Нема големо аерозагадување во Тетово, штетата од пожарот 12 милиони евра

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами денеска беа на локацијата на поранешната зграда на „Македонија Табак“, каде сега свои простории има компанијата „Пофикс“ што изгореа во вчерашниот пожар. Министрите се сретнаа со сопствениците на компанијата и разговараа за потребните мерки и поддршка за санација на штетите.

–Сега засега битно е дека се е над контрола. Но уште очекуваме извештаи да знаеме што гори, од тие податоци што ги имаме од мерна станица во Тетово укажува дека се зголемуваат тие загадувања, но за голема среќа ние сме во контакт со градоначалникот на Тетово и ги кооординираме сите мерки. Битно е дека нема големо загадување во Тетово, ние споделуваме секој час податоци на фејсбук страна и се координираме со општината и други институции, изјави Нуредини.

Вицепремиерот Битиќи за време на посетата рече дека материјалната штета од пожарот за жал е голема, но оти е најважно што нема човечки жртви.

-Секоја материјална штета ќе се надокнади заеднички, како што заеднички си помагаме кога треба компаниите да прават инвестиција. Ќе треба заеднички да изнајдеме начин како да се помогне во надомест на материјалната штета, затоа што сметам дека вака треба да се грижи државата, изјави Битиќи.

Градоначалникот Касами информираше дека учениците може да одат на училиште со оглед на нормалните вредности кои ги покажува станицата за мерење на квалитетот на амбинетниот воздух.

-И јас сум родител. Ми се јавија од дома и ме прашаа дали да го пуштат детето на школо. Дозволете ми да им препорачам на сите родители дека децата треба денес да одат на школо, тоа и го кажав на мојата сопруга од сабајле, параметрите, еве кажа и министерот се во рамките на нормала. Имаше многу губење на наставата, не треба, тоа да продолжи така. Јас ги замолувам сите родители, сите наставници од денеска да продолжи нормално наставниот процес, изјави Касами.

Од компанијата „Пофикс“ информираа дека штетата предизвикана од пожарот во нивните складиште првично изнесува над 12 милиони евра. Според нив, причината се обилните дождови кои предизвикаа поплави во одредени делови на градот.

Скопјани револтирани: Се краде на грамажа на Зелено пазарче и Бит Пазар

Дел скопјани не се задоволни од услугите кои ги нудат пазарите. Велат дека често се случува продавачите да крадат на грамажа, да не дозволуваат сам да си избереш производи,а потоа да ставаат расипан зеленчук и овошје во кесите, а ова најмногу се однесува на Зелено пазарче и на Бит пазар.

Има и чесни препродавачи и произведувачи на зеленчук и овошје, но проблем се оние кои „ги скриле“ вагите за мерење, велат скопјани.

Еве ги нивните реакции:

-На сите пазари е исто. Се сеќавам дека порано вагите се изнајмуваа од пазарот и истите беа баждарени, ова сега кој со леген, кој со вангла, ама мора да те украде… На зелен пазар вагите не се на 0 туку 200 или 300 гр.почетно, вели еден скопјанец.

-Се расипа и Зелено пазарче и се повеќе почна да наликува на Бит Пазар. Да ти заокружат на цена и тежина, вели друг.

-Со години пазарував на Бит пазар ама од тоа не пипај и пола скапано што ќе ти стават се откажав. Веќе неколку години од маркети и пиљари пазарувам.

– Ги редат напред најубавите парчиња, а во кеса ти го става најголемото ѓубре, скапано, исушено, никакво, а ти наплаќа како за екстра производи. Тоа ми е најодвратно, најбезобразно и повеќе никогаш не купувам од такви. Па уште се навредени ако им кажеш дека ти ја наполнил кесата со роба која му е за фрлање. Секоја чест на исклучоците, чесни и фер пазарџии, ретки се, но за среќа ги има, вели една скопјанка.

Проблем е и што цените не се јасно истакнати за секој да може да ги види, туку мора да се прашува, па продавачот соопштува како ќе му текне.

Скопје инфо

(Видео) „ЧЕЛИЧНАТА ДАМА“ НА ПУТИН ОБЈАВИ: Специјалната воена операција заврши, почна третата Светска војна

Обраќајќи им се на гледачите во нејзината емисија на државната телевизија Русија 1, таа посочи дека Русија сега се соочува со ситуација во која ќе мора да го „демилитаризира“ НАТО.

„Можеби дојде време да се признае дека руската специјална операција во Украина е завршена. Во смисла дека започна вистинска војна. Згора на тоа, тоа е Трета светска војна. „Принудени сме да ја демилитаризираме не само Украина, туку и целото НАТО“, рече таа.

Олга Скабејева во јавноста е позната како „челичната дама на телевизијата на Путин“.

Хрват облече МАКЕДОНСКИ ДРЕС само да ги нервира ИТАЛИЈАНЦИТЕ (Видео)

ознатиот хрватски инфлуенсер Перица на свое снимање во италијанскиот град Торино облече дрес од македонската репрезентација за да ги провоцира случајните минувачи. Некои од нив негодуваа, некои го признаа поразот од Македонија, а една девојка направи повеќе склекови од јутјуберот, пишува 24сата.

Тој видеото го постираше на својот канал JoomBoos, или џумбуш.

– Господине, извинете, имам едно прашање. Дали мислите дека Италија треба и заслужи да биде на Мундијалот? – запраша Перица еден Италијанец во костум.

Господинот како од топ одговори дека „не заслужиле затоа што играле лошо“. Друг случаен минувач му кажа на Перица дека „заслужено изгубиле“. Со следниот соговорник Перица наиде на јазична бариера бидејќи господинот не знаеше англиски, но се обиде да комуницира со Перица на италијански.

Целиот текст ТУКА

Видео:

Со тапани и знамиња пречекан Петар Спасеновски кој освои трето место Европското првенство во карате

 На Меѓународниот аеродром “Скопје”, пријателите, симпатизерите и членовите на карате клубот “Макпетрол” го пречекаа каратистот Петар Спасеновски кој овој викенд освои импресивно трето место на Европското првенство во карате што се одржа во Газиантеп, Турција.

„Наредниот медал ќе биде злато, сигурно“, вели освојувачот на единствениот медал за Македонија на Европското карате првенство за сениори во Газиантеп во Турција, Петар.

Репрезентативецот на Македонија, кој е член на КК Макпетрол, во борбата за бронзениот медал во категоријата до 84 килограми слaвеше против Оз Мурат од Турција со 2-0. Спасеновски борбата ја реши во последните 15 секунди кога поведе со 1-0, а на 10 секунди пред крајот и со 2-0. Борбата претходно се водеше од дистанца и немаше многу акција, но во критичните 15 секунди Петар беше повешт и славеше со 2-0 за бронза на сениорското Европско првенство.

Тетово под вода“, 20-годишното владеење на ДУИ отсликано во едно деноноќие

Едно деноноќие во Тетово беше доволно за да се види какво било 20-годишното владеење на партијата ДУИ во Македонија.

Имено вчера на Тетово се случи катастрофа од поројните дождови кои го зафатија градот, а улиците налукуваа на Венеција.

Видеата и фотографиите кои кружеа на социјалните мрежи беа вознемирувачки, а реакциите на граѓаните застрашувачки.

ДУИ кои во моментов се декалрираат за зелена партија и партија која долги години наназад го раководи овој град, докажа како не треба да работи една „зелена партија“.

Имено лошата инфраструктура, канализациската мрежа која со вчерашните поплави се докажа дека е во катастрофална состојба го отсликува 20-годишното владеење на ДУИ, како на локално така и на централно ниво.

Во западните земји, земјите кои велиме дека ни се репер за понатамошен развој на државата, „зелените партии“ во тие земји се грижат за чист воздух, здрав живот, еколошки чисти околини, но во Тетово, градот со кој практично до пред неколку месеци владееше ДУИ е спротивно на сето ова.

Тетово важи за еден од најзагадените градови во светот, здравиот живот за тетовчани е „научна фантастика“, а еколошки чистите околини „мисловна именка“.

Ако Љубљана во Словенија неколку години по ред добива награди за град со нула отпад, Тетово важи за најзагаден град во светот.

А денес, градот под Шара преживува нова катастрофа, пожарот кој изби во една од фабриките е на прагот да му нанесе нова катастрофа на Тетово, а партијата која со години владее во градов, наместо со парите на граѓаните да купува противпожарни возила, истите ги „ставале“ в џеб, па оттука екс градоначалничката Арифи заработи и кривична пријава за злоупотребени 68 милиони денари.

Само едно деноноќие беше доволно за граѓаните да го видат 20-годишното владеење на ДУИ во Македонија.

Стојанче: Пред некој ден ваков пожар гледав во Америка и БЕА ПОСПОРИ ОД НАС (ВИДЕО)

„Гледав пред некој ден сличен ваков пожар во Америка и беа поспори од нас“, рече Стојанче Анегелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК)  денеска во Тетово одговарајќи на новинарско прашање зошто порано не била донесена одлука за интервенирање од воздух.

Според Ангелов побрзи сме од Американците во справување со пожари.

Директорот на ЦУК кажа дека од воздух не се интервенирало поради тоа што објектот имал покрив, а под покривот имало плоча.

Се уште на терен состојбата во Тетово е алармантна.

Градот не беше подготвен за вакво невреме – Тетово ли е Венеција ли е

Дождот ги поплави речиси сите улици во Тетово. Привремено беше блокирана и главната артерија на излезот од градот што води кон Скопје. Поројниот дожд, но и градот го поплавија и канализациониот систем за атмосферска вода. Граѓани пријавија дека вода им навлегла и во подрумите на куќите.

Вработените во Општинското јавно претпријатие „Тетово“ и Подрачната противпожарна единица создаваа услови за слободно движење на граѓаните. Со оглед на интензитетот на врнежите, службите се соочија со тешкотии при отворањето на шахтите. Била исфрлена и фекална вода на површината, па се појавува опасност од инфекции.

„Градот беше соочен со брзо отстранување на фекалната вода. Последиците се различни, ние како екипи излеговме на терен на чувствителните одводни точки кои ги нарекуваме шахти за дренажа на вода, во такви ситуации на дното доаѓа до нивно зафаќање во неможност за брза интервенција бидејќи врнежите беа силни и успеавме да санираме за два часа и целиот град почна да се суши од канализацијата и фекалната вода да минува низ колекторот во реката Вардар“, изјави Љуљзим Шаќири, Општинско Јавно Претпријатие „Тетово“

Целиот текст тука.

Видео – Тетовасот

ТЕТОВО ПОД ВОДА: Градот не памети вакво невреме, поплавени автомобили, подруми, куќи – излезот од градот непрооден! (ВИДЕО)

Повеќе улици во Тетово се под вода.

Големо невреме со силен пороен дожд и град зафати повеќе делови од земјава.. најголем проблем има во тетово и околината..

Во градот се целосно поплавени повеќе улици и подруми од куќи.

На неколкумина жители на Тетово им беа поплaвени и возилата оставени на улиците, како кај касарната, подвозникот за фалише и на други места..

Во моментов непрооден е излезот од градот, затоа што е поплавен и подвозникот што води надвор од Тетово.

Teтовските улици под вода поради одрони, новиот мост не го издржа дождот

По неколкучасовните врнежи од дожд во тетовскиот регион проблеми синоќа се појавија на патот Шипковица – Бродец, како и на неколку градски улици кои беа поплавени поради големите количини насобрана вода по коловозните ленти. Делницата Шипковица – Бродец е непроодна поради одрони од земја и камења на патот.

По обилните врнежи од дожд и влошувањето на временските прилики во нашата земја блокирани се многу патишта на Шар Планина. Нашата интервенција беше непосредна, интервенираа вработените во ЈКП и Противпожарната единица за да се овозможи слободно движење на граѓаните. На патниот правец Шипковица – Бродец, кај новиот мост, со голем интензитет се работи на чистење на одрони. За жал, новиот мост кој претходното раководство го пушти во употреба без никакви критериуми, не успеа да го издржи дождот, рече градоначалникот Биљал Касами.

Општина Тетово информираше дека низ улиците во градот успеале навреме да интервенират за слободно движење за граѓаните.

Видео:

https://fb.watch/djaslMaFVz/