„Народот да биде буден, нема време за одмори и седење дома, се подготвува асимилација“

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ повика на будност. Тој порача дека иднината на Македонецот не може да биде во рацете на Бојан Маричиќ и Бујар Османи. Според него, нема време ниту за одење на одмор ниту за седење дома.

„Го повикувам народот на будност. Ова е нов Илинден. Овде нема партија, ова е за македонскиот индентет, кој со векови е создаван. Го предупредувам секој граѓанин во државава, да биде буден, се подготвува асимилација. Или еден ден членка на ЕУ или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ. Ете тоа ни се подготвува со одбивањето. Знам дека притисокот ќе биде голем, но на народот треба да му биде јасно, дека ова се историски моменти, дека нема моменти за седење дома ниту за одење на одмор. Сега се одлучувачките моменти: да кажеме громогласно „не“ и наредните години да се избориме…. Нема простор веќе да гледаме… Не верувајте на тоа што ви го кажуваат, туку на тоа што ќе го прочитате и видите“, додаде Мицкоски.

Францускиот предлог е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Договорот за добрососедство е содржан во францускиот предлог за преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за ЕУ. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, објасни дека вклучување на овој Договор во преговарачката рамка за нив е неприфатливо.

Францускиот предлог Е ДОБАР – БГНЕС: Се исполнуваат сите БУГАРСКИ БАРАЊА!

Додека Владата на ДУИ И СДСМ коментирајќи ја објавата на претседателот Макрон дека е постигнат компромис за спорот меѓу Бугарија и Македонија вели дека се само „предлог идеи“ а не решение, агенцијата БГНЕС објави детали од решението кое е веќе финално.

– Појаснување на текстот на нацрт-заклучоците на Советот за да се обезбеди вклучување на Бугарите во Уставот  во одредбите во кои се споменуваат другите народи и на еднаква основа со овие народи;

– Подобрување на предложената нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучоците на Советот со цел појасно да се одрази фактот дека ништо во процесот на пристапување на  во ЕУ не може да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на постоењето на „македонски јазик“;

– Да се ​​обезбеди добрососедството да остане хоризонтален критериум во текот на процесот на пристапување во ЕУ, за чие спроведување ЕК треба да го информира Советот пред секоја Меѓувладина конференција;about:blank

– Вклучување на повикување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и записниците од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од овој Договор во преговарачката рамка во врска со одобрувањето од страна на Советот на ЕУ на заедничките позиции за меѓувладините конференции на ЕУ-МК..

Макрон: Најдовме решение за спорот помеѓу Македонија и Бугарија

Претседателот на Франција Емануел Макрон на прес-конференција во Мадрид, на Самитот на НАТО изјави дека е уверен оти е најден добар договор помеѓу Скопје и Софија, јави дописничката на МИА од Брисел.

– За прашањето на пристапувањето на Македонија ги продолживме нашите консултации со македонските и бугарските власти затоа што нашата заложба за европската перспектива на Западниот Балкан е да можеме да ги отвориме првите поглавја за Македонија и Албанија. Врз основа на овие консултации, уверен сум дека најдовме компромисно решение кое одговара на сензибилитетот на секој. Во интерес на Бугарија и на Македонија, прифатлив за сите, изјави Макрон.

Тој изрази надеж дека „разгледувањето од двете страни во следните денови ќе го потврди ова“.

– Од сега премиерот и претседателот на Бугарија потврдија дека го прифаќаат предлогот. Прифаќањето ќе бара консултации во Скопје. Ова решение носи безбедност, предвидливост и сигурност за надминување на споровите наследени од минатото, потенцира Макрон.

ОД ПЕТОК: Струјата поскапува 7,4 проценти за домаќинствата

За 98,8 проценти од домаќинствата цената на електричната енергија ќе се зголеми за 7,4 процент.

-Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории, изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка ќе плаќаат поскапа електрична енергија, посочи Бислимоски.

Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%. Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%.

Енергетски компании побараа значајни зголемувања на тарифите за нивните услуги, но од РКЕ велат дека не ги прифатиле сите нивни барања и одобриле многу помали проценти.

Трошоците за набавка на електрична енергија на ЕВН ХОМЕ на годишно ниво се зголемени за 57,4 милиони евра, во однос на планираното од декември 2021 година, заради враќањето на голем број  компании и јавни институции од либерализираниот на регулираниот пазар на електрична енергија, заради што ЕВН ХОМЕ мораше да направи дополнителен увоз на електрична енергија во износ од 33,2 милиони евра. Со укинување на кризната состојба, ЕВН ХОМЕ има и дополнителен трошок за обновливи извори за енергија во износ од 9,5 милиони евра. Дополнително новата цена на eлектрична енергија што ЕСМ му ја испорачува на ЕВН ХОМЕ е зголемена за 17%, од 41евра за MWh на 48 евра за MWh.

ВИДЕО: Тони Зен се враќа на музичката сцена, слушнете го „Планот“

По пауза од подолго време на македонската музичка сцена повторно се враќа човекот кој пред десетина години беше еден од најслушаните изведувачи.

Тони Петковски, во јавноста познат како Тони Зен, има нов сингл со наслов „Планот“ – Во ова време – невреме за сите уметници, тој одлучи повторно да го прави она што најдобро го знае, а тоа е музиката. Ново време, нови визии, нови цели.

Целата приказна почна од поривот и љубовта за творењето. Се инспирирав од музиката и поддршката на моите пријатели и соработници Нино Васков и Ики, со кои работевме долги години. Идејата со оваа песна е дека сето она што ни било зацртано низ времето го остваруваме и прикажуваме на ваков начин, затоа што ова ни е задача и љубов од многу одамна. Се чувстувам должен кон публиката бидејќи долго време бев отсутен, ова враќање е токму за нив, инспириран од младите, но секако и од постарите артисти, музиката мора да продолжи без оглед на се. Сакам да се претставам на наш, македонски начин. – вели Тони Зен.

Музиката, аранжманот, миксот и мастерот го направија Илија Цветковски – Ики и Нино Васков, а за видео записот одговорен е Огнен Шапковски – „Мелем продукција“.

Она што е добро да се знае е дека Тони Зен потпиша три годишен договор со „Прагма продукција“ – продукција која знае како да работи и која ќе стои зад секој негов професионален ангажман. Неговата агенда со настапи е веќе преполна, го очекува богата летна турнеја, а дел од истата ќе биде и „Мандра фестивалот“ во Дојран каде ќе настапат големи музички имиња, вклучувајќи го и Тони. Веќе во сабота, на 2-ри јули, со Тони ќе имате можност да се дружите во Градскиот парк на „Crazy summer festival“.

Слушнете ја неговата нова песна.

Арсовска: Започнува реконструкција на левата страна на кејот на Вардар (Фото)

Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар Денес го најавивме проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар, која ќе се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, пешачки, вело патеки и нова урбана опрема во интерес на сите граѓани. – напиша градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Со овој проект планираме првично обнова на овој дел од кејот на реката Вардар од над 3 километри должина, нова велопатека во површина од 2.500 м2 и нова пешачка патека во површина од 2.500 м2, формирање на нова зелена површина во која се предвидени над 71.330 садници сезонско цвеќе и 1360 зимзелени и листопадни садници ниска вегетација, нова хидрантска мрежа, урбана опрема, садови за отпадоци, ново осветлување и партерно уредување од над 26.363 метри квадратни.Остварувањето на оваа инвестиција се одвива во три етапи, вели Арсовска.

Градоначалничката исто така посочи дека крајна цел на овие инвестиции е остварување на ветените проекти, за модерно и урбано Скопје, во кое се обезбедуваат подобри услови за сите граѓани.

https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/posts/pfbid02j1fddaQT4u2VxxVF4EcM8T9Cy25pr1VYsn29r6T8qKhT8WuzVy4XKnriwKg5muJul

Никаде нема формулација дека Самоил бил бугарски цар!

Членот на Мешовитата историска комисија, Огнен Вангелов уште еднаш повтори дека Комисијата нема мандат да утврдува натписи на споменици на споменици, музеи и тврдини.

-Не можеме ние да се договориме дека цар Самоил бил бугарски цар затоа што не дискутираме каков бил царот, туку како историографијата гледа на тоа царство и тука се воделе дискусии, нашата историографија, нивната и светската историографија. За цар Самоил има излезено заклучок тоа што беше договорено во 2019 година за заедничко чествување и има еден условен за учебниците, кој ќе биде конечен кога ќе се усогласат сите останати. Нема никаде формулација дека цар Самоил бил бугарски цар. Такво нешто во заклучоците на нашата комисија, вели Вангелов во емисијата „24 отворено“.

(Видео) Апасиев до Бисера: Финансирате детски песнички за УЧК, а старата велешка архитектура пропаѓа!

Пратеникот Димитар Апасиев вели дека културното наследство во Велес пропаѓа и не е задоволен од одговорот на Министерството за култура зошто не преземаат ништо иако има извршено решение за итна заштита. Тој рече дека министерката Бисерa Костадиновска-Стојчевска допир со култура има колку тој со нуклеарна физика.

„Велес е познат по својата стара градежна архитектура. Вие сте професор по англиски, а со култура имате допир колку јас со нуклеарна физика, па не сте експерт на темата. Но, можете да консултирате експерти. На пример, дел од овие куќи се учат на универзитетот Сорбона.

Само вие смејте се, бидејќи додека имате пари да финансирате пеење детски песнички за УЧК, нашето културно наследство пропаѓа за нас. Има 15 куќи во Велес, четири куќи презема општината, наместо вас, во добра состојба се само три, додека другите се паднати или пред паѓање.

Донесено е извршно решение со кое одредени објекти се ставени како културно наследство во опасност и две години не се постапува по тоа, а не да ми цитирате диспозитив од решение.

Јас ве прашувам: Што треба да направите ако итна мерка не ја преземате две години? Уште колку куќи треба да паднат за да сфатите дека сериозно е прашањето?”

Во цела Македонија нема хартија за свидетелства?!

Министерството за образование ги известува директорите на сите средни и основни училишта во Македонија дека годинава ќе се доцни со издавањето на свидителствата неофицијално бидејќи државата нема обезбедно хартија и материјали потребни за нивна изработка.

Учениците годинава ќе ги добијат свидителствата дури во месец август. Свидителства правовремено ќе им се издаваат само на учениците на кои истите им се потребни за упис во средно и високо образование или за оние кои имаат итна потреба од свидителство.

Училиштата дополнително ќе бидат контактира и известени за начинот и дистрибувцијата на свидетелства годинава.

Со министерството за образование раководи кадар на ДУИ, Јетон Шаќири кој 2005 година се запишува на Економскиот факултет при Државниот универзитетот на Тетово и рекордно дипломира во рок од 3 години во 2008 година.

Очигледно универзитетот во Тетово правовремено се снабдил со хартија па му ја доделил дипломата.

Полицијата улови скопјанец во обид да регистрира фалсификуванo „Порше Кајен“

Министерството за внатрешни работи информираше дека СВР Скопје поднело кривична пријава против Е.Д.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

– На 01.10.2021, пријавениот поднел барање за регистрација на увезено возило „порше кајен“, на кое со механички доработки и стружење бил променет идентификацискиот број, се вели во соопштението од полицијата. 

По дополнителни проверки било утврдено дека возилото е предмет на меѓународна потрага, распишана од Германија.