Денеска е Спасовден – Вознесение Христово, oва никако не смеете да го правите денеска

Спасовден, или празникот на Христовото вознесување на небото е четириесеттиот ден од Воскресението. Господ во текот на 40 дена по своето воскресение им се јавуваше на учениците, зборувајќи им за царството Божјо.

И откако им заповеда да не го напуштаат Ерусалим, туку да го чекаат слегувањето на Светиот Дух, тој ги изведе своите ученици во Витанија, ги благослови и се вознесе на небото.

Додека учениците гледаа во облакот што го сокри Господа пред нивните очи, ангелите им објавија дека истиот Исус кој од нив се вознесе на небото пак ќе дојде на ист начин како што го видоа да се вознесува.

Овој празник се нарекува Спасовден затоа што во денот на Христовото вознесение се доврши делото на спасението.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко. Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.

ВИДЕО: Тепачка среде бел ден во Кисела Вода поради недоразбирање во сообраќајот

Попладнево, буквално среде бел ден во Кисела Вода се одвиваше вистинска драма, односно крвава тепачка помеѓу неколку лица.

Немилиот настан се случи во скопска Кисела Вода кај Чешма односно кај споменикот на Тодор Александров

Настанот ги вознемири случајните минувачи, а истите за Курир велат дека физичка пресметка дошло најверојатно поради недоразбирање во сообраќајот.

https://youtu.be/x9_5hed1EPY

ФИЛМСКА ДРАМА ВО ПРИЛЕП – Удрил две полициски возила, па од прозор покрај автопатот исфрлил четири црни торби

Во текот на вчерашниот ден (31.05.2022) во прилепско, Министерството за внатрешни работи, поточно полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и СВР Битола – ОВР Прилеп, реализираа акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога, во која беше пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија, преку нашата земја, со крајна цел – Република Грција, а беа запленети околу 86 кг марихуана во вредност од околу 300.000 евра и од слобода е лишено едно лице.

Имено, во утринските часови на регионалниот пат Битола-Прилеп, на влезот во Прилеп, од страна на полициски службеници од сообраќајна полиција била дадена наредба за запирање на патничко возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки, но возилото не сопрело, туку забрзало, оштетувајќи две службени возила на МВР и загрозувајќи ја безбедноста на полициските службеници кои извршувале службени дејства.

Набрзо, на излезот од Прилеп возилото било пронајдено, а А.Г.(23) од Охрид, кој го управувал возилото, бил лишен од слобода во моментот додека од возилото исфрлал четири торби покрај патот. Од извршениот увид, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, во торбите покрај возилото биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, кои се подигнати и предадени на вештачење. Воедно, при претрес извршен со судска наредба во домот на А.Г. во Охрид, биле пронајдени 17 куршуми со различен калибар, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Од страна на ОВР Прилеп во текот на денешниот ден против А.Г. ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела по чл.215 за „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, по чл.383 за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и по чл.396 за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, сите според Кривичниот законик.

Сара Мејс во осмиот месец од бременоста плива со ајкули (ВИДЕО)

Пејачката Сара Мејс, која во моментов е во осмиот месец од бременоста, заедно со сопругот Димитар Атанасовски и ќеркичката Илина уживаат на одмор во Анталија.

Покрај фотографиите што ги објавуваат на Инстаграм, сега објавија и видео од нивната авантура – пливање со ајкули.

„Неверојатно искуство и доживување…

Once in a lifetime.

Дури си во базенот со ајкулчињата слатки си земаш една школка и после бисерот од школката ти го ставаат во приврзок и на ланче…. Јас моето го подарив на Илина, а Димитар своето ми го подари мене…. Дали дека сум трудна па сум емотивна или некако пресимболично ми е… Најубавото ланче на светот (Читај најубавиот спомен)“, напиша Сара во опис на видеото.

Истече забраната за зголемување на цените, се очекуваат ПОВИСОКИ ЦЕНИ и на храната

Од полноќ истекоа и останатите антикризни мерки, со кои до вчера беа лимитирани и цените на основните прехрамбени производи.

Од денеска престануваат да важат дел од антикризните мерки што Владата ги воведе во март со цел ублажување на последиците од енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните. Основните прехранбени продукти повеќе нема да се продаваат со нула проценти ДДВ, а од денес се враќа и ДДВ-то за бензините на 18 проценти.

Во изминатите три месеци, ДДВ-то за лебот, брашното тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, оризот и јајцата беше намалено од пет на нула проценти, а на предлог на Министерството за економија беше донесена и одлука за намалување на трговските маржи.

Како дел од 26-те антикризни мерки беа и намалувањето на акцизите и на ДДВ-то од 18 на 10 проценти на енергенсите.

Укинувањето на антикризните мерки се очекува да предизвика пораст на цените на храната и на енергенсите. Од полноќ по нова, зголемена цена веќе се продаваат горивата. Цената на Еуросупер БС-95 и на дизелот е зголемена за девет денари за литар, а на Еуросупер БС-98 за 9,5 денари за литар. За 8,5 денари за литар поскапо е и Екстра лесното масло за домаќинство. Според новите цени, Еуросупер БС-95 се продава за 104 денари, Еуросупер БС-98 за 106,5 денари за литар, дизелот за 95 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за 93 денари.

Од Владата вчера не информираа дали на вчерашната седница било разговарано за продолжување на антикризните мерки. Од опозицијата, пак, најавија дека ќе поднесат закон со кој ќе предложат прехранбените производи да бидат ослободени од ДДВ до крајот на годината, а ДДВ-то на горивата да биде пет проценти.