“Заев-Едно општество за сите” испрати 20 тони производи за Украинците

– Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина.Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи, пишува Заев во објавата.

Поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија, Заев порача дека е јасна позиција на државата како припадник на западниот, демократски и мирољубив свет.