Uncategorized
Календар на МПЦ: Денеска се празнува Светиот апостол Јаков
Published
3 years agoon
By
Уредник
Светиот апостол Јаков
Син на Заведеј, брат на Јован, еден од Дванаесеттемина. Кога Господ Исус ги повика, тој и брат му Јован ги оставија рибарските мрежи и својот татко и веднаш тргнаа по Него. Спаѓа меѓу оние тројца апостоли на коишто Господ им ги откриваше најголемите тајни, пред кои се преобрази на Тавор и пред коишто тагуваше во Гетсиманската градина пред да пострада. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Јаков по разни краишта го проповедаше Евангелието и отиде дури до Шпанија. Кога се врати оттаму со него почнаа да се препираат за Светото Писмо Евреите. Бидејќи никако не можеа да му одолеат, најмија еден маѓесник Хермоген. Но Хермоген и неговиот ученик Филип обајцата беа победени од силата на Вистината што ја проповедаше апостолот и откако беа поразени се крстија. Тогаш Евреите го обвинија кај Ирод и го наговорија некој Јосија да клевети на апостолот. Овој Јосија го виде мажественото држење на Светиот апостол и штом ја слушна јасната проповед за Вистината, се покаја и поверува во Христа. Кога го осудија на смрт Јаков, го осудија и Јосија. Тој го молеше апостолот да му го прости гревот на клевета. А Јаков го прегрна, го целива и му рече: „Мир на тебе и прошка!“ И обајцата ги наведнаа главите под мечот и беа убиени за Господ Кого Го возљубија. Свети Јаков пострада во 45 година во Ерусалим. Неговото тело беше однесено во Шпанија, а на неговиот гроб и денес се случуваат чудесни исцеленија.
Тропар
Ти си бил избран апостол, и на возљубениот Богослов брат еднороден, сефален Јакове. За оние што те воспеваат, испроси прошка на гревовите, за душите наши – милост голема.
Кондак
Кога го слушна гласот Божји, кој те повикува, си ја презрел љубовта таткова, и си тргнал по Христа, славен Јакове, заедно со твојот брат (Јован). Со него си се удостоил да го видиш божественото преображение Господово.
Свети Донат
Епископ во Еврија Албанска. Бог му даде голема благодат на чудотоврство, па правеше многу чуда корисни за луѓето. Така претвори горчлива вода во пивка, низведе дожд во сушно време; ја исцели од лудило царската ќерка, воскресна мртовец. Овој мртовец му го имаше исплатено долгот на својот заемодавец, но бидејќи несовесен заемодавецот сакаше уште еднаш да си го наплати долгот и го бараше од вдовицата на покојниот. Вдовицата плачеше и му се жалеше на епископот. Свети Донат го опомена заемодавецот да почека да го погребаат човекот пред да поразговарат за ова. Но заемодавецот настојуваше со жестокост. Тогаш Свети Донат му пристапи на мртовецот, го фати и му викна: „Стани, брате, и види што имаш со твојот заемодавец!“ Мртовецот се крена и со грозен поглед го погледна својот заемодавец, па му кажа каде и кога му го платил долгот. И плус тој ја побара од овој заемодавец својата писмена обврзница. Исплашен заемодавецот му ја врачи неговата хартија, мртовецот ја искина и повторно легна и се упокои. Свети Донат мирно се упокои во длабока старост и отиде кај Господ во 387 година. Неговите мошти почиваат во Еврија во Албанија.
Тропар
Верата твоја, свети Донате, засилена со молитвеното подвижништво, благодатта во сила чудотворна ја претвори и од Бога измоли пустини да станат водни извори и мртва твар да проговори, по твоите свети молитви да се оживи. И сега, свет Божји човеку, измоли од Бога вода жива која ќе ги очисти нашите срца обременети и нe приведе кон спасение.
Светата маченичка Аргира
Оваа Христова маченичка е родена во Бруса, од благочестиви родители. Штотуку се омажи за еден христијанин, во неа се загледа еден Турчин од соседството, па ја повикуваше на грев со него. Христољубивата Аргира ги одбиваше нечистите предлози на Турчинот. Но овој се разбесни и ја обвини на судот дека божем сакала да прими ислам, па се откажала. Од судија до судија, од затвор до затвор, Света Аргира помина цели петнаесет години страдајќи за Христа. Зашто Го љубеше Господ над с ? . Најпосле се упокои во затворот во Цариград во 1725 година.
Тропар
Долг беше патот твој кон небесата, Аргиро света, за нас кои не го познавме трпението твое, но утеха ни стана ревноста храбра, која ја покажа од зандана во зандана поведена, која за тебе постана награда по награда нанижана, закрепена со надеж во Бога, за нас моли се маченичке света, да се ослободиме од оковите на гревот.
Свети Игнатиј Брјанчанинов
Родителите на Преосветениот Игнатиј стапиле во брак уште во рана младост. Во почетокот на нивниот брак биле родени две деца, но таа радост не траела долго; и двете деца умреле во првите денови од животот и младиот брачен пар долго време останал без деца. Во длабока тага заради долготрајната бездетност, младите сопружници се обратиле кон единствената помош – небесната. Со усрдни молитви и добри дела измолиле разрешување на неплодноста. Како дар на молитвата на ожалостените родители им се родил син, со име Димитриј, во чест на еден од првите вологодски чудотворци – преподобен Димитриј Прилуцки. Детето Димитириј е роденo на 6 февруари 1807 година во селото Покровск, во Грјазовецката област, во Вологодската губернија. Идниот монах ја имаше таа среќа своето детство да го помине во допир со природата, која така стана неговиот прв учител. Тука ја стекна љубовта кон осаменоста. Искрата на божествената љубов засветли во неговото чисто срце и се пројави во несвесна приврзаност кон монаштвото и неговите високи идеали, како и во особена наклонетост кон сѐ свештено и вистински убаво, според мерата на неговата детска возраст. Момчето духовно беше одделенo од светот, а таквото настроение на малолетниот Димитриј не можеше да наиде на разбирање од родителите. Неговиот татко, Александар Семјонович Брјанчанинов, потомок на старата племска многу позната и почитувана фамилија Брјанчанинови, беше светски човек, во полна смисла на зборот. Мајката – Софија Атанасјевна, жена со видно образование, благочестива, не заборавајќи дека мажот е глава, во сѐ му се повинуваше на мажот, делејќи ги со него неговите ставови и размислувања. Сите деца во фамилијата Брјанчанинови, браќата и сестрите на Димитриј Александрович, беа воспитувани заедно, но сите го увидуваа првенството на Димитриј, не само заради тоа што беше најстар, туку и заради особената, возвишена ускладеност на неговиот ум и карактер. Иако беше почитуван од браќата и сестрите и сите ги надминуваше со научните способности и други таланти, Димитриј никогаш не се превознесуваше. Почетоците на монашкото смиреноумие се пројавуваа во неговото однесување и начин на мислење. Често сакаше да ја посетува црквата, а дома имаше обичај да се моли и во текот на денот, не ограничувајќи се само на востановеното време – наутро и навечер. Неговата молитва не беше налик на вообичаено исчитување, забрзано и без внимание, како што е тоа обичај кај децата; тој се учеше на внимателна молитва, стоејќи со стравопочит и бавно изговарајќи ги молитвените зборови, и толку напредна во неа што уште во детството се насладуваше со благодатните плодови. Евангелието секогаш го читаше со умиление, размислувајќи за тоа што чита. Способносите на Димитриј беа многустрани: освен вообичаеното занимавање со науките, тој со голем успех се занимаваше со калиграфија, сликање, нотно пеење и со свирење виолина. Димитриј во домот на родителите живееше до неговата шеснаесетта година; тој прв период од неговиот живот веќе беше тежок за него, во духовна смисла. „Моето детство беше преисполнето со тага. Тука ја гледам Твојата рака Господи, Боже мој! Јас немав кому да го откријам своето срце; почнав сам да го излевам пред Тебе, почнав да го читам Евангелието и житијата на Твоите светии. Завесата, само на некои места пропустлива, го покриваше за мене Евангелието; но Твоите Пимен, Сисој и Макариј, оставаа необичен впечаток на мене. Мислата која често се вознесуваше кон Тебе со молитва и читање, почна малку по малку да донесува мир и спокојство во мојата душа. Кога бев на петнаесет години, неискажлива тишина струеше низ мојот ум и срце. Но, не ја разбирав – јас го сметав тоа за вообичаена состојба на сите луѓе.“ На крајот од 1822 година, родителите го однесоа Димитриј во Санкт Петербург за да го запишат во главната инжењерска школа. Тогаш ненадејно таткото му се обрати на синот со следните зборови: „Каде би сакал да стапиш на служба? Погоден со така необичната отвореност на таткото, синот повеќе не сакаше да ја скрива својата тајна; прво измоли ветување од него дека нема да се налути ако не му се допадне одговорот, а потоа со цврста волја и сила на потполно искрено чувство, рече дека сака да оди „во манастир“. Но, татковите планови во потполност се разидуваа од желбата на синот… Димитриј напредуваше во науките, а одличното однесување и наклонетоста на великиот кнез, имаа влијание и на неговото напредување во службата. Извонредните умни способности и морални особини на Димитриј ги привлекуваа школските професори и сите се однесуваа кон него со голема благонаклоност, отворено давајќи му првенство пред сите останати ученици. Покрај службено-научната дејност, Димитриј имаше успех и во светското друштво, поради своите лични добродетели. Роднинските врски го одведоа во домот на тогашниот претседател на Академијата на уметноста, Олењин. Таму на книжевните вечери стана омилен рецитатор, а со поетскиот и книжевен талент го привлече вниманието на познатите личности од книжевниот свет: Гнедич, Крилов, Батјушков и Пушкин. Таквото друштво имаше добро влијание на литерарниот развој на идниот писател. Димитриј Александрович, и покрај вревата на престолничкиот живот, остана верен на своите духовни стремежи, кои ги живееше во осаменоста на далечното родно место: тој во верата секогаш бараше живо, опитно знаење и сочуван од благодатта не се предаде на трулежното влијание на туѓите учења, ниту на стапиците на светските задоволства. „Поминаа скоро две години во световни интересирања: во мојата душа се роди, и веќе израсна, некаква страшна пустош, се јави глад, се јави неподнослив копнеж по Бог. Почнав да ја оплакувам својата небрежност, да го оплакувам својот заборав на којшто му ја предадов својата вера, да ја оплакувам слатката тишина што ја загубив, да ја оплакувам празнината што ја стекнав, што ме притискаше, ужаснуваше, исполнувајќи ме со чувство на сиромаштво, губиток на живот! И точно, тоа беше страдање на душата, која се оддалечила од својот вистински живот, Бог. Се сеќавам: одам по улиците на Петроград во униформата на јункер, и од очите пролевам потоци солзи…“ „Светот за мене не претставуваше ништо примамливо: јас кон него бев толку ладен, како светот потполно да беше без искушенија! Како да не постоеја тие за мене: мојот ум целиот беше нурнат во науките, и воедно гореше од желба да спознае каде се крие вистинската вера, каде се крие вистинското учење за неа, далеку од догматските и морални заблуди“. Димитриј Александрович ѝ се сврте на молитвата, творејќи ја во себеси, внимателно и непрестајно. Тој се занимаваше со умната молитва, и толку желно се вежбаше во неа, така што таа почна сама да дејствува во него. „Се случуваше навечер“, зборуваше тој за себеси подоцна, „да лежам во постела и да ја ставам перницата под глава, почнувајќи да ја кажувам молитвата, и така, не менувајќи ја положбата, не прекинувајќи ја молитвата, да станувам наутро, да одам на работа, на часови“. На тој начин, бидејќи беше монах во душата, и веќе со шеснаесет години го имаше искусено благодатното дејство на молитвата, ова побожно момче не можеше да се задоволи со обичајот само еднаш годишно да пристапува кон Светите Тајни исповед и Причест, туку му беше потребно почесто да се закрепнува со таа духовна храна, па се обрати на вероучителот и духовникот на училиштето. Тоа предизвика зачуденост кај духовникот, посебно кога на исповед тој рече дека „се бори со мноштво гревовни помисли“. Не правејќи разлика меѓу „гревовни помисли“ и „политички замисли“, отецот протоереј сметаше дека е обврзан за тие околности да ја извести школската управа. Тогаш го подвргнаа момчето на формално испитување за значењето на помислите, кои тој самиот ги признаваше за грешни. Германската управа, не сфаќајќи го значењето на тие изрази, почна да го набљудува Брјанчанинов. Димитриј беше принуден да си пронајде друг духовник, и затоа се обрати кај монасите од Валаамскиот метох и почна да оди таму секоја сабота и недела поради исповед и Света Причест, скришно од школската управа. Во тоа дело му се придружи и неговиот другар Чихачов. Монасите од Валаамскиот метох со љубов ги примаа младите луѓе, но тие како луѓе со обично образование, кои првенствено се ограничуваа на надворешен подвиг, не можеа во потполност да одговорат на нивните духовни потреби, па ги посоветуваа за духовни поуки да се обратат кај монасите од Невската лавра. Во тоа време таму живееја некои ученици на старците Теодор и Леонид, кои пак монашкиот потстриг го примиле од познатиот старец Паисиј Величковски. „Пред погледот на умот, веќе се најдоа границите на човечките знаења во највисоките крајни науки. Доаѓајќи до тие граници, јас ги прашував науките: ‘Што му давате вие на човекот како имот? Човекот е вечен, и неговиот имот мора да биде вечен. Покажете ми го тој вечен имот, тоа вистинско богатство, кое би можел да го однесам со себе во гроб!‘ Науките молчеа.“ „И почнав често, со солзи, да Го молам Бог, да не ме остави како жртва на заблудата, да ми го покаже вистинскиот пат, по кој би можел да одам пред Него, невидливо со умот и срцето. Одеднаш, ми се појави мисла… а срцето ѝ притрча како на пријател во прегратка. Таа мисла ми советуваше да ја изучам верата од изворот – од делата на светите Отци. ‘Нивната светост’, ми говореше таа, ‘гарантира за нивната веродостојност: нив одбери ги за раководители’. Ако си видел некој кој е опрелестен од лажно учење, кој пострадал поради неправилно избран подвиг – знај дека тој се следел себеси, својот разум, своите мислења, а не учењето на Отците, кое го сочинува догматското и морално предание на Црквата.“ Духовните стремежи на младиот подвижник, неговата ревност, усрдност во молитвата, наидоа на тешка проверка. Првите непријатели на патот на неговото спасение беа неговите домашни. По налог на таткото, школската управа презеде мерки преместувајќи го Брјанчанинов од приватниот стан во државен, под строг надзор, а една негова роднина, многу влијателна личност, го извести тогашниот Митрополит петроградски Серафим дека нема да одбегне непријатности доколку Брјанчанинов биде примен во Лаврата за монах. Митрополитот строго му забрани на духовникот Атанасиј да ги прима Брјанчанинов и Чихачов на исповед. Но, Димитриј сам му се обрати на Митрополитот и лично му ја објасни својата неизоставна желба да стапи во монаштво, и Митрополитот му дозволи како и порано да оди кај духовникот во Лаврата. Покрај случувањата и околностите кои зависеа од волјата на луѓето, и самата природа поставуваше препреки на благочестивите намери на младиот Димитриј. Во 1826 година се разболе од болест на белите дробови, која ги имаше сите симптоми на туберкулоза. Лекарите му ја соопштија опасноста на неговата состојба, и тој самиот сметаше дека е на прагот на смртта, и со чести молитви се подготвуваше за премин во вечноста. Но, не се случи онака како што предвидуваа лекарите од престолнината; болеста доживеа поволен пресврт, и му послужи на болниот како доказ дека без волјата Божја ни најпостојаните закони на природата немаат сила да дејствуваат на нас. Но, за да се оствари тој пресврт т.е. потполно да ги прекине сите врски со светот, беше потребен човек кој ќе му помогнеше во тоа, кој со силата на својот дух ќе го води по себе. За Димитриј тоа стана гореспоменатиот јеромонах Леонид. „Срцето ми го зеде отец Леонид – сега е одлучено; ќе дадам оставка во службата и ќе одам по старецот; на него ќе му се предадам со сета душа и ќе го барам единствено спасението на душата во осаменост“. Но, пред да замине во манастир мораше да издржи голема духовна борба со родителите, од една страна, и со моќниците од овој свет, од друга страна. Го положи завршниот испит во инжењерската школа, и тогаш ослободувајќи се од училиштето даде оставка во службата. Но, тука го снајде друга неволја: мораше да си има работа со високите власти, мораше да ја брани својата заветна желба дури пред монархот, на кого му го должеше целото воспитување, образование и благодарност за благонаклонетоста. На дворот на великиот кнез, пред целата управа на инжењерската школа деветнаесетгодишното момче, со трепет во срцето, но со цврста волја, дојде на тоа собрание. Великиот кнез му соопшти дека царот император знаејќи ги неговите способности во службата, наместо оставка, има намера да го приведе во гардата и да му даде таква положба која ќе ги задоволи и самољубието на Брјанчанинов и неговото славољубие. Но, Брјанчанинов му одговори: „Да останеш во светот и да сакаш да се спасиш, тоа е, Ваше Височество, исто како да стоиш во оган и да сакаш да не изгориш“. Не освртувајќи се на убедувањата на великиот кнез, кој прибегнуваше кон ласкања и закани, Брјанчанинов остана чврст во својата намера, но сепак, великиот кнез му соопшти дека царот император одбива да го ослободи од службата. На новото работно место, поради слабото здравје, Димитриј беше принуден по неколку недели да не излегува од станот и да не ги исполнува своите работни обврски. Во 1827 година, при една посета на ова утврдување, великиот кнез се увери во неспособноста на офицерот Брјанчанинов за извршување на службата и ја исполни неговата непопустлива желба да биде отпуштен. Веднаш по добивањето на отпустот, Димитриј се упати во Александро-свирскиот манастир, кај отец Леонид, за под негово раководство да го започне монашкиот подвиг. „Јас стапив во манастир, како што избезумениот, покривајќи ги очите и оставајќи секое размислување, се фрла во оган, или во провалија, како што војник со срце носен, трча во крвав бој, во очигледна смрт. Мојата ѕвезда-водителка. Добрата мисла, дојде да ми свети во осаменоста, во тишината, или поточно во темнината, во манастирските бури“. Стапувајќи во манастирот, Димитриј со сета душа му се предаде на старецот Леонид, на духовно раководство. Исповедта на чистото срце, постојаната предаденост на старецот и сецелото отсекување на волјата пред него, го наградија со духовна утеха, леснотија и мирна состојба на духот, кои се својствени за бестрастието. Подоцна, поради многубројноста на обителта, се појави потреба отец Леонид со своите ученици да се пресели од Свирскиот манастир на друго место. Тие се упатија во Плошќанската пустина, во Орловската губернија. Во тоа време во Плошќанската пустина пристигна и Чихачов. Старецот Леонид го благослови животот на двајцата другари, одвоен од другите ученици. Младите послушници во потполност му се предадоа на подвижничкиот живот. Сите нивни душевни сили беа предадени на богомислие и молитва. Но, меѓу основачот на пустината јеромонахот Маркел и старецот Леонид настана несогласување, коешто го примора последниот да ја напушти Плошќанската пустина и да се пресели во скит на Оптинската пустина. Но, Димитриј и неговиот другар во Оптинската пустина не беа пријатно пречекани. Игуменот ги гледаше неблагонаклоно, а браќата кон нив се однесуваа со недоверба. Имаа многу неволји поради осаменичкиот начин на живот. Во тоа време, мајката на Димитриј се разболе, и таа посака да го види својот син, а и срцето на таткото смекна, та му напиша писмо дека нема да му ги попречува намерите, и да дојде да ја види мајка си. Димитриј појде кај родителите заедно со својот другар. Но, здравствената состојба на мајка му во меѓувреме се подобри, а таткото повторно пробуваше да го наговори да стапи во државна служба. Така, тој повторно се најде во светот, барајќи прибежиште да се заштити од световното друштво, кое е неспоиво со монаштвото, и да се смести некаде во манастир. Раката Божја, која невидливо го покриваше скитникот без прибежиште, се допре до срцето на Преосветениот Стефан, кој многу го засака Димитриј и за заложи за него. Со негов благослов се настани во Семигородската пустина, а потоа на молба на Димитриј, беше преселен во Глушицката пустина, каде што е и именуван за послушник. Бидејќи таткото на Димитриј не престануваше да бара неговиот син да го напушти манастирскиот живот, Димитриј почна да го моли архиерејот да му направи милост и, земајќи ги предвид семејните околности, да го забрза неговиот потстриг во монаштво. Така, Владиката издејствува одобрение од Светиот Синод и го повика Димитриј од Глушицкиот манастир во Вологод и му рече да се припреми за потстриг. Во 1831 година, на 28 јуни, Преосветениот Стефан го потстрижа Брјанчанинов во схима, во соборната црква на Воскресение, и го нарече Игнатиј, во чест на свети Игнатиј Богоносец. На 4 јули истата година, Преосветениот Стефан го ракоположи монахот Игнатиј во јероѓакон, а на 25 јули во јеромонах, и привремено го постави при архиерејскиот двор во Вологда. Но, опкуржувањето на пустинољубивиот монах директно се спротивставуваше на неговите желби, и тој побара од архиерејот да го пушти да оди во Глушицкиот манастир. Но, набргу почина управителот на Пелшемскиот Лопотов манастир, па така во 1832 година Игнатиј е именуван на местото на упокоениот. Манастирот скоро да беше разрушен. Но, Игнатиј успеа потполно да го возобнови манастирот. За кратко време братството се зголеми на 30 луѓе. Богослужението се устрои според одреден типик. Обителта се обнови и одвнатре и однадвор. Кога го виде тоа, срцето на неговиот татко смекна, така што Игнатиј веќе можеше да ги посетува родителите. Неговата мајка се хранеше со духовните беседи на синот и нејзините сфаќања се сменија, од телесни станаа духовни, таа му благодареше на Бог што ја удостои нејзиниот првенец да се најде меѓу Неговите служители, што претходно го сметаше за своја голема несреќа. Како старешина на монашкото општожитие, отец Игнатиј стана „ава“ на монашката заедница, во полна смисла на зборот. За игумен на Лопотовската обител е назначен во 1833 година. Но, поради влажната клима, неговото здравје значително се влоши, така што на крај тој заврши во болничка постела. Тогаш о. Игнатиј побара преместување во Николо-угрејшкиот манастир. Но, царот Николај Павлович дознавајќи за сите случувања во врска со животот на игуменот Игнатиј го повика во Петроград за лично да го види, во присуство на Митрополитот Филарет. Во таа прилика, царот на о. Игнатиј му ја назначи Сергиевата пустина, и му даде задача од нејзе да направи манастир, кој во очите на престолнината ќе биде пример за сите манастири. Светиот Синод потоа го произведе игуменот Игнатиј во архимандрит, во 1834 година во Казанската црква. Намерата на игуменот Игнатиј да се пресели од Лопотовиот манастир имаше во основа чисто физичка причина. На неговиот слаб организам му требаше клима, ако не јужна, тогаш во најголема мера сува, а не влажна. Положбата на Сергиевата пустина, во поглед на климата, не ги нудеше дури ни оние погодности кои ги имаше Лопотовиот манастир. А во духовно-морален поглед, новото место беше многу понепријатно во споредба со претходното; тоа бараше двојно поголем духовен подвиг, бидејќи беше опкружено со трња на световни гласини и суета. Само живата вера во промислата Божја и добрата совест во исполнувањето на монашкиот завет на послушанието, кои архимандритот Игнатиј ги покажуваше во однос на царската волја, го крепеа при стапувањето на новото прибежиште. Тој единствено се грижеше за доброто на обителта која му беше доверена. Манастирските конаци, почнувајќи од црквата до последните манастирски згради одамна беа запуштени. Запуштеноста во материјална смисла, распуштеноста во морален поглед, царуваа со сета сила. Сепак, напорите и грижата во возобновата на оваа пустина оставија свој печат на неговото веќе нарушено здравје. „Со неспознатливи дела на Промислата, јас сум преместен во таа обител, до северната престолнина, која, додека живеев во неа, не сакав дури да ја гледам, сметајќи дека во сѐ не одговара на моите духовни цели. Првата година, по доаѓањето во неа ме погоди тешка болест, втората година друга, третата година трета; тие ги уништија остатоците од моето здравје и сили, станав изнемоштен, непрестајно страдајќи. Тука се подигнаа и се запенија завист, злоречие, клевета, овде бев подвргнат на тешки, долготрајни, понижувачки казни, без суд, без најмалку истрага, како бесловесна стока; овде ги видов непријателите кои дишат со непомирлива злоба и жед за моја погибел“. Отец Игнатиј со обновата на храмот заврши во 1838 година, но неговата основна грижа беше внатрешната духовна благосостојба на обителта. На браќата о. Игнатиј им го пренесуваше својот начин на мислење и погледи на монаштво, беше отец и учител на сите. Вратата од неговата келија постојано беше отворена, така што слободно кај него доаѓаа и старите монаси свештенослужители и младите послушници. Така братството стана едно големо семејство, со кое управуваше еден отец, и поврзано со врските на слога и духовно единство, одухотворено и раководено од возвишеното учење на отецот-учител, иако не ги одминуваа тагите и искушенијата. „Да отфрлиме секакво роптање, да отфрлиме секаква тага заради она што ни се случува, да отфрлиме жалост на срцето и меланхолија, од кои слабите души страдаат повеќе отколку од самите неволји. Да отфрлиме секаква мисла за одмазда и враќање со зло на зло. Одмаздата е Моја. Јас ќе отплатувам (Рим 12, 19), вели Господ“. Во 1838 година архимандритот Игнатиј е поставен за устроител на сите манастири во Петроградската епархија. Таа служба ја имаше сѐ до самиот избор на епископската катедра. Тој сметаше дека животот на човекот кој потполно се предал на водство на Промислата, се одвива по некој Божји план. Тој имаше посебен дар, сѐ да гледа на духовен начин; и најмалата случка, и безначајните околности, кај него имаа длабока смисла. Писменото изразување беше негова духовна потреба. Трудејќи се да ја открие суштината на монашкото живеење, архимандритот Игнатиј се трудеше во самиот себе да ја оствари и со живописен збор на другите да им ја пренесе духовната убавина на смислата на монаштвото. Исповедта на помислите на монахот почетник, за старецот секогаш беше во основата на монашкиот живот. Архимандритот Игнатиј во себеси ги имаше споено и духовната мудрост и надворешната власт, и затоа животот под негово раководство и во неговата обител беа драгоцено место за сите оние кои сакаа разумно да се подвизуваат. Не придавајќи значај на својата болежливост, тој секојдневно го примаше напорот да ги ислуша исповедите на помисли – неговите ученици дури имаа обичај да водат дневен запис, и тие своите помисли ги откриваа со чисто срце, со искреност, затоа што старецот можеше да ја прими таквата исповед потполно бестрасно. Ползата од исповедта на помислите за сите беше очигледна. Притоа, старецот не ги подвргнуваше своите ученици на тешки искушенија, туку ги предвидуваше нивните физички способности и умната развиеност на секого од нив. Во 1846 година архимандритот Игнатиј поради тешка болест побара да биде ослободен од должноста настојател и да биде отпуштен во пензија, во Никола-бабаевскиот манастир на Костромската епархија. Но, наместо пензијата, нему му беше одобрен само единаесетмесечен одмор, за опоравување од болеста. Во 1857 година Светиот Синод го избра архимандритот Игнатиј за Епископ Кавкаски и Црноморски. На денот на своето наречение рече: „Од младоста тежнеев кон длабока пустина и никогаш не сум мислел за служење на Црквата во каков било свештенички чин. Да бидам епископ на своето срце и на Христос да Му ги принесувам на жртва помислите и чувствата осветени од Духот – тоа е висината кон која беше насочен мојот поглед.“ Поминувајќи во Сергиевата пустина дваесет и четири години, Епископот ја напушти во состојба на процут. За време на неговата управа обителта беше украсена со нови три прекрасни храма. Од оние коишто ги воспитуваше во монаштво Сергиевата пустина даде шеснаесет настојатели: десет архимандрити, пет игумени и еден управител. Во 1858 година Епископот Игнатиј пристигна во Ставрополската епархија, која беше потполно неуредена. И тука прва грижа на Епископот Игнатиј при управувањето со паствата беше да се востанови богослужење според соодветен црковен ред, и да се утврдат потребните односи меѓу свештенството и народот, како во градовите, така и во селата. И тој самиот во односот со свештенството беше срдечен, прост и директен, непрестајно се грижеше за нивниот живот, образование и меѓусебните односи, кои одговараат на свештеничкиот чин. Обрнуваше внимание на воспитувањето на младите во школските установи кои беа во негова надлежност. Во 1861 година Епископот Игнатиј заради тешка болест се враќа во Никола-бабаевскиот манастир, каде што на 30 април 1867 година за време на тивка молитва го затекнува смртта за којашто се подготвуваше во текот на целиот живот на земјата. Владиката Игнатиј Брјанчанинов ни остави обемно духовно дело собрано во шет тома: „Аскетски огледи“ во три тома, „Аскетска проповед“, „За современото монаштво“ и „Старечник“.
Тропар
Поборнику на Православието, во покајанието и на молитвата сигурен учителу и делатнику, на архиереите боговдахновен украсу, славо и пофалбо на оние кои монахуваат, со твоите пишувања сите нe оцеломудри. Флејто духовна, Игнатие Богомудри, моли Го Христа Бога Словото, Кого си Го носел во срцето твое, да ни подари пред крајот покајание.
You may like
-
НОЌТА ПРЕД ВОДИЦИ Е НАЈМОЌНАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА
-
Коледарчињата пејат: Коледе леде….вечерва семејството се собира на вечера
-
Што фатил позлатил, што рекол се остварило: Се ближи Св. Никола – одбележете го правилно, тој ќе ви возврати
-
Небото се отвора во очи Митровден: Оној што ќе ја помине ноќта надвор од дома
-
За многу години: Денеска е Светиот апостол Јаков
-
Денес се празнува Светиот маченик Андреј Стратилат: Голем маченик за верата Христова
Uncategorized
Цистерна удрила во карпите на автопатот Скопје-Велес
Published
3 days agoon
April 15, 2025By
Арлингтон
Центарот за управување со кризи информира дека на патот Скопје – Велес има одрон, што било пријавено вчера во 17:06 часот преку линијата за итни случаи 112.
Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено, соопшти ЦУК.
Uncategorized
Бугарската помош за Кочани не запира!
Published
5 days agoon
April 12, 2025By
Арлингтон
Бугарската помош за Кочани не запира!







Uncategorized
100 години од букварот АБЕЦЕДАР, првата книга за деца на македонски народен јазик е издадена во Грција
Published
5 days agoon
April 12, 2025By
Арлингтон
Факт е дека сѐ до појавата на овој АБЕЦЕДАР, македонското дете немало буквар, учебник, па и книга од кои можело да се описменува, да научи да чита и воопшто да чита на својот мајчин, македонски народен јазик.
Весна Мојсова-Чепишевска**
Во светлината на неколку јубилеи за македонистиката чувствувам и радост, но и ослободување што можам пред своите колеги од двете страни на границата, македонската и грчката, да зборувам за тоа што значи и колку значи излегувањето на една мала по страници (само 40), но голема по значење, книга-буквар во Грција.
Имено, годинава, и тоа точно во мај, се навршуваат 100-те години од излегувањето на првиот буквар на македонски народен јазик за македонското национално малцинство во тогашна Грција под наслов АБЕЦЕДАР, подготвен од специјална комисија на тогашната грчка влада (Папазахариу, Сијакцис и Лазару), под меѓународно покровителство на „Друштвото на народите“ во Женева. Овој буквар е отпечатен во Атина во мај 1925 на лерински (леринско-битолскиот) народен говор со специјално приспособена латинична азбука и со нагласено фонетски правопис. А само по дваесет години, исто така во мај (5 мај 1945) се усвојува македонската азбука со што се кодифицира македонскиот јазик. Истата година, на 7 јуни излегува и првиот Правопис на македонскиот јазик. Истата година излегува и првиот БУКВАР на стандарден македонски јазик по кои учат малите Македончиња во новата учебна година во слободна Македонија.
Факт е дека сѐ до појавата на овој АБЕЦЕДАР, македонското дете немало буквар, учебник, па и книга од кои можело да се описменува, да научи да чита и воопшто да чита на својот мајчин, македонски народен јазик. Во тој контекст може да се споменат само два примера, едниот на Јордан Хаџи Константинов – Џинот, а другиот на Григор Прличев.
Важен настан од времето на учителската работа на Џинот, вели Блаже Конески, е „Таблица перваја“, потпишана со неговите иницијали, чија појава се случува некаде околу 1840 година. Тоа е еден практичен школски текст, сличен на многубројни тогашни т.н. „таблици“ што се во употреба по училиштата во Грција, Романија, Србија, Бугарија, како и кај нас во текот на повеќе децении од XIX-от век или како што потенцира Ванчо Тушевски: „Таблицата беше на мода и според неа се учеше во многу училишта на Балканот. “ (2003: 227, означеното е мое). Инаку, „таблицата“ на Џинот „содржи најголем дел мисли извлечени од „Ижица“ на Д. Обрадовиќ, и тоа од Част I Ижичини дарова“ (1973: 21)[1]. Појавата на „Таблица Перваја“ Конески ја смета како почеток на една нова епоха во развитокот на македонската просвета и писменост во XIX-от век.
Од друга страна, го имаме искуството на Прличев. Збирката поезијата за деца под наслов „Воспитание и дванадесет песни за деца“ („Воспитание или 12 н’равствени песни“) што Прличев ја подготвувал за објавување уште во 1872 година доживува неуспех. Таа никогаш не излегува од печат. Но, стои високото мислење што го има Прличев „за воспитната улога на поезијата, ставајќи ја над филозофијата и науката“ (Друговац, 1996: 19, означеното е мое), со што ја актуелизира дидактичноста на поезијата за деца во неговото време. Во овој контекст, на Прличев треба да гледаме како на еден потенцијален поет за деца, како што тоа се Јован Јовановиќ-Змај кај Србите, Иван Филиповиќ кај Хрватите или Антон Мартин Сломшек и Фран Левстик кај Словенците. И покрај тоа што Прличев во овие песни за деца не е поетски уверлив, зашто не е естетски сугестивен, тој го има мотивот. Но, вториот Хомер нема поетски здив за да го облагороди тој мотив со култивиран исказ и адекватна форма. Сепак, Прличев треба да го читаме „како прв македонски поет за деца“ (Друговац, 1996: 27, означеното е мое).

Имајќи ја предвид оваа скромна претходница факт е дека излегувањето на македонски буквар насловен како АБЕЦЕДАР е историски чин за нас Македонците. Оваа година како фототипно издание може да го има секој од нас во својата библиотека благодарение на Матица македонска. Мојот поглед кон ова издание е насочен кон можноста овој АБЕЦЕДАР да се исчита и како прв буквар и како прва книга за деца на македонски народен јазик (без притоа да се прави некоја јазична анализа).
Буквите се подредени од „а“ преку првите согласки (б/b, в/v, к/k, д/d, м/m…) и самогласки (e/e, и/i, о/о, у/u…) за да може да се прочитаат и да се напишат првите зборови (двосложни) и првите реченици, едноставни од два или неколку збора, како: „баба вика / baba vika“ (2025: 8) или „бабо вика бебе / babo vika bebe“ (2025: 9), или „детето има топка / déteto ima topka“, но и „тетка вика тука детето / tetka vika tuka déteto“ (2025: 14), па сѐ до оние гласови што се предадени како дифтунзи (Ѕ = DZ, Џ = DŽ, Ќ = КЈ, Ѓ = ГЈ …) како во речениците: „Ѕидот је висок / Dzidot je visok“ (2025: 30), „вечер имаме голем џумбуш / večer imame golem džumbuš“ (2025: 31). Притоа авторите на букварот внимавале да го означат и акцентот кај третосложните зборови кој треба да е на првиот слог. И тоа е во правец на правилниот изговор и правилното читање. Како се учат буквите, така речениците стануваат и поголеми и побројни кои кон крајот прозвучуваат и како мали текстови, како на пример: Јагнето паси во ливадата. Митре јаде јаболко и си касна јазикат. / Jagneto pasi vo livadata. Mitre jade jábolko i si kasna jázikat.“ (2025: 22). Букварот ја почитува и потребата од илустрација која функционира како диптих со самата буква и со самиот збор кој почнува на таа буква или се врзува со таа буква. Впрочем, детето, така (преку визуализацијата) полесно и побрзо ги учи самите букви и побрзо почнува да чита.
На крајот се дадени сите букви (за сите гласови од македонскиот јазик т.е. од леринско-битолскиот говор) како можна основа за идната македонска азбука, па и за некоја бушава/игрива азбука како онаа на Горан Стефановски.
Букварот продолжува со едноствани објаснувања на некои основни граматички категории (како заменки, заменски придавки, прилози за место и за време, заповеди т.е. заповедниот начин и сегашното време).
Сосема на крај АБЕЦЕДАРОТ се затвора со малата и многу значајна ЧИТАНКА која е составена од осум текста. Тие може да се читаат и како први текстови наменети за децата, како мали четива или кратки раскази напишани на тој лерински говор или на македонски народен јазик. Кога се размислува за тоа кои критериуми ја определуваат литературата како соодветна за детската рецепција, антрополошкиот и психолошкиот аспект секогаш ја имаат предвид возраста. Затоа, најчесто се тврди дека литературата за деца треба да го содржи критериумот едноставност. Изборот на теми низ едноставниот јазик кој понекогаш се обидува и да не биде премногу строг и крајно дидактички сосема одговара за возраста кога се случува и описменувањето. Темите на кои почнуваат да читаат се однесуваат на верата, човекот, семејството, училиштето, црквата … Тоа значи, дека овие осум четива сосема ја имаат предвид возраста и го запазуваат критериумот едноставност.
Општо место во литературата за деца е дека испраќачот е секогаш или најчесто возрасен (родител или учител), а примачот е дете (со сето свое неискуство, наивност, неразбирање). Добро е кога текстот е загатка. Тогаш тој бара разгатнување. Во таа смисла возрасниот читател секогаш е во предност кога чита литература за деца и „покрај тоа што детето на неговата сегашност го надминува, психолошки и интелектуално, детето на неговото минато“ (Владова, 2001: 17). Во однос на овој критериум четивата од првиот македонски буквар се недоволно игриви, но се сосема коректно загатливи. Пред сѐ треба да се има предвид дека тие се наменети за отпочнување на процесот на читањето. Но се поучни зашто се читаат како мали животни лекции, на пример во што е силата на човекот, што е семејството т.е. фамилијата, како треба да се однесуваме во црква, како децата се чувствуваат кога ќе добијат чаша топло млеко од мајка си, зошто и кога е Ленка лошо девојче / лоша чупа … (2025: 40). Така, овие осум текстови како да се надоврзуваат на оние поуки од „Таблица перваја“ на Џинот.
Ленка лошата чупа
Петре и Гјоргиа одат нá-поле за да играт со другáрите. Мáлата сестра на Петре, Ленка, сáкат и таја да оди сóними да игра. Петре ја нéкеше. Ленка плачи, вика и се фирли нá-земнја и фати да клоцат. Фýстано му се стори бербат. Бáбата ја слуша како плáчепе от áурот, кај дáваше сено на волóите. Истирца и ја крена, ја истресе и му даде едно цирвено јóболкои. Ленка папса да плачи и си го јаде јабóлкото.
Читајќи го текстот од самиот АБЕЦЕДАР (секако напишан со латинично писмо) се потсетувам дека токму вака зборуваа баба ми Дилба и дедо ми Ристо, од село Сетина, Леринско.

А, овој последен текст „Ленка, лошата чупа / Lenka, loša čupa“ (2025: 40) како да нѐ води кон еден мал расказ во кој има и доволно драматичност и сериозна поучност (па во тој поглед некако е во дијалог со некои од оние песни за деца на Прличев). Така доаѓаме и до третиот критериум. Како најголем грев во литературата за деца се посочува токму дидактичноста поточно поучноста. Впрочем таа, самата за себе, не е воопшто лошо обележје на литературата за деца. „Прекрасно е ако литературата може да ѝ конкурира на жестоката визуелност која неконтролирано го освојува светот на детството. А дидактичноста на литературата за деца е само обратен мимезис, во неговата смисла да се препознае светот (Владова, 2001: 17)“. Така и овие мали четива (лекции) го поучуваат, но и го забавуваат малиот читател. А добрите четива може да го пренесат читателот од брегот на детството до брегот на возрасните.
Затоа е навистина штета што воопшто овој прв македонски буквар не дојде до рацете на македонските деца од Грција кои ние во секојдневниот говор сѐ уште си ја викаме Егејска Македонија.
*
Литература со која се користела проф. д-р Весна Мојосва- Чепишевска за подготовка на овој текст:
АБЕЦЕДАР. Скопје: Матица македонска, 2025.
Друговац, Миодраг. Македонска книжевност за деца и младина. Скопје: Детска радост, 1996.
Владова, Јадранка. Литература за деца. Скопје: Ѓурѓа, 2001.
Конески, Блаже. „Џинот“. Јордан Хаџи Константинов – Џинот. Избрани страници. Скопје: Матица македонска, 1987, 7-39.
Поленаковиќ, Харалампие. „Изворот на Таблица перваја од Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Екот на народното будење. Скопје: Мисла, 1973, 9- 24.
Прличев, Григор. Воспитание или дванаесет песни за деца. Скопје: Детска радост, 1993.
Тушевски, Ванчо. Јордан Хаџи Константинов – Џинот. Скопје: Менора, 2003.
**
Текстот на проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска е всушност нејзиното обраќање на Научната трибина „Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите“, во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во соработка со Катедрата за словенски, балкански и ориентални јазици од Универзитетот Македонија во Солун, што се одржа на 11 и 12 април оваа година.
[1] „Во однос на „Ижица“ – „Таблицата“ на Ј. Х. Константинов ги покажува следните карактеристики. Џинот или преведува буквално, збор по збор од српски на македонски и со тоа ни дава убав македонски превод од српски јазик, или комбинира по две-три или повеќе мисли Доситееви и ги дава во еден ук, или пак ја задржува основната мисла на Доситеја Обрадовиќ и ја искажува на свој начин, со свои зборови“ (Поленаковиќ, 1973: 21).
Трендинг
-
Македонија6 days ago
Упасени се Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири – проширена истрагата за пожарот во Кочани
-
Магазин4 days ago
Вака се оди на гости: Спасен Силјановски ги изненади Татјана и Новица во Австралија [ВИДЕО]
-
Црна Хроника6 days ago
Семејна драма во Тетовско: Зет упаднал во куќа и почнала жестока тепачка!
-
Магазин3 days ago
Ова е првиот знак дека во телото ви се формирал тробм! Никако не смеете да го игнорирате
-
Црна Хроника2 days ago
Голема акција на полицијата утринава – Се вршат претреси на повеќе локации
-
Магазин5 days ago
Растурам свадби за 500 евра, распродаден сум до ноември
-
Скопје5 days ago
(Видео) Граѓани со часови се заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ оти автоматите за наплата не работат, а службите се отстутни
-
Црна Хроника6 days ago
Инцидент на работно место во Тетово – жена пријавила закани и агресија, полицијата постапува