Connect with us

Македонија

Прочитајте што крие Владата, а го соопштува бугарското МНР…

Бугарското МНР има подготвено и објавено извештај за преговорите со Македонија во однос на францускиот предлог за нашата земја.

Во него, како и досега, македонските граѓани наместо од својата Влада, добиваат информации кои не ги знаат, од бугарска страна.

Извештајот на бугарското МНР за текот на изготвувањето на францускиот предлог открива три факти кои ги кријат Ковачевски и Османи:

1. Билатералниот и се уште таен македонско-бугарски протокол е составен дел од преговарачката рамка;

2. Македонија нема реално да ги почне преговорите со ЕУ додека не го смени Уставот, учебниците, написите на спомениците и уште многу други услови;

3. Со ваквиот француски предлог се раздвојува пакетот Албанија и Македонија, бидејќи Албанија ќе има реален почеток на преговорите со првата меѓувладината конференција , а Македонија ќе има про-форма фото сесија на Ковачевски и Османи во Брисел, после што ќе мора да се занимава со исполнување на бугарските ултиматуми наместо да се работи на реални европски стандарди.

Во точката 4 од овој извештај се наведува:

„Актуелната влада на С. Македонија има стратешки интерес да започне преговори за членство со ЕУ и е спремна на отстапки, дури и е подготвена политички да ги оправда пред своите избирачи.”

Овој бугарски извештај, всушност, само ги потврди сомнежите кај македонскиот народ дека челниците во Владата на Македонија предлого време молчеа и дека даваа впечаток дека нешто кријат.

Дома, се во обид да го убедат народот дека ги штитат интересите на државата, а во Бугарија најавуваат отстапки кои потоа се свесни дека треба да им ги правдаат на гласачите кои ги манипулираат во моментов.

При крајот на извештајот е јасно наведено дека кога Македонија ќе го прифати францускиот предлог, се одвојува од пакетот со Албанија, па нашата соседна држава ќе биде најмалку еден чекор напред кон започнување на преговорите во однос на нас.

„После одржувањето на првата политичка меѓувладина конференција од С. Македонија и соодветно првата МВК од Албанија за започнување на преговорите, патот на двете држави кон членството во ЕУ практично се раздвојува. Потоа тешко ќе се аргументираат обвинувањата кон Бугарија, дека поради блокирањето на С. Македонија ја попречуваме евроинтеграцијата на Западниот Балкан. Тоа значително ќе го ослабне надворешниот притисок кон Бугарија и ќе ги зацврсти бугарските позиции спрема Скопје“ – се наведува во извештајот.

Овој бугарски извештај ги обезличува и “забетонираните“ ветувања на Владата на СДСМ и ДУИ. Додека челниците на македонската Влада овде тврдат дека не се преговара на штета на Македонија, бугарската страна открива дека додека не се случи промена на Уставот, учебниците, написите на спомениците…. ништо од тоа што ни се ветува.

„Како што може да се види од нацрт-протоколот, тој вклучува механизам за промена на содржината на наставната програма и информациите од јавен карактер во РСМ според резултатите постигнати од Мешовитата комисија за историски и образовни прашања (ЗКК), механизам за отстранување на малцинствата и територијални претензии кон Бугарија, вклучително и во наставната програма во РСМ (со зачувување на асиметријата во Договорот од 2017 година), механизам за спротивставување на говорот на омраза, отворање на архивите на репресивниот апарат на специјалните служби од југословенскиот период и рехабилитација на неговите жртви, ефикасен механизам за заштита на правата на Бугарите во РСМ итн. Предвиден е и пакет краткорочни мерки кои Скопје ќе ги спроведе пред свикувањето на првиот ИПК“ – откриваат бугарските извештаи.

Се разбира, бугарската страна си прави и анализи и пресметки, колку сево ова е во нивна корист, од што Македонија ќе трпи само загуби и ништо повеќе.

„Во исто време, тоа овозможува компромис за временската рамка за исполнување на краткорочните барања. Во овој поглед, нацрт-протоколот отстапува од Рамковната позиција од 2019 година. Сепак, тоа може да се оправда со желбата на Бугарија да може да има корист од гаранциите што ги нуди француското претседателство во преговарачкиот процес со ЕУ. Исто така, потребно е да се земат предвид релевантните барања на националното законодавство во PCM. На пример: менувањето на учебниците бара соодветен временски период; отворање на досиејата и на поранешните безбедносни служби, вклучително и измени на законодавството; менувањето на знаците спаѓа во надлежностите на различните нивоа на власт (промената на голем дел од таблите и натписите е во надлежност на општинските власти). Работата на СКИВ и неговите очекувани резултати, исто така, не можат да се движат според краткорочниот распоред што го поставија владите на двете земји. Поради оваа причина, во нацрт-протоколот е вклучен посебен пакет на краткорочни критериуми, без чие покривање Скопје не би се согласило на одржување на првиот ИПЦ од Бугарија“ – открива бугарската страна.

Целиот извештај прочитајте го НА ОВОЈ ЛИНК

Македонија

Над 3 милиони ноќевања годинава – континуиран раст на бројот на странски туристи во земјава

Туристичкиот сектор бележи позитивен тренд, покажуваат најновите податоци за годинава, според кои се остварени повеќе од 3 милиони ноќевања, со забележлив пораст на бројот на странски туристи во земјава.

Според официјалната статистика, зголемувањето на ноќевањата е резултат на поголемиот прилив на гости од странство, што укажува на зајакнат интерес за Македонија како туристичка дестинација. Позитивниот тренд се должи на подобрената туристичка понуда, зголемената авионска поврзаност и засилената промоција на земјата на меѓународните пазари.

Најголем дел од странските туристи доаѓаат од европските земји, а посебен раст е забележан во градскиот, културниот и езерскиот туризам. Надлежните институции оценуваат дека ваквите резултати се охрабрувачки и претставуваат добра основа за понатамошен развој на туризмот.

Се очекува позитивниот тренд да продолжи и во наредниот период, со дополнителни активности за подобрување на туристичката инфраструктура и зголемување на квалитетот на услугите, со цел земјата да се позиционира како атрактивна и конкурентна туристичка дестинација во регионот.

Continue Reading

Македонија

Екс-правобранителот  Фехми Стафа приведен за мито – барал 100.000 евра, фатен со 50.000

Поранешен државен правобранител е уапсен поради сомнежи за примање мито, откако бил фатен со дел од побараната сума во негово поседување, соопштија надлежните истражни органи.

Според објавените информации, правобранителот се сомничи дека побарал мито од 100.000 евра во замена за поволно уредување на службени активности. При акцијата на полицијата, тој бил фатен додека држел 50.000 евра, што претставува дел од побараните средства.

Надлежните органи потврдуваат дека случајот е во фаза на истрага, а против екс-правобранителот ќе биде подготвена соодветна кривична пријава. При приведувањето биле обезбедени и други материјални докази што ќе бидат дел од доказната постапка.

Од истрагата информираат дека овој случај еден од повеќето што ги третираат злоупотребите на службената положба и корупцијата во јавните институции, со цел да се испрати јасна порака дека недозволиви практики нема да бидат толерирани.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а во наредните денови обвинителството ќе се изјасни за понатамошните мерки и евентуални притворски предлози.

Continue Reading

Македонија

И следната недела со невообичаено високи температури за овој период

Невообичаено топлото време ќе продолжи и во текот на следната недела, најавуваат метеоролозите. Според прогнозите, температурите ќе останат значително над просекот за овој период од годината, со стабилни временски услови и без поголеми заладувања.

Во поголем дел од земјата се очекува претежно сончево време со умерена облачност, а дневните температури ќе се движат од двоцифрени вредности, што е нетипично за средината на зимската сезона. Утринските часови ќе бидат посвежи, но без појава на екстремно ниски температури.

Метеоролозите посочуваат дека ваквите временски услови се резултат на стабилна воздушна маса и отсуство на студени фронтови од север. Засега нема најави за значителни врнежи од снег или дожд, ниту за нагло влошување на времето.

Иако ваквото време е поволно за секојдневните активности, експертите предупредуваат дека долготрајните повисоки температури во зимскиот период можат да имаат влијание врз природата и земјоделството, особено врз вегетацијата.

Подетални и редовно ажурирани информации за временската состојба граѓаните можат да следат преку официјалните метеоролошки служби.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг