Се ожени министерот Бочварски

Министерот за транспорт и врски вчера ја овековечи љубовта со Маринела Серафимова. Меѓу гостите во Штип беше и министерот за земјоделство и негов сопартиец, Љупчо Николовски со сопругата Андријана, која сподели фотографии од венчавката.

Избраничката на министерот е дипломирана докторка, со која заедно се помалку од две години.

Каракачанов: Се однесуваат како ние да сме кандидати и ги молиме, а не тие

Каде што европратеникот Ангел Џамбаски застана во навредите за Македонија, таму продолжи неговиот партиски колега од ВМРО-БНД, почесниот претседател Красимир Каракачанов.

„Скопје, очигледно, не сака да го исполни овој договор (за пријателство и добрососедство – н.з.). Смета дека, со оглед на поддршката од неколку меѓународни фактори, Бугарија е должна да клекне. Погледнете ги реакциите на скопските политичари. Тие се однесуваат како ние да сме кандидати и да им се молиме на нив, а не тие. Речиси како да е дојдено прашањето до таму да ни објават војна, бидејќи ние сме некакви уценувачи. Крадците на бугарската историја се во Скопје“, вели Каракачанов.

Ако тој бил на местото на премиерот Кирил Петков, ќе ги прекинел преговорите со Македонија поради непреземање дејства според Договорот.

„Кога ќе бидете подготвени да ги исполните условите или сте ги исполниле, повелете – продолжуваме да разговараме. А не да одиме да се молиме“, додаде Каракачанов.

Потрошил 13.000 фунти за да личи на шкотски овчар: „Отсекогаш сум сакал да бидам куче“

На својата животна желба, а тоа е реалистичен костим од куче, маж познат како Токо потрошил 12.500 фунти, а изработката на истиот ја нарачал од агенцијата „Zeppet“, позната по изработка на филмски костими. Оваа необична нарачка, вработените во агенцијата ја изработувале дури 40 дена.

Нарачав шкотски овчар бидејќи изгледа реално кога ќе го облечам. Мислев дека е најдобро да одберам животно кое е приближно моја големина, па одлучив тоа да биде куче“, раскажал Јапонецот за „Metro“.

За костимот да изгледа добро, бил повеќепати преправен и надоградуван, а Токо учествувал во целиот производствен процес. Тоа било тешка задача, особено поради количината на материјал, потребен за навистина да наликува на куче.

Процесот на изработката на костимот, Јапонецот го споделил на Јутјуб, каде за кратко време доби поделени мислења од корисниците. Во описот на неговиот канал стои дека „отсекогаш сакал да биде животно, па затоа одлучил да стане овчарско куче“.

„Ги потроши парите на ова? Барем донекаде изгледа реално“, искоментирал еден корисник, додека друг додал: „Мислам дека е најдобро да бидеш шкотски овчар! Никогаш не се менувај“.

Да се поклониме пред “кралот”: Реал Мадрид е шампион по 14-ти пат

Реал Мадрид е „кралот“ во Лигата на шампионите! Рекордерот по бројот на титули во најелитното натпреварување, над сите очекувања слави во финалето против Ливерпул со 0-1 (0-0). Херој на Реал на „Стад де Франс“ беше Винициус Жуниор кој го постигна единствениот погодок, меѓутоа вреди да се издвои и партијата на Тибо Куртоа кој блескаше меѓу стативите. „Црвените“ беа поконкретни и имаа повеќе шанси, ама „кралската“ мрежа остана недопрена. 

  • Извештај од натпреварот:

Анчелоти се реши за претпазлива варијанта, со четири играчи за врска, а само Винисиус и Бензема во нападот, додека Клоп спротивно на тоа од првата минута ги испрати Салах, Мане и Луис Диаз. Поради тоа, стартот на дуелот не беше изненадување. Ливерпул беше екипата која ја имаше топката, притискаше со висок пресинг и се обидуваше да пронајде простор низ одбраната на Реал. „Кралевите“ пак, трпеливо ја чекаа својата шанса преку транзиција или контра напади, но стартот беше мирен и без возбудувања. 

Првата посериозна можност дојде по 16 минути игра, откако Трент Александер Арнолд проби од десната страна, уфрли на петерецот, а од тешка позиција со пета се обиде Мохамед Салах кој изнуди одлична интервенција од Тибо Куртоа. Веќе во следните неколку акции, Ливерпул се закануваше со изненадни удари преку Тиаго Алкантара и Салах, но Белгиецот беше присебен. „Црвените“ се залетаа, па најголемата шанса во воведниот дел ја имаше Садио Мане. Сенегалецот биеше добро, ама Куртоа со парада ја одби топката во стативата.

„Кралевите“ се консолидираа по воведниот налет на Ливерпул, успеаја да ја задржат топката во своите нозе, ама и понатаму беа инфериорни. Во вториот дел на првото полувреме, вистинските шанси изостанаа и англиските фудбалери отстапија од целосната офанзива. Мрежата еднаш се тресеше во финишот на полувремето, откако по една мешаница погоди Карим Бензема. Сепак, ВАР собата утврди дека топката која се одби од Валверде преку Конате и Фабињо до Французинот е нерегуларна и голот не важеше.

Стартот на вториот дел беше одново мирен, Ливерпул пак се обиде да наметне темпо и ја имаше топката. Сепак, Реал Мадрид одигра според својот план и договор, дочека момент на невнимание и преку брза транзиција дојде до предност. Акцијата се одвиваше по десната страна, Феде Валверде ја префрли топката на втора статива, а таму Винициус Жуниор лесно погоди во мрежата на Алисон за 0-1 во 59. минута. 

Ливерпул фрли сè на карта напад, Клоп се обиде да освежи со Жота и Кеита, а неговите пулени притискаа. Сепак, како што одминуваше времето, растеше тензијата. Реал Мадрид по којзнае кој пат покажа искуство, присебност и смиреност во дефанзивата, ги затвори приодите кон својот гол и го бранеше стекнатото водство. Обрачот околу голот на Куртоа се стегаше, меѓутоа одличниот белгијски голман и неговите колегу од одбраната не дозволија израмнувачки погодок. Најблизу до гол за Ливерпул беше Салах, кој откосо не успеа да го матира Куртоа. 

Реал Мадрид 14. пат во својата историја го крена трофејот во Лигата на шампионите, а Ливерпул испушти шанса да се израмни на второто место со Милан и остана на шест титули.

Извор: Гол.мк

Се снима турска серија во Скопје: Македонка се вљубува во „забранет“ маж (ВИДЕО)

Објавен е првиот трејлер за серијата „Balkan Ninnisi“ кој летово ќе се емитува во Турција. Првиот трејлер од серијата, која почна да се снима во Скопје минатата недела, привлече големо внимание.

Серијата ја раскажува невозможната љубовна приказна која се случува во Скопје, градот кој го дели реката Вардар, а го поврзува Камениот мост.

Возот од Скопје не стигнал до Велес, па патниците на полноќ доодувале пешки

Средата вечер патниците во вечерниот воз од Скопје за Велес, која поаѓа во 22,30 часот имале непријатна епизода при пристигнувањето во железничка станица Велес.

Патници велат дека морале да одат пеш за да стигнат до станицата во Велес оти возот не можел да стигне до станицата, објави СДК.мк

Пред да стигнеме во Велес, возот сопре на сигналот, на влезот во станицата. Ни кажаа дека нешто со сигнализација е расипано и ќе треба да чекаме да се поправи, требало да дојде некое лице од Неготино. Не ни кажаа колку време ќе чекаме, па сите колку што бевме во возот решивме пеш да ги изодиме тие неколку стотини метри од станицата. По мрак, газејќи по прагови стасавме некако пред полноќ. Одевме пеш од мостот на Вардар кај Башино село до станица“, вели еден од патниците.

Читај повеќе на СДК со клик ТУКА.

ВИДЕО: 19 СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА ЗА 19КМ АСФАЛТ, ВАКА ЛИ ЌЕ КРАТИМЕ ТРОШОЦИ ПРЕМИЕРУ

19 службени возила за 19 километри асфалт…

Вака ли ќе ги скратиме непродуктивните трошоци Премиеру?

Остај што десетина функционери се наредија во Маврово, па и Генералниот секретар на партијата сте го земале со себе.

А башка бевте на увид на градежните работи на пат кој што веќе требаше да биде завршен.

12 август 2021 ви е наведен како датум кога треба да завршат градежните работи.

И на крај, одговорот на секое прашање е:

Јас не знам, јас лично не се мешам.

Па добро, не се мешајте, ок е…

Премиер сте, што има да се мешате.

Напиша новинарот Фуркан Салиу на својот фејсбук профил:

https://www.facebook.com/FurKlan/videos/414814773830999/?app=fbl

НОВ УДАР – 10% ПОСКАПА СТРУЈА од јуни?

Ново поскапување на цената на електричната енергија во најава во Македонија. Граѓаните од јуни по се изгледа ќе плаќаат повисоки сметки за најмалку 10%. Регулаторна комисија за енергетика се правда дека тоа е поради малверзациите коишто ги правеле дел од општините,.

Според првиот човек на регулаторна, Марко Бислимовски уште не започнат процесот на пресметка на трошоците кои ги пријавиле енергетските компании за новата цена, а веќе се гледаат зголемени трошоци.

Бисломовски изјави дека за општините да ги намалат трошоците за улично осветлување, формирале јавни претпријатија, преку нив цената на струјата ја плаќале како домаќинства. Купувале струја од Универзалниот снабдувач ЕВН, а не на слободниот пазар. Но, ЕВН немала доволно струја за оваа намена и ја купувала на слободниот пазар за висока цена.

ЕЛИФ ЕЛМАС ги изненади дечињата од Тетовско

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас реши да ги изненади дечињата од тетовското село Јеловјане.

Дијамантот“ Елиф им стави насмевки на дечињата кои по заедничката фотографија се гледа дека се навистина среќни од неговата посета.

Фото: Спортмедиа

(Видео) Русија обвини: Мајмунските сипаници потекнуваат од биолабораториите на САД во Нигерија

Брифинг на шефот на руските трупи, Кирилов имаше брифинг за, како што вели тој, американските биолошки лаборатории, пти што зборуваше за:

• Американските биолаборатории во Нигерија, од каде потекнува мајмунската сипаница и како можноста за нејзино ширење беше дискутирана на Запад пред една година

•Дека Соединетите Држави ја сметаат вариолата како приоритетен патоген за борбена употреба и се подготвуваат за избувнување.

• За бројни прекршувања на безбедносните барања во украинските биолошки лаборатории

Руското Министерство за одбрана соопшти дека – според извештајот на СЗО – воведувањето на западноафриканскиот сој на предизвикувачкиот агенс на мајмуните сипаници потекнува од Нигерија, каде што работат најмалку 4 биолошки лаборатории под контрола на САД.

„Треба да се потсетиме дека постои чудна коинциденција која бара дополнителна проверка од специјалисти. Така, според европските и американските медиуми, во материјалите на Минхенската безбедносна конференција 2021 година… се разработувало сценарио за да се спротивстави на појава предизвикана со нов вид на вирусот мајмунски сипаници“

Министерството го повика раководството на СЗО „наспроти многубројните случаи на американско прекршување на барањата за биосигурност и факти за невнимателно складирање на патогени биоматеријали“ да ја истражи работата на нигериските лаборатории финансирани од САД во Абуџа, Зарија, Лагос.