Залутан куршум заврши во ѕид на објект на владата

На 17.07.2022 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во ѕид на објект на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РСМ на ул.„Филип Втори Македонски“ удрило залутано зрно.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и се работи на расчистување на случајот.