Connect with us

Европа

Кинези го изградија најмодерниот мост во Хрватска (Фото)

Published

on

Во Хрватска со голема помпа е отворен еден од најмодерните мостови. Пељешки мост кој ќе треба да ја „прескокне“ Босна кај местото Неум е долг само 2,4 километри. Изграден е во Дубровничко-неретванската жупанија за да го премости Малостонскиот Заливмеѓу Комарна на копното и Бријешта на полуостровот Пељешац, со што се постигнува континуитет на територијата на Република Хрватска по копно, прекинат со тесен коридор преку кој Босна и Херцеговина стигнува до морето кај Неум. Изграден е како дел од проектот Патно поврзување со јужна Далмација.
Отсега туристите нема да мораат да влегуваат на територијта на Босна на пат кон хрватското приморје.

Мостот е изграден со пари од ЕУ фондовите а го градеа кинески инвеститори.

Европа

Украина и Русија ја извршија една од најголемите размени на воени затвореници

Published

on

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека 175 украински војници биле ослободени од руско заробеништво, додека дополнителни 22 војници, вклучувајќи тешко ранети, се враќаат дома. Според Зеленски, овие разменети борци ќе добијат неопходна медицинска и психолошка помош.

„Денес е важен ден за Украина, кога нашите војници се враќаат дома. 175 украински борци се ослободени, а уште 22 се враќаат благодарение на други договорени мерки. Меѓу нив се и тешко ранетите и оние кои биле прогонувани од Русија за наводни злосторства“, изјави Зеленски.

Претседателот истакна дека ова е една од најголемите размени на затвореници досега и дека украинските војници кои се вратени дома доаѓаат од различни фронтови, вклучувајќи Мариупол, Азовстал, Донбас, Херсон, Харков и Миколаив.

Во исто време, руското Министерство за одбрана информираше дека 175 руски војници биле ослободени од украинските сили. Русија нагласи дека војниците се наоѓаат во Белорусија, каде им е обезбедена медицинска и психолошка поддршка. Тие ќе бидат транспортирани во Русија за понатамошно лекување и рехабилитација.

Еден ден порано, рускиот претседател Владимир Путин го информираше американскиот претседател Доналд Трамп за размената на затвореници, нагласувајќи дека ова е „гест на добра волја“, кој вклучува и пренос на тешко ранети украински војници во Киев.

Continue Reading

Европа

Париз: Путин постави нереални услови за прекин на огнот

Published

on

Рускиот претседател Владимир Путин постави „услови кои не изгледаат реални“ за прекин на огнот во Украина, особено барањето за суспензија на западната воена помош за Киев, изјави портпаролката на француската влада Софи Прима, еден ден по разговорот на шефот на руската држава со неговиот американски колега Доналд Трамп, пренесоа француските медиуми.

„Владимир Путин постави услови кои не изгледаат реални, барем за Европејците и Украинците, особено суспензијата на сета помош на Западот за Украина“, рече таа по состанокот на француската влада. „Има уште долг пат“, нагласи таа.

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот украински колега Володимир Зеленски предложија првично едномесечно примирје за инфраструктурата за вода, воздух и енергија. САД и Украина подоцна формулираа заедничко 30-дневно примирје кое не беше прифатено по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин.

Портпаролката Прима, исто така, фрли сомнеж во реалноста на делумното примирје, наведувајќи дека украинските енергетски капацитети биле подложени на руски удари изминатата ноќ.

„Разговор меѓу претседателот Трамп и претседателот Путин не може да заврши со договор додека самите Украинци не бидат дел од дискусијата и додека Европејците не бидат дел од дискусијата“, нагласи таа.

За таа цел, Макрон секојдневно разговара по телефон со Трамп, со Зеленски и со неговите европски колеги, истакна таа.

Continue Reading

Европа

Уште еден италијански град продава куќи за едно евро

Published

on

Секој што се грижи дека нема повеќе градови во Италија кои продаваат куќи за едно евро, може да здивне. Малиот град Пене, кој се наоѓа во централниот италијански регион Абруцо, на половина пат помеѓу јадранскиот брег и планинскиот венец Гран Сасо, продава напуштени куќи по цена на еспресо во обид да ја запре депопулацијата.

Градот Пене во провинцијата Пескара е на листата на „Најубавите села во Италија“ (I Borghi più belli d’Italia). Широката употреба на тули во сите нејзини историски градби и асфалтирани улици му го даде на Пене името Citta del mattone, или Градот на тулите. Во 2006 година, Пене го доби Сребрениот медал за граѓански заслуги за време на Втората светска војна.

Еден дел од имотите во Пене се веќе продадени, но наскоро ќе пуштат уште една транша од недвижен имот.

Не е потребна гаранција за депозит како аванс за да се обезбеди трошен стан. Потребна е само посветеност на купувачите да го реновираат „купениот“ имот.

Од почетокот на програмата во 2022 година, продадени се шест куќи, главно на Италијанци. Според градоначалникот, следната транша од „грст“ имот наскоро ќе биде на продажба „во следните неколку недели“ – и се чини дека ќе следат уште повеќе.

„Постојат потенцијално над 40 празни имоти во градот кои бараат нови сопственици, сите лоцирани во историскиот центар кој е ненаселен откако семејствата почнаа да се иселуваат пред неколку децении“, изјави градоначалникот на Пене, Жилберто Петручи за Си-Ен-Ен.

„Иако нашето вкупно население е приближно 1.200, останаа само 1.000 луѓе кои живеат во нашата прекрасна стара област, која е во опасност да стане град на духови“, вели тој.

Рехабилитација на напуштени домови

Роден и израснат во Пене, Петручи чувствувал дека мора да направи нешто за да вдахне нов живот во древното срце на неговиот роден град пред да биде предоцна: „Ме боли толку многу што ги гледам овие куќи како лежат напуштени“.

Првите три куќи од едно евро беа продадени во 2022 година. Втората серија од три беше пуштена во продажба на крајот на минатата година.

Последната транша се состои од ист тип на куќи како оние претходно продадени: главно стари, некои датираат од средниот век со дополнителни подобрувања направени за време на ренесансата, вели Петручи, иако двата неодамнешни продадени примероци беа изградени на почетокот на 20 век. Имаат до три ката и се со големина од околу 70-120 метри квадратни.

Според Петручи, повеќето од овие стари домови некогаш им припаѓале на локални семејства кои побегнале во потрага по подобар живот на друго место – особено по Втората светска војна, кога бомбардирањето уништило голем дел од архитектонското наследство на градот.

Понатамошниот бран на емиграција продолжи во 1970-тите кога семејствата масовно заминаа во САД, Белгија, Венецуела и блиските поголеми градови за да работат во фабрики.

Историскиот центар на Пене се наоѓа на панорамска позиција што опфаќа два рида и е составен од лавиринт од заоблени камени портали и раскошно украсени монументални фонтани.

Што треба да направат идните купувачи

За разлика од повеќето други градови, Пене воведе порелаксирани правила за купувачите, вели Петручи.

„Единствениот услов е купувачите да се обврзат да ги обноват овие куќи во рок од три години, но ние не бараме депозит како гаранција за почеток на работата. Навистина сакаме да ги охрабриме и поддржиме оние кои доаѓаат да го оживеат овој древен простор“, додава градоначалникот.

Повеќето домашни програми од едно евро бараат од купувачите да платат депозит од 2.000 до 5.000 евра, кој се враќа ако и кога работата е завршена.

Друга предност на програмата на Пене е агенцијата која им помага на клиентите за време на реставрацијата.

„Имаме тим од архитекти и експерти кои можат да ги советуваат и поддржат работите за реновирање, да пронаоѓаат градежници и геодети, да им покажуваат на купувачите преку 3Д анимации како ќе изгледа нивниот дом кога ќе се реконструираат и да даваат совети за време на различните фази од реновирањето“, вели Петручи.

Според градоначалникот, првичните трошоци за основно реновирање на куќа од мала до средна големина се движат од 20.000 евра. Доколку има поголем интерес за понудените куќи, имотите ќе бидат продадени на лицето со најдобар – и најбрз – план за реновирање, забележува градоначалникот.

И ако не сте расположени сами да го направите реновирањето, на пазарот има многу домови со клуч на рака, како и оние за кои е потребно минимално реновирање. Почетната цена на куќите подготвени за вселување е околу 40.000 евра.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк