Арсовска: Започнува реконструкција на левата страна на кејот на Вардар (Фото)

Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар Денес го најавивме проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар, која ќе се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, пешачки, вело патеки и нова урбана опрема во интерес на сите граѓани. – напиша градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Со овој проект планираме првично обнова на овој дел од кејот на реката Вардар од над 3 километри должина, нова велопатека во површина од 2.500 м2 и нова пешачка патека во површина од 2.500 м2, формирање на нова зелена површина во која се предвидени над 71.330 садници сезонско цвеќе и 1360 зимзелени и листопадни садници ниска вегетација, нова хидрантска мрежа, урбана опрема, садови за отпадоци, ново осветлување и партерно уредување од над 26.363 метри квадратни.Остварувањето на оваа инвестиција се одвива во три етапи, вели Арсовска.

Градоначалничката исто така посочи дека крајна цел на овие инвестиции е остварување на ветените проекти, за модерно и урбано Скопје, во кое се обезбедуваат подобри услови за сите граѓани.

https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/posts/pfbid02j1fddaQT4u2VxxVF4EcM8T9Cy25pr1VYsn29r6T8qKhT8WuzVy4XKnriwKg5muJul