Бугарската комисија донесе одлука за Македонија

Предлогот на Демократска Бугарија предвидува вметнување на референца во преговарачката рамка, која ќе се однесува на двостраниот протокол според Член 12 од Договорот за добрососедство, и која ќе биде услов за одлуката на Европскито совет за одржување на меѓувладината конференција. Во кратки црти, според предлагачот и лидер на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов, тоа ќе значи дека Бугарија, покрај гаранциите, ќе има и директна контрола врз целиот процес преку нејзиното учеството во ЕС.

Отфрлени беа останатие два предлози, на„ Движењето за права и слободи“ и на ГЕРБ-СДС, но токму пратениците од овие две партии, заедно со пратениците од „Продолжуваме со промената“ гласаа за предлогот на Демократска Бугарија.

Генчовска посочи дека нацрт-протоколот е дел од целиот пакет документи. Според неа, тој треба да биде потпишан пред Преговарачка рамка. Важен услов за усвојување на Рамката за преговори е потпишувањето на протоколот“, рече министерот за надворешни работи во оставка.

Поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка на ГЕРБ, Екатерина Захариева, исто така ја истакна важноста од потпишувањето на протоколот пред Преговарачката рамка.

„Овој протокол може да се потпише без одлука на Советот на министри“, додаде таа.

Захариева ги обвини пратениците од ПП дека ја удирале топката и ја одолговлекувале расправата за трите проекти за да не можат утре да влезат на седницата на Народното собрание. Таа беше поддржана од пратеникот на МРФ Станислав Анастасов.

„Вазраждане“ и „Има таков народ“ се спротивставија на усвојувањето на предлозите бидејќи, според нив, не ги задоволуваат националните интереси на Бугарија.

Комисијата за надворешни работи на бугарскиот Парламент, по осум часовна расправа и 40 минутниот извештај на министерката Теодора Генчовска, одлучи да го прифати само предлогот на политичката партија „Демократска Бугарија“ за уредување на односите со Македонија.

Предлогот на Демократска Бугарија предвидува вметнување на референца во преговарачката рамка, која ќе се однесува на двостраниот протокол според Член 12 од Договорот за добрососедство, и која ќе биде услов за одлуката на Европскито совет за одржување на меѓувладината конференција. Во кратки црти, според предлагачот и лидер на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов, тоа ќе значи дека Бугарија, покрај гаранциите, ќе има и директна контрола врз целиот процес преку нејзиното учеството во ЕС.

Отфрлени беа останатие два предлози, на„ Движењето за права и слободи“ и на ГЕРБ-СДС, но токму пратениците од овие две партии, заедно со пратениците од „Продолжуваме со промената“ гласаа за предлогот на Демократска Бугарија.

Генчовска посочи дека нацрт-протоколот е дел од целиот пакет документи. Според неа, тој треба да биде потпишан пред Преговарачка рамка. Важен услов за усвојување на Рамката за преговори е потпишувањето на протоколот“, рече министерот за надворешни работи во оставка.

Поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка на ГЕРБ, Екатерина Захариева, исто така ја истакна важноста од потпишувањето на протоколот пред Преговарачката рамка.

„Овој протокол може да се потпише без одлука на Советот на министри“, додаде таа.

Захариева ги обвини пратениците од ПП дека ја удирале топката и ја одолговлекувале расправата за трите проекти за да не можат утре да влезат на седницата на Народното собрание. Таа беше поддржана од пратеникот на МРФ Станислав Анастасов.

„Вазраждане“ и „Има таков народ“ се спротивставија на усвојувањето на предлозите бидејќи, според нив, не ги задоволуваат националните интереси на Бугарија.

Тензична ситуација во Брисел? – Ковачевски му впери прст на Петков

Во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, бугарскиот премиер во заминување Кирил Петков се сретна со присутните во салата, каде беше и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Во еден момент Петков се поздравува со премиерот Ковачевски, кој се чини како да разговара остро со покажување прст.

Одбиен францускиот предлог КАКО НЕПРИФАТЛИВ ! (ВИДЕО)

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел на прес конференција го отфрли францускиот предлог.

-Северна Македонија и Албанија, како и регионот, не смееме да дозволиме да тапкаме во место поради една земја членка на ЕУ, која едноставно не успева да се искординира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат, истакна претседателот на владата Ковачевски во Брисел.

-Не смееме да дозволиме билатералните прашања да станат мултилатерален проблем, рече Ковачевски и се изјасни за францускиот предлог.

-Предлогот во ваква форма е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Северна Македонија, изјави премиерот Ковачевски во Брисел.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” која се емитува на Алфа телевизија говореше за францускиот предлог и рече дека тој предлог не требало да се најде на маса, а се нашол на маса затоа што неколку месеци претходно некој тајно го преговарал.

– Во тие преговори, тој што го преговарал практично се согласил со овој текст и сега наеднаш ние текстот го гледаме на маса, а тој што се согласил се прави дека не е од овде, дека нема очи, нема уши, нема ништо и вели јас ништо не сум добил. Ова е сериозен самит прво на Европската унија, таму треба да добијат кандидатски статус Украина, каде што дневно гинат по стотици и илјадници луѓе, која има илјадници километри граници која што има војна секојдневно, жалам за тоа што се случува, но исто жалам и за овие дома кај нас кои што 22 години чекаат и едно чудо генерации талкаат по Европа чекајќи европска иднина, се разочараа. Таа Украина, заедно со Молдавија кае што исто така имате релативно тензична ситуација, потоа ја имате Грузија и сега тие наеднаш треба да добијат кандидатски статус. Ова е сериозен историски геостратешки самит, ова не е било каков економски самит па сега ќе зборуваме за политиките или слично, имаме политичка тежина на овој самит и на нив им е потребен чекор и на Балканот, да почнат Македонија и Албанија преговори и сега, како ќе почне Македонија преговори ако видат дека во Бугарија не попуштаат бидејќи од таму таква е состојбата, притисокот ќе го направиме таму каде послабо,односно Македонија затоа што имаме министер кој што не го интересира состојбата за моето чувство, за вашето чувство – рече Мицкоски.

Teпачка на полноќ пред домот на Бојко Борисов за Македонија (Видео)

Активисти на бугарската партија ВМРО предводени од европратеникот Ангел Џамбаски вечерва се собраа на протест пред домот на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за да го искажат револтот зошто тој го поддржа францускиот предлог за решавање на спорот и почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, јави БНТ.

Демонстрантите од доскорешниот коалициски партнер на Борисов, пред неговиот дом носеа транспарент „Не ја предавајте Македонија“ и скандираа: „И порано и сега, Македонија е бугарска“.

Од друга страна, пак, пред домот на Борисов имаше и контрапротести – активисти и пратеници од пратеничката група на ГЕРБ дојдоа да го поддржат лидерот.

Забрчанец го издаде: Ковачевски го прифатил францускиот предлог?!

Не смееме да се плашиме од преговорите за членство во ЕУ. Напротив, треба со засукани ракави да ја зграбиме секоја можност за чекор напред кон членство во Унијата. Полесен пат нема, ниту алтернативен. Сите идеи за некаков полесен или заменски план се опасни планови на антизападните центри кои земјава сакаат да ја носат во режими и изолации, напиша на Фејсбук Марјан Забчанец.

-Нашата позиција е јасна: гаранција за македонскиот јазик и идентитет. За тоа сигурен сум дека ќе се избориме, зашто друга опција не постои и никој тука не ни помислува на друга опција освен чист, дефиниран и деклариран македонски јазик во преговарачката рамка. Но, за останатото треба да засукаме ракави, да преговараме, да разговараме, да сработиме. Ни Преспа не ни падна од небо, си ја сработивме и уште реализираме обврски од Договорот, бидејќи тоа подразбира да се биде одговорна власт. Гласот против отворање на преговорите со ЕУ во услови на гарантиран македонски јазик и идентитет е глас против демократската и европска агенда на Македонија и глас против нашата западна евроатлантска определба. Гласот против Европа е пропратен со руски знамиња и вергини, истакна Забрчанец.

Марјан Забрчанец е близок до Димитар Ковачевски, а во владата на Заев беше одговорен за односи со јавност, во моментотв тој е координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи

(Видео) Падна владата во Бугарија – Бугарскиот Парламент изгласа недоверба

Владата на Кирил Петков падна по гласањето недоверба во Народното собрание, јави собранискиот известувач на БГНЕС.

Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков. Го достави ГЕРБ поради економските неуспеси на владата.

Како што пренесува БГНЕС, големиот камен на сопнување беше почетокот на разговорите меѓу Македонија и Европската унија, на кои Софија стави вето поради непочитување на Договорот за добрососедство од 2017 година, говорот на омраза, уништувањето на бугарските културни споменици и фалсификувањето на бугарската историја. Од првите денови на неговото владеење, Петков и неговиот советник за надворешна политика водеа еднострана политика кон Скопје, заобиколувајќи го МНР и одлуките донесени едногласно во 2019 година – Рамковниот став на бугарскиот парламент и владината декларација, додава БГНЕС.

https://fb.watch/dPbcCun3dX/

(Фото) Стотина луѓе протестираа пред Влада против францускиот предлог

Во 19.00 часот денеска пред Владата на Република Македонија започна граѓански протест, кој нема официјален организатор.

Со протестот се изразува револт кон францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и отпочнување на пристапните преговори на Македонија за влез во Европската Унија.

Францускиот предлог пред неколку денови беше објавен во бугарските медиуми, со кој се предвидува немешање на Македонија во внатрешните работи на Бугарија, што во Бугарија се толкува како откажување од македонското малцинство таму. Предлогот предвидува одредени историски личности да се слават како заеднички, македонскиот јазик си доби бројче 2 во името, а се бара и промена на името на Самоиловата тврдина во Охрид и внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

Црвенковски: Барањата на Бугарија до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја, што компромис, едноставно, не е можен

Поранешниот премиер и претседател на државата Бранко Црвенковски, на последната дебата „Предизвиците на македонската надворешна политика“ во организација на Советот на амбасадори потенцираше дека договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја, што компромис, едноставно, не е можен.

Преспанскиот договор со Грција кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја, што компромис, едноставно, не е можен. Односите со Грција по потпишувањето на Преспанскиот договор се неспоредливо подобри отколку пред договорот. Сосема спротивно, односите со Бугарија се неспоредливо полоши по, отколку пред потпишувањето на договорот. Или да бидам уште подиректен. Потпишувањето на договорот за пријателство и соработка со Бугарија со таква содржина, посебно со формулацијата за „заедничка историја“ и формирањето на мешовитата историска комисија со мандат да арбитрира околу историските настани и личности беше голема грешка – изјави Црвенковски.

Toj посочи дека тезата која се пласираше во јавноста дека за националниот идентитет не преговараме, а за историјата ќе се договориме, во самата своја основа е апсурдна.

Секој и сечиј национален идентитет е резултат на историски процес, кој се потпира на одредени историски меѓници, настани и личности. Ако тие меѓници ви бидат одземени и прогласени за туѓи, од националниот идентитет не останува ништо, освен празна реторика. Книга со корици и празни листови. Јас не тврдам дека и без договорот, Бугарија немаше да стави вето. Но, во тој случај барем не ќе можеше да го користи аргументот кој постојано го повторува дека Македонија не ги исполнува преземените обврски. Позициите презентирани од страна на официјални претставници на Република Бугарија се такви што не оставаат простор за било каков оптимизам. Да се потсетиме само на изјавата на претседателот Радев дадена неодамна за време на неговата посета на Берлин: „Нема да дозволиме македонизмот да влезе во Европската Унија“. Е па, ние од „македонизмот“ ниту можеме, ниту смееме да се откажеме – истакна Црвенковски.

Имајќи ги предвид огромните и непомирливи разлики меѓу позициите и црвените линии на двете страни единствено можно решение според него за овој спор е асиметрично толкување на историјата и идентитетските прашања кои произлегуваат од неа.

Односно, секоја страна да си го задржи правото на сопствено видување и притоа тоа да не претставува никаква пречка во билатералните и мултилатералните односи. Дали и кога е такво нешто можно, јас не знам, но она што сигурно го знам е дека треба веднаш да се прекине со праксата присутна во последните 4-5 години на лесно и без основа подигање на очекувањата дека решението е на повидок и само што не се случило. Големи, а нереализирани очекувања водат кон големи разочарувања – додаде Црвенковски.

Нека дојдат да избришат споменик во Куманово да видат што ќе се случи

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски во денешното гостување во „Студио 10“ истакна дека не може нашите партнери во странство да ја бранат Македонија и македонскиот идентитет, јазик, самобитност и државност повеќе од нас самите.

„Што правиме ние? Молчиме. Па во странство се говори повеќе за овој проблем, отколку кај нас дома. Ова мора да го решиме. Спомените од втората светска војна уште се живи, имаме учесници во Втората светска војна. Баба ми има 95 години, ден денеска памети што се случувало. Зошто еден бугарски политичар не се одважи и не излезе јавно да се извини за сето она што го имаат направено во рамки на Втората светска војна? Јас не ги окривувам граѓаните на Бугарија, не се фашисти. Но, факт е дека Бугарија била составен дел на фашистичката коалиција и режимот во Бугарија бил фашистички штом дал една таква поддршка. Тоа целиот свет и светската историја го пишува. На крајот, ние да ги бришеме спомениците. Нека дојдат да избришат споменик во Куманово ќе видат што ќе се случи. И да го видам тој којшто ќе биде подготвен да дојде да брише било каков споменик“, потенцираше Димитриевски.

Ни кажаа дека ќе ни скратат дневници ако штрајкуваме – од која плата ќе ни земат пари?

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска излезе на протест пред Собранието на Република Македонија и побараа зголемување на платите за 2.806 денари.

„Ни велат дека ќе ни скратат дневници ако штрајкуваме. Нема што да ни скратат повеќе, верувајте ми. Од кои плати ќе ни скратат? Од тие што не може да си ги прехраниме семејствата?“, кажа Димовски пред новинарите.

Димовски смета дека поскапувањата се преголеми и вработените немаат достојна плата.