Самата цена која била понудена, и за која Јуда не преговарал, е само исполнување на пророштвото Захариино (Захариј 11,12-13).

Во утрото на Велика Среда, по завршената Литургија на Претходоноосветени Дарови, за последен пат се чита великопостната молитва на Св. Ефрем Сирин, и се прават три големи поклони.

Потоа веќе не се прават поклони, освен пред плаштеницата на Спасителот во центарот на храмот.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг