Connect with us

Македонија

„Владата доставила ЕДЕН лист хартија за предлогот кој треба да се усвои во Собрание!“

В понеделник ќе се знае кога ќе се одржи собраниската седница за францускиот предлог.

Одлуката ќе се разгледува на редовната координација на која ќе присуствува и вицепремиерот Маричиќ. Вчера од Владата до Собранието била доставена само информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка, но не и документите односно францускиот предлог, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Побараа Џафери од Владата да ги побара сите документи, вклучително и билатералниот протокол. За нив криењето на документи само ја зголемува загриженоста дека предлогот е штетен за Македонија.

-Ги повикувам и пратениците од власта да направат притисок, да ги добијат сите релевантни документи, влучувајќи го и билатералниот протокол врз основа на кои што ќе можат да решаваат и да носат одлуки и да не дозволат да бидат повторно гласачка машина на веќе договорени процеси на владата и челниците на собранието. ова е класичен пример за префрлање на одговорноста за штетниот француски предлог врз пратениците. се работи за меѓувладина конференција која што ја одобрува и потпишува владата, а не собранието да ја задолжува владата со заклучоци),изјави Никола Мицевски-координатор на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е на став дека Собранието треба да донесе заклучоци кои би биле обврзувачки за Владата, и кои ќе бидат во рамки на црвените линии дефинирани во консензуално донесената собраниска резолуција, како гаранција за нашиот идентитет во преговорите..ВМРО-ДПМНЕ излегоа со шест барања за бришење на формулации во документите на предлогот.

-СДСМ како државотворна партија има заклучоци кои гарантираат доследно придржување кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ.Како елементи за кои не се преговара во било кое време и околности, односно не се дел од преговарачкиот процес , вели Ненад Коциќ-пратеник на СДСМ.

Павле Трајанов и денеска повтори дека собранието треба да донесе заклучоци со консензус а не со надгласување.

Според Трајанов, Цафери не може да ја прифати информацијата од една страница од владата бидејки не ги задоволува деловничките критериуми за собранието да може да расправа.

Тој нема да учествува во собраниската расправа ако претходно не се договорат прифатливи заклучоци.

Реакциите на граѓаните се следни:

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг