Connect with us

Македонија

Ковачевски, има разлика дали Џафери пцуе пратеник, снимател или службеник?

СДСМ и ДУИ секој ден покажуваат дека не го почитуваат Собранието, а деспотот од Форино, Талат Џафери оди и чекор понатака, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, со остра реакција за снимката на која претседателот на Собранието Талат Џафери пцуе и навредува вработени.

Јавноста беше сведок на примитивизмот на Џафери, на неговиот однос, навредите и пцовките кон вработените. Во која друга земја функционерите од власта им ги пцујат мајките на вработените во администрацијата? Во ниедна. Само кај нас тоа го прави власта на СДСМ и ДУИ. И наместо за таквото свое безобразие да поднесе оставка тој уште и ги обвинува тие кои ги навредувал дека не ги исклучиле микрофоните и заради тоа граѓаните ги слушнаа неговите пцовки, вулгарности и неговиот однос кон вработените во законодавниот дом. Тоа е недостојно, се наведува во партиското соопштение.

Ковачевски, пак, додаваат од партијата, уште повеќе ја навредува интелигенцијата на граѓаните, па се прави недоветен и изјавува дека не знае кон кого се обраќал!

Како божем да има разлика дали Џафери пцуе пратеник, снимател, собраниски административец или било кој друг чиновник. Ваквите навреди доаѓаат од Џафери и во никој случај не може да се оправдаат, без разлика кон кого се упатени. Џафери треба да си поднесе оставка, а ако имаше грам доблест таа оставка требаше да му ја побара и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Ковачевски пропушти можност. Тој застана во одбрана и оправдување на вулгарноста и примитивизмот и затоа срамот сега е и негов срам, посочуваат од партијата.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг