Connect with us

Скопје

Арсовска: Започнува реконструкција на левата страна на кејот на Вардар (Фото)

Published

on

✅ Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар 🚧 Денес го најавивме проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар, која ќе се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, пешачки, вело патеки и нова урбана опрема во интерес на сите граѓани.🌱 – напиша градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Со овој проект планираме првично обнова на овој дел од кејот на реката Вардар од над 3 километри должина, нова велопатека во површина од 2.500 м2 и нова пешачка патека во површина од 2.500 м2, формирање на нова зелена површина во која се предвидени над 71.330 садници сезонско цвеќе и 1360 зимзелени и листопадни садници ниска вегетација, нова хидрантска мрежа, урбана опрема, садови за отпадоци, ново осветлување и партерно уредување од над 26.363 метри квадратни.Остварувањето на оваа инвестиција се одвива во три етапи, вели Арсовска.

Градоначалничката исто така посочи дека крајна цел на овие инвестиции е остварување на ветените проекти, за модерно и урбано Скопје, во кое се обезбедуваат подобри услови за сите граѓани.

https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/posts/pfbid02j1fddaQT4u2VxxVF4EcM8T9Cy25pr1VYsn29r6T8qKhT8WuzVy4XKnriwKg5muJul

Скопје

Каков народ, таква елка на плоштад… (Фото)

Published

on

Елката во Скопје иако крива, но и недокитена – стана популарната во Македонија. Ги засени сите декорации направени во другите делови од Македонија, но и другите општини во Скопје. Никој не знае зошто не е целосно украсена, а ниту која е фирмата која ја поставува за што ќе треба да платат скопјани. За нејзината популарност зборуваат бројните коментари и фотографии со неа.

„Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, стои во коментар на „Х“.

Да видиме што велат граѓаните:

Continue Reading

Скопје

О.У. Песталоци во тишина: Прости ни Вања, не знаеме како да се поздравиме…

Published

on

Тага и молк во основното училиште на убиената Вања Ѓорчевска. Во Ј.Х.Песталоци отворена книга на жалост. Се потпишуваат родители, познаници, но и соученици.Наместо детски џагор, тишина низ школскиот двор.

-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.
Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…
Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.
Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!- стои во објавата.

Continue Reading

Македонија

Умре и Флопи – Зоолошка Скопје остана без жирафи

Published

on

Умре и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК од  вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината починала вчера попладне.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава умре Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк