Коха-Ни Турција не ја сака Теута за амбасадор

Се чини дека Теута Арифи, поранешна градоначалничка на Тетово, нема да може да се вклучи во македонската дипломатија. По Вашингтон и Брисел, и официјална Анкара одби таа да биде амбасадор на Македонија во Турција, дознава весникот „Коха“.

Извори на „Коха“ тврдат дека по одбивањето на Вашингтон и Брисел, Владата и Министерството за надворешни работи се обиделе да ја испратат Арифи во Анкара, Турција. Сепак, официјалната реакција на Република Турција била брза и агреманите нема да бидат одобрени.

Претходно таа беше непожелна за амбасадор и во САД и во ЕУ.

Вучиќ: Гајле ми е за Американците и Русите, работам само за доброто на мојата држава

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека со американскиот сенатор Крис Марфи не разговарал за воведување санкции против Русија, но и дека Србија е под сериозен притисок од сите страни да се приклучи, јави дописникот на МИА од Белград.

Одговарајќи на новинарски прашања по одржување на воената вежба „Штит 2022“ во Батајница, Вучиќ оцени дека во тек е светски политички конфликт и дека Србија се соочува со неверојатни притисоци.

– Тоа се сведува на многу софистицирани методи на закана и уценување на економскиот напредок или назадување на земјата. Во овие услови само барам луѓето да разберат и да видат колку државата се бори да зачува се што можеме од животниот стандард, кажа тој и додаде дека повеќе ќе зборува за воведувањето санкции против Русија на 6 мај

– Се што можам да ви кажам е дека Србија ги донесе своите заклучоци во Советот за национална безбедност. Нашата политика мора да биде политика на одговорност, што не е ниту едното ниту другото. Навистина не можам да зборувам за шпекулации за тоа кога некој ќе воведе санкции и дали некој ќе воведе санкции. Дури ни господинот Марфи (американски сенатор) не кажа дека јас зборував за тоа, а српските медиуми пренесоа дека само се чека кога ќе воведеме санкции. Ние разговаравме за сосема друга тема, истакна Вучиќ.

Претседателот на Србија на новинарско прашање се осврна и на информациите дека на фронтот во Украина се пронајдени српски мини.

– Ние ги доставивме во некои други земји. Ги испорачавме во Полска. Од испораката на мини живеат неколку фабрики. Каде да го извезуваме оружјето и експлозивите? Тоа не е производство на балетски чевли, тоа е оружје. Не разбирам, што сакате од нас? Дали не обвинувате за тоа што ние сме единствената земја што нема да дава оружје на ниту една страна, кажа Вучиќ.

На прашањето на ТВ Н1, тој повтори дека неговиот разговор со сенаторот Марфи нема врска со санкции кон Русија.

– Се работеше за еден конкретен и посебен проект. Не ми паѓа на памет да се правдам. Сметам дека би биле најсреќни доколку воведам санкции денес. Морални проповеди ми давате затоа што не сум изрекол санкции и што ќе ги воведам за два месеци. Замислете, уште два месеци. Па 120 дена да издржиме, една толку мала земја. Два месеци се далеку… Но тоа се однесуваше на нешто друго, тврди Вучиќ.

Тој порача дека на 6 мај повеќе ќе зборува за изјавата на Путин, кој го спореди признавањето на Косово со Доњецк и Луганск околу пресудатата на Меѓународниот суд на правдатата.

– Навистина ми е гајле за Американците, навистина ми е гајле за Русите и Европејците, и сам да останам на светот, ќе работам само за доброто на мојата земја, изјави Вучиќ.

Бугарско-македонски клубови: Меѓу претставниците од Македонија се Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски

Прва дигитална телеконференција на македонски и бугарски интелектуалци, општествени работници, новинари и претприемачи ќе се одржи во вторник во прес-клубот на БТА во Софија и во Институтот за Општествените и хуманистичките науки во Скопје.

-На дигиталната телеконференцијата ќе биде објавен Заеднички документ за зближување и соседство, кој ќе биде патоказ за градење целосен процез за зближување меѓу двата народи и двете земји обединети во нова мрежа на клубови за бугарско-македонско пријателство во двете земји, се вели во соопштението од организаторите испратено до дописникот на МИА од Софија.

Целта е да се создаде активно граѓанско општество со претставници од Бугарија и Македонија, кои ќе работат на зближување на двете општества врз основа на европските вредности. Исто така, целта на Клубот за бугарско-македонско пријателство е да организира академски, културни, спортски и секакви средби на граѓаните на двете земји за да се подобри меѓусебното познавање, разбирање, пријателство и добрососедство.

-Целта е да се извлечат бугарско-македонските односи од „ќорсокакот“ во кој моментално се наоѓаат како резултат на засилениот дијалог во сите области, да се отстранат од тесните политички и дипломатски кругови, како и од оние кои се под контрола на властите или одредени тајни центри „во двете земји, кои отворено работат против добрососедската политика.

Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експерт за одбрана и поранешен министер за одбрана на Бугарија Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени Канев, светски познатата тенисерка Мануела Малеева, режисерот Јавор Гардев, советникот на првиот демократски избран претседател на Бугарија Жељу Желев за етнички прашања, Михаил Иванов.

Од македонска страна на иницијативата се приклучуваат филозофката Катерина Колозова, политикологот Љубчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Зајковски, како и поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

Меѓу основачите се Бугарскиот културен клуб – Скопје, Културно-просветното друштво Вардар и Здружението на граѓани за промоција, издаваштво, иницијативи и меѓународна соработка „Дело“. Како што наведуваат организаторите во нивното соопштение до дописникот на МИА во Софија, учесник во клубот може да биде секој кој за тоа ќе се пријави на веб-страницата www.bgmkclub.eu или на електронската пошта bgmkclub@gmail.com.

Почина мајката на Аки Рахимовски: До самиот крај не знаела дека нејзиниот син заминал пред неа

Утрово во Скопје почина Ана, мајката на музичарот Аки Рахимовски. Веста на Фејсбук ја објави нивната кума од Скопје, новинарката Мирјана Василева. Василева на Фејсбук напиша дека Ана сега конечно е крај својот син, кој почина на 22 јануари годинава во Ново место, Словенија.

– Патувај во божјата светлила тетка Ана, сигурно ќе те дочека синот Аки Рахимовски, почивај во мир, напиша Василева. За Женски магзин таа раскажа дека Ана починала во домот за стари лица каде што претсојувала последниот период од својот живот, и до самиот крај не знаела дека нејзиниот син починал пред неа.

(Видео) Македонец од Пиринска Македонија: Јас сум Македонец, татко ми беше Македонец, дедо ми беше Македонец…

Храбар Македонец од Пиринска Македонија во видео објавено на социјалните мрежи кажа кој е и што е без никаква дилема.

Не само што истакна дека неговата фамилија од секогаш се декларирале како Македонци тој им порача на бугарските новинари и политичари да учат малку историја.

Видео:

https://www.facebook.com/dragi.stojanov.58/videos/1036433967083857/?app=fbl

НАТО распоредува околу 8.000 војници во Македонија и регионот

Во нашата земја и регионот наскоро пристигнува огромна воена сила предводена од Британија. Според најавите на британската влада, НАТО сојузниците во деновиве што следат распоредуваат околу 8.000 војници на воени вежби низ Источна Европа вклучително и Македонија во знак на демонстрација на сила, по руската инвазија на Украина.

Како што пренесуваат медиумите, повикувајќи се на соопштението на британското Министерство за одбрана, воените вежби ќе започнат од следиот месец во повеќе држави кои се протегаат од Финска на север, па сѐ до Македонија а учество ќе земат повеќе земји членки на НАТО, вклучително и Франција и САД.

Консултираните домашни воено политички аналитичари велат дека Македонија не треба да стравува за својата безбедност бидејќи станува збор за стратешко разместување.

За „Слободен печат“ генералот и универзитетски професор Методи Хаџи – Јанев вели дека навременото распоредување на воените сили на сојузниците во овој дел од Европа е превентивно бидејќи состојбите допрва ќе се влошуваат.

– Во рамките на оперативното планирање ваквите потези се прават како дел од фазата на одвраќање, во која воените состави вршат маневар разместување, набљудување стратешко разунавање со цел да влијаат кај потенцијалниот непријател на одвраќање од евенбтуална употреба на сила – појаснува Хаџи – Јанев.

Според него со оглед на тоа дека дипломатските решенија имаат се помалку шанса логично е воените сили да вршат навремено стратешко разместување на капацитети кои треба да бидат дополнителен дел во осигурување на потенциујалниот противник за сериозноста на НАТО и сојузниците.

– Ваквото стратешко разместување се приближува и кон фазата на зграбчување на иницијативата-фаза пред да се започне со главни воени операции (офанизвни, дефанзивни дејства, или спречување на ирегуларно војување – вели генералот Хаџи – Јанев.

Слично размислува и воено-политичкиот аналитичар Милан Стефановски кој додава дека актуелните случувања во праска покажуваат како чадорот на НАТО ја „покрива” Македонија која на овој начин доживува заштита од своите поголеми и помоќни сојузници.

Извор: Слободен печат

Огромен споменик за УЧК и „мачениците“ во Слупчане, вреди 200.000 евра и свечено ќе се отвора на 2 мај (Видео)

На 21-годишнината од војната во која загинаа македонските бранители, споменик вреден 200 илјади евра посветен на борците на УЧК ќе биде свечено откриен во Слупчане. Изградбата беше најавена уште лани на 2 мај, денот кој ДУИ го слави како ден на „бранителите“.

Овој споменик е во спомен на паднатите борци, ОНА, мајките, жените, сестрите од оваа зона, рече тогаш Ахмети.

Токму на 2 мај и ќе биде свечено отворена таканаречената „спомен кула“. Настанот го сподели градоначалникот на Општина Липково Еркан Арифи од ДУИ.

За она што мачениците го дадоа за нашата слобода, ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот, пишува тој.

Видео:

Орце Камчев се спогоди со државата за случајот „Империја“ – плати пет милиони евра и не оди во затвор

Во текот вчерашниот ден, Основниот кривичен суд Скопје прифати две Предлог спогодби склучени пред поднесување на Обвинителен акт помеѓу јавниот обвинител Лиле Стефанова од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и двајца обвинети во предметот „Империја“.

Cпoгoдбитe ce oднecyвaaт зa kpивични дeлa oпфaтeни co Нapeдбaтa зa cпpoвeдyвaњe нa иcтpaжнa пocтaпka зa пepиoд дo 2009 гoдинa. Co oпишaнитe дeјcтвијa oбвинeтиoт Ј.K. cтopил kpивичнo дeлo  – „Злoyпoтpeбa нa cлyжбeнaтa пoлoжбa и oвлacтyвaњe“ oд чл.353 cт.4 вв cт.3 и cт.1 и чл.22 oд KЗ, дoдeka oбвинeтиoт Н.Ј. cтopил kpивичнo дeлo ,,Пepeњe пapи и дpyги пpинocи oд kaзнивo дeлo“ oд члeн 273 cт.1 oд KЗ.

Двaјцaтa oбвинeти гo пpизнaa извpшyвaњeтo нa kpивичнитe дeлa штo им ce cтaвaaт нa тoвap и ce coглacијa дa им бидe изpeчeнa kaзнa зaтвop вo тpaeњe oд пo eднa гoдинa вo koјa ќe им ce зacмeтa и вpeмeтo пoминaтo вo пpитвop.

Вo иcтo вpeмe, пpaвнoтo лицe „Kapa“ AД Ckoпјe kako пpaвeн cлeдбeниk нa пpaвнoтo лицe „Opka xoлдинг“ AД Ckoпјe и ДПТY„XOOP“AД Kaвaдapци бeшe зaдoлжeнo дa јa нaдoмecти штeтaтa нa Бyџeтoт нa Peпyблиka Ceвepнa Мakeдoнијa нa имe нa нeплaтeни дaнoци вo изнoc oд 320.918.372,00 дeнapи.

Вo вpeмeнckиoт пepиoд oд јaнyapи 2004 гoдинa дo мapт 2006 гoдинa oбвинeтиoт Ј.K. зaeднo co oбвинeтитe K.K.C. и З.A. и пokoјниoт И.K., kako oдгoвopни лицa извpшни и нeизвpшни члeнoви нa Oдбopoт нa диpekтopи вo пpaвнoтo лицe „Opka xoлдинг“ AД Ckoпјe koe вo okтoмвpи 2004 гoдинa e пpeимeнyвaнo вo ДПТY „XOOP“ AД Kaвaдapци, ги иckopиcтилe cвoитe oвлacтyвaњa и пoлoжбa и гo oштeтилe дoвepитeлoт – Миниcтepcтвoтo зa финaнcии – Yпpaвa зa јaвни пpиxoди Ckoпјe, зa изнoc 322.918.371,00 дeнapи.

Oбвинeтиoт Ј.K., вo јaнyapи 2004 гoдинa, ocнoвaл oф-шop koмпaнијa вo CAД. Oд cтpaнa нa oбвинeтитe Ј.K., K.K.C. и З.A. зaeднo co ceгa пokoјниoт И.K. билa дoнeceнa oдлyka зa ckлyчyвaњe нa фиkтивeн дoгoвop co koмпaнијaтa зa нaвoднa изpaбoтka и иcпopaka нa koнфekцијa – вoeни yнифopми.

Koмпaнијaтa koјa нeмaлa вpaбoтeни лицa, нитy дeлoвни akтивнocти, билa зacтaпyвaнa oд oбвинeтиoт Д.Ј. – вpaбoтeн kako вoзaч вo пpaвнoтo лицe „Opka xoлдинг“ AД Ckoпјe, koј пpифaтил дa ce пoтпишyвa kako пoлнoмoшниk. Зapaди нaвoднo oбeзбeдyвaњe дeka yнифopмитe ќe бидaт изpaбoтeни, пoгoлeм дeл oд имoтoт нa „Opka xoлдинг“ AД Ckoпјe бил cтaвeн пoд xипoтeka.

Зa дa гo нaмaли имoтoт нa „Opka xoлдинг“ AД Ckoпјe, oбвинeтиoт Ј.K. вo имe нa пpaвнoтo лицe oд CAД вo пepиoд oд мeceц мaј 2004 гoдинa дo мaј 2005 гoдинa, вo нekoлky нaвpaти изгoтвyвaл нeвиcтинити фakтypи co вkyпeн изнoc oд 11.000.000,00 eвpa koи билe eвидeнтиpaни вo kнигoвoдcтвeнa eвидeнцијa kako виcтинити.

Се скараа Бугарите и Србите: Џамбаски со навреди, Брнабиќ е гувернер на руската покраина Србија

Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Ангел Џамбаски ја коментираше изјавата на премиерката на Србија Ана Брнабиќ на тема прекин на транзитот на руски гас преку Бугарија и ја нарече „гувернер на руската покраина Србија“.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, коментирајќи ја можноста за прекин на транзитот на гас изјави дека е недозволиво да се разгледува таква можност и дека оваа одлука би била невиден преседан.

Џамбаски ја нарече премиерот на Србија „гувернер на руската покраина Србија“, која не сака да им се спротивстави на „своите газди“. Тој изјави дека укинувањето на гасот за Бугарија ќе има последици и за нејзините соседи и го повика премиерот на Србија „да избере страна“.

ОД УТРЕ УЧЕНИЦИТЕ во училиште, ШТРАЈКОТ ствен во МИРУВАЊЕ

Министерството за образование и наука (МОН) попладнево ја поздрави одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) да го стави штрајкот во мирување.

– Тргнувајќи од итноста за заштита на јавниот интерес на граѓаните, правото на образование и последиците кои можат да настанат во случај кога овој процес е прекинат, а воедно земајќи ги предвид и барањата на СОНК, Министерството за образование и наука постапи согласно Законот за мирно решавање на работните спорови и во текот на денешниот ден упати барање до Министерството за труд и социјална политика за одредување на помирувач во овој процес. Со оваа одлука, Министерството за образование и наука ја искажува спремноста за продолжување на процесот на преговори со социјалните партнери и изнаоѓање на најдоброто решение за сите во овој случај, се наведува во соопштението од МОН.

Одлуката на СОНК, како што велат од МОН, е во интерес на учениците и континуитетот на процесот на образование и со неа се обезбедува уставно загарантираното право на образование на децата.

Од МОН порачуваат дека ќе бидат партнер на синдикалните организации и дека преку социјален дијалог ќе се унапредуваат работничките права. Во тој процес, велат од МОН, сме отворени за континуирана соработка и размена на мислења и ставови, чија цел ќе придонесе кон подобри работни услови и мотивирани просветни работници, што ќе влијае и на зголемување на квалитетот на образованието.

Во моментот членови на Синдикатот на образованието, науката и културата (СОНК) во моментов се собираат пред седиштето на Синдикатот бидејќи се незадоволни од одлуката штрајкот да се стави во мирување.