Ковачевски за Парадата на гордоста: Значајно демократско случување

„Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација“, вели премиерот Димитар Ковачевски.

„Затоа грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите. Како Влада посветено работиме за да овозможиме добробит на сите граѓани – донесовме Закон за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор. Има уште предизвици, но заедно и посветено ќе ги решаваме и надминуваме. Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија. Посакувам успешен и мирен“, напиша Ковачевски.

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“, националната мрежа против хомофобија и трансфобија го организира овогодишното издание на „Скопје прајд“.

Почетната точка ќе биде во паркот „Жена-борец“, а по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици. Настанот ќе заврши во вечерните часови со забава на стадионот на АРМ во градскиот парк.

Во пресрет на парадата, волонтерите и организаторите ги посети претседателот Стево Пендаровски.

Вучиќ за иницијативата „Отворен Балкан“ : Сит сум од игрите на ЕУ

„Не беше фер Србија во Брисел да очекува дека ќе добие отворање на нов кластер, кога Северна Македонија 17 години има статус на кандидат за членство со ЕУ, а Албанија осум години, а и двете не добија датум за почеток на преговори, па затоа наше беше да покажеме солидарност и со братскиот македонски народ и пријателскиот албански народ“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за тоа какова порака праќа Брисел со доделувањето кандидатски статус на Украина и Молдавија, а Западниот Балкан не бил суштинска тема.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во врска со иницијативата „Отворен Балкан“ и односот на ЕУ, Вучиќ истакна дека е „сит од игрите на ЕУ“.

„Сит сум од тие игри на ЕУ и игрите на луѓето од регионот секогаш гледајќи како да се оцрниме едни со други, за да овие можат да се играат со нас како марионети. Затоа „Отворен Балкан” е многу важен и затоа така страсно, иако имав благ и балансиран речник, ги подржав нашите браќа и пријатели, кои имаа големи очекувања, а не беа исполнети. Говорам пред се за Македонците, кои чекаа одобрување од бугарскиот Парламент, но не и одобрување кое ќе значи дека мораат повторно да го менуваат Уставот или не знам што се, што е секако на нив да се договорат“, изјави Вучиќ.

Како што нагласи тој, на Самитот во Брисел, Западниот Балкан не бил суштинска тема, туку главна тема била Украина.

Околу обидите за менување на преговарачката рамка на ЕУ за Србија околу признавањето на Косово, Вучиќ оцени дека земјата има веќе утврдена преговарачка рамка која не може да се менува.

Вучиќ изрази надеж дека во декември Србија ќе може да отвори нов кластер и во рамките на тоа ја спомна иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон за Европска политичка заедница, што, според него, би значело можност за поголемо присуство на разговорите, во кои би можеле да го чујат Белград, а со отворањето на кластерите земјата ќе може да смета на поголеми износи на пари преку европските фондови и во изградбата на политики во поедини области.

Вучиќ рече дека позицијата на Србија е многу тешка околу воведувањето санкции кон Москва, бидејќи ЕУ веќе ја избрала страната во руско-украинскиот воен конфликт и повеќето земји се во војна со Русија и праќаат огромни количества оружје за Украина.

На небото воочена мистериозна спирална светлина која ги збуни луѓето – еве за што станува збор (ВИДЕО)

Мистериозна светлосна спирала на ноќното небо која била забележана кај Нов Зеланд, предизвикала интересирање во пошироката јавност и иницирала расправа на интернет.

Многумина се запрашале за што всушност станува збор, пренесува „National Geographic“.

Причината за оваа необична појава, според тврдењето на експертите, не се вонземјани ниту игра на светлината, туку Space X ракета во „умирање“, како што пренесува „Daily Mail“.

Спиралниот облак на плин којшто светнал на небото над градот Нелсон во вечерните часови, бил воочлив во должина од 750 километри.

Експертите сугерирале дека ова најверојатно е последица на проектот „Space X“, кој само неколку часа претходно ја лансирал ракетата „Falcon 9“ со сателитот „Globalstar DM15“.

А, во моментот кога ракетата го ослободувала својот товар, жителите на планетата Земја можеле да воочат траг од пареа кој рефлектирал светлина од Сонцето и зад себе оставил мистериозна, сина трага.

Како што наведува Астрономското друштво „New Plymouth“, причина за спиралите кои привлекле внимание е издувниот облак од лансираната ракета.

Во делчевско 81-годишен дедо се соблекувал пред 81-годишна баба

Во делчевско село, 81-годишен дедо се соблекувал пред 81-годишна баба и недолично се однесувал пред неа.

Во Полициската станица Делчево, вчера во 9 часот, жена од делчевско село пријавила дека ден претходно во нејзиниот двор, Д.С.(81) од истото село се соблекувал пред неа. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Иванов за францускиот предлог: Работата е зрела ќе поминат ден-два за да се допеглаат некои разбирања

Јазикот како идентитет е клучот на бугарските барање, но овој пат тој станува рамноправен со тоа што бугарската страна ќе направи нота во која ќе пишува дека не го признава во рамките на ЕУ, вели новинарот Зоран Иванов во „Само Вистина“ вечерва во дебата со Александар Пандов.

-Ако се гледа малку подлабоко може да се забележи дека во оваа политичка дисторзија која владее во Бугарија како некоја сила да ги пикна пратениците да го изгласаат францускиот предлог.Сметам дека ние како и бугарската страна добивме шлаканица, и Макрон доби малку шлаканица.Како и да е ова пред да дојде до оваа ситуација можеше да се превенира, но ЕУ не е баш секогаш наклонета кон земји кои се надвор од Унијата. Факт е дека работата е зрела ќе поминат ден, два да се „допеглаат“ некои разбирања во некои формулации и како би течел протоколот, вели Иванов.

Извор: Локално мк

Бугарското МНР го откри Османи дека лаже ?! Бараат да се донесе протоколот што тој го договарал

Бугарското министерство за надворешни работи уште еднаш ги разобличи лагите на македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи.

Откако најпрво тврдеше дека го нема видено францускиот предлог па денеска велеше да ги види бугарските услови па ќе коментира, бугарското МНР беше побрзо.

Оттаму бараат  да се потпише билатералниот протокол (составен од историски, образовни услови и идентитетски прашања), како што бил преговаран / усогласен меѓу двете министерства за надворешни работи.

(Видео) „Македонија е Бугарија“: Бугарските пратеници подигнаа скандалозни транспаренти !

Пратениците од пратеничката група Преродба како и гостите на балконот од пленарната сала во бугарското Народно собрание подигнале транспаренти со натпис: „Македонија е Бугарија“, а претседавачот на седницата Атанас Атанасов побарал да ги тргнат за да не мора да ги земе и да ги избрка надвор од салата.

Овие транспаренти испечатени на листови биле декор на говорот на претседателот на Преродба, Костадин Костадинов кој од собраниската говорница го искритикува и предлогот на Макрон и француската политика на Балканот:

„Целта на Макрон не е да го реши бугарското национално прашање и проблемите туку да си ги реши неговите внатрешни проблеми зошто на националните избори загуби истовремено и од левицата и од десницата и бидејќи завршува француското претседателство треба да заврши со некаков надворешнополитички медал, да покаже победа. Тоа е како на времето Австроунгарија што се фалела со победите на Балканскиот полуостров каде единствено можела да победи. Па Франција како една опаѓачка голема сила очигледно нема со што да се пофали освен да каже дека успеала да ја замолчи Бугарија“, рече Костадинов.

Медицинска сестра во љyбовен занec додека пациенти чекаат ред за преглед (Видео)

Читателите на Алсат испратија видео снимка на која се тврди дека ден претходно во Итната помош на градската болница во Куманово медицинска сестра била фатена во интимни моменти додека била на работа.

Снимката докажува дека странец кој најверојатно не е пациент, седи на биро и ја придружува медицинската сестра додека ја чекаат пациентите.

Неофицијално се дознава дека за скандалот бил информиран директорот на болницата, од каде се очекува да преземат дисциплински и законски мерки против медицинската сестра.

ВИДЕОТО погледнете го ТУКА

Османи го брани Макрон за „Северномакедонци“: Францускиот претседател направил ненамерна грешка

Комунициравме веќе со Амбасадата на Франција и немаме дилеми дека францускиот претседател направил ненамерна грешка, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање дали и како Македонија ќе реагира откако Макрон вчера во Брисел, во изјава за медиумите, нѐ нарече „Северномакедонци“.

-Ние комунициравме со Амбасадата на Франција колку да ја испочитуваме формата, но и вчера реагиравме во комуникација со француската делегација, премиерот имаше комуникација со Макрон, во Брисел. Немам дилеми дека е тоа ненамерна погрешна формулација на францускиот претседател. Макрон апсолутно нема дилема по однос на името и идентитетот и по однос на прашањата кои се дефинирани овде и во Обединетите нации, изјави Османи.

Денес се празнува: Светиот Апостол Вартоломеј – Натанаил

Еден од дванаесетте големи апостоли. Вартоломеј и Натанаил, по сè изгледа, се две имиња за едно лице; името му е Натанаил, а Вартоломеј е според татковото име, односно значи „Син на Толомеј“. Заедно со светиот апостол Филип и сестрата на Филип, девицата Маријам – а некое време и со свети Јован Богослов – го проповедаше Евангелието најпрво во Азија, потоа во Индија и најпосле во Ерменија, каде што и заврши маченички.

Овие Свети апостоли ја умртвија големата змија којашто незнабошците ја чуваа во храм во Јерапол и ја почитуваа како божество. Во истиот град му подарија вид на Стахиј, кој беше слеп полни четириесет години. Таму против нив се крена толпа народ и ги распнаа на крст и Филип и Вартоломеј, а Вартоломеј го распнаа со главата надолу. Тогаш затресе земјотрес во којшто загинаа злите судии и многумина од народот. Гледајќи во тоа казна Божја, мнозина притрчаа да ги симнат апостолите од крстовите, но Филип веќе беше издивнал, додека Вартоломеј сè уште беше жив. Потоа отиде во Индија, каде што го проповедаше и на индиски јазик го преведе Евангелието на Матеј. По ова прејде во Ерменија, каде што ја исцели од лудило царската ќерка. Но, братот на царот Астијаг завидливо го фати и го распна Божјиот апостол на крст. Потоа му ја одра кожата и најпосле му ја отсече главата, во градот Албанопол Ерменски. Неговото тело христијаните го погребаа чесно во оловен ковчег. Бидејќи на неговите мошти се случуваа многу чуда, незнабошците го зедоа ковчегот и го фрлија в море.

А водата го донесе ковчегот до островот Липари, каде што епископот Агатон, по откровение во сон, го дочека и го погреба во храмот. Свети Вартоломеј му се јави, облечен во бели ризи, на свети Јован Химнограф в црква и го благослови со Евангелието за да пее духовни песни: „Нека потечат од твојот јазик водите на небесната мудрост!“ Му се јави уште и на царот Анастасиј (491 г. – 518 г.) и му рече дека ќе му го чува новосоѕиданиот град Дура. Подоцна, по нападот на арапите на островот Липари, моштите на овој голем апостол беа пренесени во Беневент, па во Рим. Над нив се случуваа големи и страшни чуда.