Ослободителна пресуда добија Нефи и брат му за претепување на Топалоски

Советникот  на ДУИ во Охридскиот Совет и познат бизнисмен, Нефи Усеини и неговиот брат Ибро, добија ослободителна пресуда  за насилството врз нивниот сограѓанин Спиро Топаловски, што се случи пред 2 години пред еден охридски хотел.

Судијката Билјана Белевска Пројковска, во пресудата наведува дека е неспорно оти двајцата браќа го нападнале Топаловски и му нанеле повреди, што е потврдено и со лекарски прегледи  и со снимки од видео надзорот, сепак, поради контрадикторните изјави на Топаловски, судот не утврдил дека тој е оштетен.

И сведоците кои биле присутни пред судот кажале дека ништо не виделе.

Иако на снимките јасно се гледа како е тепан Топалоски, тој останал на исказот дека повредите не му ги нанел Усеини, туку непознато лице кое го удрило од зад грб, спротивно на она што го кажа во Обвинителството.

Најчевска: Преименувањето во „северномакедонци“ е прекршување на меѓународното право

„Според членот 1 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права сите народи имаат право на самоопределување.

Македонците се определиле да се сметаат себе си за посебен народ и тука веќе нема место за муабет.

Секој обид за негирање е повреда на меѓународното право.

Преименувањето во северномакедонци е исто така прекршување на меѓународното право.

Отсуството на соодветна реакција на ваков вид омаловажување од страна на надлежните органи и високи функционери во Северна Македонија е неприфатливо“.

ФБ статус на професорката Мирјана Најчевска откако терминот „северномакедонци“ почна да се одомакинува во ЕУ

Предложете имиња за трите женски лавчиња кои се родија

Посетителите на скопската Зоолошка градина од денеска ќе можат да даваат предлози за избор на имиња на трите нови женски лавчиња. Од денеска тие ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште и посетителите за првпат ќе имаат можност да ги видат одблизу.

Граѓаните, како што соопштија од Зоолошката, предлозите ќе може да ги ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на Зоолошката градина. Предлози ќе можат да се пишуваат и во коментар на објавата на фејсбук-страницата на Зоолошката градина, како и на објавата на фејсбук-страницата на Град Скопје.

Анкетата за именување на малите лавици ќе трае една недела, а во текот на следната недела одбраните имиња ќе бидат и јавно објавени.

По повеќе од 20 години, во март годинава во скопската Зоолошка градина се родија три лавчиња. Лавчињата, како што посочуваат од Зоолошката, одлично напредуваат под будното око на вработените кои со професионалност и внимание се грижат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите потребни услови.

– Лавчињата ја примија и првата вакцина, како превентивна мерка во ветеринарната заштита на здравјето на животните, се вели во соопштението.

Предлозите можете да ги дадете во коментар на следниот линк:

Тешка сообраќајка во скопско Радишани: Едно лице е починато, повеќе се повредени

Трагедија вечерва го потресе Скопје. Во тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница на клучката Радишани спрема Петровец едно лице го загуби својот живот, а повеќе лица се повредени.

Во несреќата учествувале две патнички возила, а според наши извори едно лице е починато на лице место, додека повеќе лица се повредени.

На пат кон местото се упатени повеќе амбулатни возила, а полицијата веќе го обезбедува местото.

Повеќе детали во текот на вечерта.

Младиот Марко Пејчиновски третпат овој месец го преплива Охридското Езеро

Третпат во јуни, познатиот млад пливач-маратонец Марко Пејчиновски го преплива Охридското Езеро, овој пат на делница од Радожда до Трпејца.

Нешто повеќе од шест часа му беа потребни на Пејчиновски да ја преплива делницата од Радожда до вилата „Марко“ во Трпејца. Од вода излезе нешто пред 16 часот, свеж, како да не пливал 20 километри по жешкото неделно сонце. Подвигот се пренесуваше на неговата страница на Фејсбук.

https://fb.watch/dUsTV5VA9B/

Скопјанец падна во море со автомобил во Грција (Фото)

Автомобил со скопски регистарски таблички падна вo море во Неа Каликратија, Грција.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од автомобилот, кој за среќа бил празен и во несреќата нема повредени.

Се апелира туристите да внимаваат каде и како паркираат и задолжително да користат рачна кочница кога паркираат на угорнини.

„Предупредување!! Би сакал да го привлечете вниманието на вашите следбеници на паркирање на угорнина. Задолжително рачно, задолжителна брзина и правилно тркалање на тркалата. За жал денеска во Неа Каликратија се случи несреќа кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски таблички“, се вели во апелот на социјалните мрежи.

Полицијата ќе работи осум часа на ден, синдикатот реагира

Независниот синдикат на полицијата реагира дека на измената во работното време на полициските службеници, која се воведува во екот на енергетската криза и досегашните 12-часовни се заменуваат со осумчасовни смени е сериозен проблем. Од Синдикатот апелираат министерот и директорот на БЈБ итно да го надминат проблемот.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев, на прес-конференција пред МВР појасни дека овие измени, значат дека полициските службеници кои досега требало да патуваат по 12-13 пати во текот на месецот сега треба истото да го прават 21-22 пати.

Во ек на економска и политичка криза со цените на горивата на неколку поедицни во МВР им текна една интересна идеја смените да ги префрли од постојните на работа по осум часа на ден. Ова е сериозен проблем и прашање што уште утре, министерот преку директорот на БЈБ треба да го надминат – изјави Делчев.

Тој нагласи дека оваа состојба критично се одразува на егзистенцијата на полицајците затоа што поголемиот број воопшто не работат во своите општини и треба да патуваат.

Како да одат на работа на осумчасовно работно време од Гостивар до Ростуше или од Прилеп до Старавина. Тие се места што се по 70-80 километри оддалечени од местото на живеење на полицајците – изјави Делчев.

Од НСП посочуваат дека овие избрзани решенија системски го уништуваат полицаецот и го намалуваат неговиот семеен буџет.

Поплавени улици, домови без струја: Големо невреме во делчевско

Големо невреме вчера по 19 часот го зафати градот Делчево. Во моментот поплавени се поголем број градски улици, Делчево кратко време беше без електрична енергија, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива во отежнати услови.

На повеќе локации регистирани се срушени бандери, светлечки реклами и билборди, како и срушени ќерамиди, оџаци и соларни панели. Најголеми штети се регистрирани во населбата Ново Делчево каде, исто така, поплавени се подруми на граѓаните.

ЛГБТ заедницата во Македонија излегоа на „Скопје прајд“, добија поддршка од министрите Маричиќ и Тренчевка

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“, организаторите националната мрежа против хомофобија и трансфобија вечерва го започна овогодишното издание на „Скопје прајд“. Неколку илјади луѓе околу 17 часот се собраа на почетната точка во паркот „Жена-борец“ во Скопје за третата по ред скопска парада на гордоста, која почна во 19 часот.

Присутни се и јавни личности, претставници на невладиниот сектор, министерот за правда Бојан Маричиќ и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Главни пораки од учесниците, е да се прифатат и толерираат различностите, да ги има ЛГБТ заедницата истите права како и другите граѓани, да не им се суди, да бидат безбедни. Сметаат дека нашето општество се движи кон прифаќање, но има уште многу работа.

На стадионот на АРМ ќе настапи и оперската пејачка Наде Талевска, како и дрег кралици од земјава и од регионот. Свои диџеј сетови ќе имаат Андреј Мицајков, Јана Тодоровска, Мартина Пенева и Џинџер.

„Прајдот е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување, нарушена телесна автономија и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати. Скопје Прајд, како и другите паради на гордоста, е празник на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните и, секако, повод за славење на жилавоста на нашата борба за еднаквост“, порачуваат организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ).

Пyкaње и апceње среде бел ден пред градскиот пазар во Прилеп (Фото галерија)

Попладнево апсење и пукање пред градскиот пазар во Прилеп. Имено како што дознава порталот маркукуле.мк, комуналните инспектори при општина Прилеп интервенирале на отстранување дива тезга, сопственикот на тезгата според очевидци се обидел да ги прегазе со комбе.

На тоа интервенирал полициски службеник кој испукал неколку кypшyми во гумите на возилото со цел да го спречи разбеснетиот возач. Очевидци велат дека полицискиот службеник бил принуден да интервенира на ваков начин со цел да се спречи поголема тpaгедиja.

Лицето потоа било совладено од полициските службеници и приведено. Повеќе детали очекуваме од СВР Битола во текот на денот.

извор: markukule