Connect with us

Македонија

Вечер ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим

Published

on

Во вечерните часови денеска, Велика сабота, во нашата држава ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим. 

Ќе биде преземен од свештени лица на аеродромот „Скопје” и пренесен низ епархиите на Македонската православна црква.

-Благодатниот оган секоја година, по благословот Божји, на чудотворен начин слегува во Гробот Христов. Истиот потоа се пренесува преку делегации и званични лица по сиот православен свет, соопшти Македонска православна црква – Охридска архиепископија. /МИА

Македонија

Љатифи: ДУИ во опозиција, а мислите им се само на парите!

Published

on

Дури и во опозиција, мислите ви се само на парите!

За да докажам дека во процедурска смисла АД МЕПСО функционира апсолутно исто како и претходно, ви го презентирам консолидираниот финансиски извештај на поранешниот генерален директор на АД МЕПСО, Зуди Енуз, заедно со потписот на финансискиот директор Љупчо Зиков.

Сè е во ред, само ДУИ е во опозиција!

Кој беше министер за правда, Господ нека нè чува!

ЛАЖНИ ВЕСТИ!

Напиша на Facebook директорот на МЕПСО Бурим Љатифи.

Continue Reading

Македонија

Во Бугарија се кренаа против кандидатурата за уставен судија на застапник на ОМО „Илинден“ пред ЕСЧП

Published

on

Бугарската фондација „Македонија“ на Виктор Стојанов, кој има забрана за влез во Македонија на неопределно време поради своите антимакедонски ставови и активности, јавно се спротивстави на кандидатурата на адвокатот Јонко Грозев за уставен судија поради неговото застапување на Обединетата македонска организација „Илинден“.

„Фондацијата ‘Македонија’ категорично се противи на кандидатурата на адв. Јонко Грозев за уставен судија. Со оглед на водечката улога на адвокатот Грозев низ годините во одбрана на нелегитимната организација „ОМО Илинден“, вклучително и пред Европскиот суд за човекови права, каде што Република Бугарија беше тужена за тоа дека земјата го штити својот Устав и уставниот поредок, одбивајќи да регистрира невладина организација која во своите статути и цели се противи на територијалниот интегритет на Република Бугарија и Уставот.

Во оваа насока беше водечка улогата на адвокатот Грозев како добар правник со искуство во ЕСЧП, па затоа сметаме дека е крајно неприфатливо адвокатот Грозев да стане дел од Уставниот суд, против чиј Устав повеќепати се спротивстави, бранејќи нелегитимна организација која се декларира против територијалниот интегритет на државата.

Ги повикуваме останатите парламентарни партии во Народното собрание да гласаат против кандидатурата на адвокатот Јонко Грозев за уставен судија за да се заштити уставниот поредок на Република Бугарија и доброто име на Републиката“, се вели во декларацијата на Фондацијата „Македонија“.

Адвокатот од Софија, Јонко Грозев, до неодамна девет години беше судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Поддршка за неговата кандидатура за нов уставен судија даде коалицијата Продолжуваме со промените на експремиерот Кирил Петков и Демократска Бугарија. Петков минатата година го предложи Грозев за главен јавен обвинител.

Во 2005 година ОМО „Илинден“ – ПИРИН, застапуван од Јонко Грозев, доби два случаи против Бугарија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Судот заклучил дека во 12 случаи во периодот од март 1998 и септември 2003 година, кога ОМО сакаше да организира мирни демонстрации, властите го спречиле тоа.

Continue Reading

Македонија

Славјанка: Не смееме да ја оставиме Украина сама

Published

on

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денес присуствуваше во Делегацијата на ЕУ, во Скопје, каде имаше свој говор, и каде втора година по ред, се одржува настан во сеќавање на 24 февруари, кога во 2022 година, почна руската инвазија врз Украина.
Како демократски општества не можеме и не смееме да ја оставиме Украина сама. И тогаш и денес, ќе бидам гласна во повикот дека поддршката и помошта која ја даваме на Украина мора да биде повидлива и пореална. Затоа што не смееме да заборавиме дека и тогаш и сега, Украина е живиот штит на Европа, рече Петровска во својот говор.

Република Северна Македонија помина низ тешки политички и економски предизвици, па дури и безбедносни и затоа длабоко ја разбираме важноста на меѓународната солидарност и поддршка, потенцираше Петровска.

– Лично јас, верувам и сите ние, ги поддржуваме сите дипломатски напори кои имаат за цел постигнување на праведен и траен мир – мир што ќе биде во согласност со меѓународното право и волјата на украинскиот народ. Иднината на Украина е иднина на Европа. Наша заедничка одговорност е да обезбедиме сигурност и одржливост на одлуките кои ќе бидат донесени, рече Петровска.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк