Сончево и топло до 36 степени, УВ индексот 9

Времето денеска ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне со мала локална облачност. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на многу топло време. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Нефи Усеини од ДУИ со пцовки кон новинарка на Телма!

„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси со тендерите, јас не ги гласам тие тендери. Е.. си мајката, п… ти м….. Немој повеќе да ми звониш, што ти треба да си барате во Општина. Ова да ти е последно што ѕвониш“.

Ова се зборови на контроверзниот охридски функционер и бизнисмен Нефи Усеини употребени во телефонски разговор со новинарка на Телма.

Телевизијата се обидува да добие изјава за бизнисите на Усеини но тој вебално ги напаѓа новинарите на Телма им се заканува.

Нефи Усеини е познат по своите физички пресметки со охриѓани, а Судот неодамна го ослободи од обвинение за напад на едно лице насреде Охрид, со образложение дека не може да се докаже вината.

Охридското обвинителство води постапка и за две дивоградби на бизнисменот Нефи Усеини, објави Телма.

Врие во Собрание, продолжуваат тензиите

Потпретседателката Арта Биљали-Зендели на денешната седница во Собранието на Комисијата за европски прашања побара претставникот на Владата да се произнесе за амандманите, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа процедурално обраќање. Откако таа не дозволи, тие почнаа да удираат по масите.

Пратениците од опозицијата започнаа да удираат по масите со раце и шишиња на масите.

-Ова ни во Северна Кореја го нема срамота е ова што го правите, извинете се и кажете колеги ова не можам да го правам, кажа Мицевски кој побара расправа и седницата да тече процедурално, тој посочи дека вчера имале физички инцидент, а денеска имаат вербален инцидент.

Во салата нема никаков ред, а пратениците застанаа пред пултот на Биљали за да бараат процедурално обраќање.

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ застана пред бирото на Биљали-Зендели, а по неа дојдоа и другите пратеници од опозицијата.

– Воопшто не ме исплашивте! Ако сакате дојдете сите овде, нека гледа народот! – рече Биљали-Зендели.

АПСЕЊЕ НА „ДИЖОНСКА“: Приведен скопјанец, ова се деталите

На улица „Дижонска” во Скопје, полицијата денеска го лишила од слобода Б.И.(39) од Скопје, кој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од три години и осум месеци.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето било приведено за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик, за кое бил осуден на казна затвор од пет години и 10 месеци и ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Џамбазов ќе биде домаќин – ги повика сите на ладно пиво и најдобара скара во Прилеп (Видео)

После две години пауза во Прилеп се враќа најголемата фестивалска манифестација во Македонија. Фестивалот на скарата и пивото оваа година ќе се одржи од 14-17 јули, а водител ќе биде најдобриот македонски шоумен Игор Џамбазов.

Џамбазов преку видео порака ги покани сите на ладно пиво и најдобра скара да уживаат во богатата програма на најновото издание на “Пиво Фест”.

https://fb.watch/dWRrghA_Ki/

Лажна дојава за бoмбa во Железничката станица во Скопје била од оставен КУФЕР

Лажна е дојавата за бомба во Железничката станица. Заборавен куфер со облека направи паника меѓу безбедносните служби. Од МВР велат немало никаква опасност за граѓаните.

-Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за повозрасна жена која го оставила куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните, велат од МВР.

Македонската ракометна репрезентација ја сотре Грција со 18 гола разлика на Медитеранските игри

Ракоментата репрезентација на Македонија на одличен начин ги отвори Медитеранските игри кои оваа година се одржуваат во Оран, Алжир откако со убедливи 39:21 ја совлада селекцијата на Грција.

Играта на теренот беше одлична, протокот на топка доста брз, а во нападот имавме огромна разновидност, нешто што досега не било видено. Освен тоа, стрелците беа расположени, па ретко кога Македонија ќе промашеше некој удар. Одбраната беше одлична и изгледаше доста воиграно, а фантастични меѓу стативите беа и Кизиќ и Гогов.

Најдобар кај стрелците беше Martin Serafimov со седум гола, пред Nenad Kostevski со пет постигнати гола, исто колку што имаше и Петар Атанасијевиќ. Четири пати стрелаше Игор Ѓорѓиев, три гола имаше Иван Џонов , Александар Петровски и Павле Атанасијевиќ дадоа по два, додека Марко Стојковиќ, Кристијан Симоновски и Костадин Петров реализираа по еднаш. Кај Грција, Елефтериос Пагиатис имаше пет гола, пред Армандо Сина со три.

Следниот натпревар македонската репрезентација го игра веќе утре со почеток од 18:00 часот, а противник ќе ни биде домашната селекција на Алжир.

Првата изјава на Адеми по излегувањето од Собрание !!!

Реакции на Твитер заедницата по инцидентот во Собрание, кога претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми кон опозицијата фрлаше предмети.

Азири на социјалните мрежи порачал: „Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“, пишувало на постот.

Здравство: Да се ИЗБЕГНУВА ИЗЛОЖУВАЊЕ НА СОНЦЕ МЕЃУ 10 И 14 ЧАСОТ !

Поради високите температури кои деновиве ја зафатија земјава, Министерството за здравство апелира да се почитуваат препораките за заштита на здравјето, а особено да се внимава и да се преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Ако УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крем со заштитен фактор и капа, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка.

УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на сонце. Воедно, на плажа треба да се има предвид дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ зрачење и може двојно да ја зголемат изложеноста на зрачењето. Денес УВ индексот изнесува осум.

Од Министерството препорачуваат во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред сè климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за почести одмори под сенка. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа. За сончање да се користи крем со висок заштитен фактор.

За да нема дехидратации да се пијат многу течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. Воедно, да се јаде помалку храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

Поради високите температури и зголемената можност за труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и јадење во многу кус рок по готовењето, а ако тоа не се направи, така зготвената храна да се стави во ладилник на плус 4 степени Целзиусови и пред употребата да се загрее на сто степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени.
На хронично болните се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
Министерството за здравство заедно со Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството, во континуитет и на дневна основа ја следат состојбата и ако има пораст на температурите согласно најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат предложени соодветни превентивни мерки.

Драми во Собрание: Арбер Адеми од ДУИ фрлаше чаши по пратенци (ВИДЕО)

Вчера инциденти во законодавниот дом, кога пратеникот од ДУИ Арбер Адеми удираше пратеници, а потоа ги гаѓаше со тврди предмети.

Вака се однесува претседателот на КЕП! Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со „каубоите“ од власта! – пишува пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на Фејсбук, кој сподели и видео.