Фото: Сара Мејс и Димитар станаа родители по вторпат

Печајката и харфистка Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски по вторпат станаа родители.

Нивното семејство стана побогато со доаѓањето на свет на бебето кое го доби името Кирил.

Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели гордиот татко кој во прилог на првата фотографија напиша “Добредојде Крил, јунак наш”

Поскапува парното греење: Погледнете кои ќе бидат новите цени

Регулаторна комисија за енергетика за денеска најави повеќе детали околу цената на парното греење , откако вчера одржа подготвителна седница на која бил прифатен тарифниот систем според кој од понеделник односно од 01.08.2022 година, парното, според една калкулација на РКЕ, се покачува за околу 15 отсто. Денеска треба да е појасно прво: се околу покачувањето на цената и второ: дали државата би субвенционирала дел од ова покачување.

РКЕ објави дека  прифатено било  снабдување со топлинска енергија за домаќинствата по 2,7795 денари од киловатчас. Овој износ, пресметано значи дека цената е покачена за 15 проценти повеќе од постојната цена која важи последните 6 месеци а изнесува 2,4174 денари за киловатчас.

Според графиконот исто така  за 15 отсто се зголемува и цената за  топлинската енергија во Образованието односно училиштата и за сите оние што влегуваат во категоријата „Останати“ како што се деловните субјекти. За нив сега киловатчас ќе чини 5,2810 денари , или речиси двојно од онаа топлинска енергија  што би ја плаќале околу 60-те илјади домаќинства колку што се греат на парно.

Во една прилика првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски изјави, „ако се водиме од порастот на цената на гасот, парното треба да се поскапи за 150 отсто, но државата тоа нема да го дозволи , уверува тој.

Тендерот за нов снабдувач на топлинска енергија откако на БЕГ, пред неколку месеци му беше одземена дозволата, треба да се објави деновиве. ЕСМ која и сега е задолжена за испорака на топлинска енергија соопшти дека ќе учествува на тендерот.

Следете во живо: Еве колку се чека на ГП Богородица и Табановце

Викендов, почнувајќи од денес сите патишта ќе видат кон соседна Грција.

Причината добро позната – годишните одмори и претстојниот продолжен викенд.

Според АМСМ гужвите се поголеми на граничниот премин Табановце, каде за влез се чека околу 1 час, додека од друга страна на ГП Богородица се чека минимално, односно пропуштањето на возилата кон Грција оди брзо.

Во живо состојбата на гранциите може да ја следите тука.

ОВА Е КРАЛОТ НА ЛЕТОТО ! (ФОТО)

Летово донесе голем број хитови од грчкото, хрватското и црногорското крајбрежје, а луѓето на интернет ги обожаваат.

Една фотографија од хрватското крајбрежје повторно го воодушеви регионот. Страницата „Дневна доза на просечен Далматинец“ објави фотка од постар господин кој ужива во плиткото и на народен јазик го прави тоа за сите пари. Фотографијата ја нарекоа „кралот на летото 2022“ и веројатно се во право.

Имено, тој си донел столче кое го ставил во водата, заедно со мала масичка на која има шишиња пиво, ама и мезе.

Коментарите под објавата се интересни колку и самата фотка и ги има доста.

„Топ“, „Тоа се вика живот, кој знае, знае“, „Така и јас, штом појдам на море“, „Прекрасно море, само за уживање и пиво“, „Ова ни фали“, „Паметен човек, се гледа дека земал и две пива… единствено штета е што морето не лади, па да си има гајба до него“…, се само дел од коментарите.

2Slim&Beauty – Вашиот партнер за слабеење на природен начин

Во последните години, прекумерната телесна тежина е сѐ позастапена појава насекаде во светот и има тенденција за раст.

Прекумерната тежина не влијае само врз естетиката и самодовербата. Прекумерната телесна тежина и гојазноста имаат штетно влијание на здравјето и предизвикаат сериозни здравствени проблеми кои го намалуваат животниот век.

Зошто е добар овој препарат?

Ослободува од надуеност, го чисти телото од токсини, спречува таложење на масти, го регулира варењето на храната, го забрзува метаболизмот, го одржува организмот сит и му дава поддршка на имунолошкиот систем.

За оние кои се уште не слушнале, 2Slim&Beauty претставува врвен препарат за слабеење, широко употребуван во Светски рамки. Испитан е во врвни Европски лаборатории. Неговата ефикасност се должи на самиот состав, кој содржи исклучиво природни состојки и нема несакани нус појави. Тој е најдобар помошник за оние кои сакаат да го донесат своето тело во совршена состојба. Уникатниот комплекс на активните состојки ќе Ви помогне брзо да се ослободите од вишокот на масти во стомакот, бутовите, задникот и на другите проблематични области. Лесното и ефикасно влијание на 2Slim&Beauty ќе Ви овозможи да се спроведе процес на согорување на мастите без несакани ефекти и без штети на организмот.

2Slim&Beauty е една од најдобрите формули за слабеење на пазарот денес, кои ја намалуваат вашата телесна тежина со брзо согорување на вишокот маснотии и калории.

Подобрете го квалитетот на вашиот живот и грижете се за вашето здравје заедно со 2Slim&Beauty. Искористете го овој промо период и добијте го на 50% попуст само на https://2slimandbeauty.mk/, побрзајте количините се ограничени

Армијата ќе добие повисоки плати за 2.000 денари

Собранието ги усвои измените на Законот за служба во Армијата, откако ова законско решение цела година беше блокирано од страна на опозицијата.
Овие измени и дополнувања обезбедуваат сериозни придобивки за припадниците на Армијата.
Следува зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал за над 2.000 денари.
Професионалните војници стекнуваат право на исплата на станарина од моментот на склучување на првиот договор за вработување во Армијата.
За активниот воен и цивилен персонал се предвидува исплата на боледување во висина од 100 % од основната плата и додатоци на плата, а се воведуваат поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критични специјалности за Армијата.
Придобивки има и во делот на пензионирање на војниците.
Од сега, војниците ќе се стекнуваат со право на пензија со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на возраста.
Има и нова пресметка за активен воен и цивилен персонал кој правото на пензија го стекнал од денот на формирање на Армијата, во висина од 80% од најповолните 10 години од пензискиот стаж.
Со измените се создава можност за исплата на отпремнина за професионалните војници со навршени 45 години возраст во износ од две просечни плати, но не помалку од 1000 евра за секоја година помината во службата.
Овие законските измени се усвоени а придобивките од нив ќе ги почувствуваат над 6.700 припадници на Армијата кој секојдневно се на браникот на државата.

Скопската коњаница тргна за Крушево – Лесен пат комити ! (Фото и Видео)

🇲🇰 Во пресрет на големиот национален празник Илинден, коњаниците што ќе учествуваат на 44-тиот традиционален коњички марш оваа година.

🐴 На маршот што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, учествуваат 27 коњаници од различна возраст, меѓу кои и една девојка. Тие тргнаа од паркот „Јане Сандански“ во 17:30 часот.

⛪️ Во овој парк градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на коњаниците им го предаде општинското знаме, по што со дефиле низ главните булевари во Аеродром тие се упатија кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што се одржи собир проследен со културно-уметничка програма.

🪡 Како што аеродромци се верни и посветени на одржувањето на овој марш, така и Општина Аеродром секоја година ќе вложува поголеми човечки и финансиски капацитети со цел традицијата никогаш да не згасне. Илинденскиот марш е една од најголемите и најзначајни културни манифестации како за Аеродром, така и за цела Македонија.

Видео:

https://fb.watch/exeUCYn5XO/

Кинези го изградија најмодерниот мост во Хрватска (Фото)

Во Хрватска со голема помпа е отворен еден од најмодерните мостови. Пељешки мост кој ќе треба да ја „прескокне“ Босна кај местото Неум е долг само 2,4 километри. Изграден е во Дубровничко-неретванската жупанија за да го премости Малостонскиот Заливмеѓу Комарна на копното и Бријешта на полуостровот Пељешац, со што се постигнува континуитет на територијата на Република Хрватска по копно, прекинат со тесен коридор преку кој Босна и Херцеговина стигнува до морето кај Неум. Изграден е како дел од проектот Патно поврзување со јужна Далмација.
Отсега туристите нема да мораат да влегуваат на територијта на Босна на пат кон хрватското приморје.

Мостот е изграден со пари од ЕУ фондовите а го градеа кинески инвеститори.

МВР ги зголемува платите

Владата на Република Македонија денеска ја одржа 65-та седница. Премиерот и министрите на почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година.

На седницата се донесени повеќе одлуки, меѓу кои Владата го задолжи Министерот за внатрешни работи, да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од 5 проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година, по известувањето од Министерството за внатрешни работи дека во буџетот на МВР за 2022 година се предвидени средства за ваквото покачување од месец септември и барањето на МВР за донесување ваков заклучок, со цел да се направи промена на решението за вредноста на бодовите.

Дванаесет момци и две храбри девојки од Битола тргнаа на коњи за славно Крушево (Фото)

Илинденската коњаница од Битола од денеска го започна своето седумдневно патување до Крушево, каде ќе пристигнат на Илинден.

За овој предизвик кој прв пат се организира во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ се подготувувавме шест месеци, почнувајќи од месец јануари и се до денес. Подготовките беа тешки и напорни, но неуморно ги подготвувавме коњите, но и ние лично се подготвуваме со кондиција за издржливост. На патот до Крушево се и две девојки Симона и Ивана кои изразија желба да се вклучат во одбележувањето на Илинден и да се оддаде почит на илинденците кои го дале животот за Македонија, истакна Стојчевски и потсети дека само во битолското село Цапари биле евидентирани 94 илинденци.

Според планот, битолската коњаница во Крушево треба да пристигне на 31 јули, на 1 август ќе учествуваат на дефиле во Крушево, а на 2 август на Мечкин Камен ќе го одбележат државниот празник Илинден.