За тие што скенираат сметки, „Мој ДДВ“ ќе носи поголема добивка…

Во координација со министерот за финансии во наредниот период ќе поднесеме предлог за измена на Законот за поврат на ДДВ за физички лица, најави директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

„Мерката „Мој ДДВ“ го слави третиот роденден. Со повратот на дел од данокот на додадена вредност, кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари. Измената на Законот е со цел од 1 јануари во 2023 година, да се зголеми лимитот на поврат на ДДВ.

Граѓаните наместо 1.800 денари за тримесечје, да можат да добијат максимални 2.100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Со ова даваме дополнителен стимул и кај граѓаните и кај компаниите“, објасни Лукаревска.

Владата го објави францускиот предлог

Владата денеска на официјалната веб страна интегрално го објави предлогот на француското претседателство.

-Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од денеска е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која започна утрово со состанок на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со членовите на владината коалиција, информираат од Владата.

Во текот на денот и во следните денови, Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата.

Ковачевски најави дека ќе се отвори процес на широки консултации, кој ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори.

– Со владината коалиција денескa разговараме за европскиот предлог врзан со евроинтеграциските процеси на Република Северна Македонија кој вчера пристигна во МНР и за процесот за консултација кој следи понатаму. Секоја одлука поврзана со предлогот ќе ја носиме заеднички и преку широк консултативен процес, напиша Ковачевски на фејсбук.

Во текот на денот, покрај средбата со коалицијата, ќе се одржат низа консулатации и разговори со експертската и стручната јавност, како и медиумите.

Премиерот повика на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, бидејќи, како што нагласи, шпекулации за важни државни и национални прашања не одат никому во прилог, наведува Ковачевски.

Ковачевски апелира до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите и побара конструктивност и поддршка од сите чинители за да се донесе мудра одлука во интерес на сите граѓани.

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СКОПЈАНИ: Автобусите низ централното градско подрачје ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот

ЈСП Скопје информира дека денеска, петок (01.07.2022 год) од 11 часот, поради најавената блокада на улица „11 Октомври“ (пред Собрание на РСМ), возилата од јавниот превоз кои сообраќаат во тој реон ќе возат по изменет режим од вообичаениот, односно ќе бидат пренасочени по околните сообраќајници.

По изменети траси ќе сообраќаат следниве линии:

Линии 3, 3А и 3Б
* Во насока од Аеродром кон Клинички центар и Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама

* Во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ према центар, ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси

Линија 4
* Во насока од населба 11 Октомври кон Хром, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса

* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), па преку улица „11 Октомври“ ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 4А
* Во насока од Усје кон Тафталиџе, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата редовна траса
* Во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 5
* Во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, па право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ќе продолжува по својата редовна траса
* Во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовнаа траса

Линија 7
* Во насока од Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса

* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 15
* Во насока од Ново Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса
* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линии 21, 21A, 21Б и 22
* Во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково, од кај Комплекс банки ќе продолжуваат по булевар „Крсте Петков Мисирков“, па лево по булевар „Гоце Делчев“, па по булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжуваат по своите редовни траси
* Во обратна насока ќе се движат по истата изменета траса

Линија 23
* Во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат
*Во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, булевар „Климент Охридски“, десно по улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 24
* Во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе, од кај подвозникот ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево по булевар „Партизански одреди и ќе продолжува по својата редовна траса
* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 26
* Во насока од Карпош кон Железара, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти лево по мост Гоце Делчев, па по булевар „Гоце Делчев“, лево по булевар „Крсте Петков Мисирков“ и ќе продолжува по својата редовна траса
* Во обратна насока ќе се движи по истата изменета траса

Линии 27, 33 и 44
* Во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат
* Во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, булевар „Климент Охридски“, па десно по улица „Димитрие Чуповски“, десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), ул. „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по својата траса

Линија 41А
* Во насока од населба Драчево кон Клинички центар, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, па лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар
* Во обратна насока, од булевар „Климент Охридски“, улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линии 43, 50, 50А, 57, 57А и 59
*Во правец на Клинички центар, Дом на печат, Козле и Карпош, од постојка Бит пазар ќе вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, а после мост Гоце Делчев и булевар „ВМРО“ ќе продолжуваат по своите редовни траси
*Во обратна насока ќе се движат по истите изменети траси

Што и фали на сликата на Османи и Рама со Макрон ???(ФОТО)

Двајца Албанци зборуваат за Македонија со францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Шолц додека една словенечка министерка, Тања Фајон, го следи разговорот.

Зошто Министерот Османи од самитот на НАТО каде што е договаран модифицираниот предлог на Макрон за ЕУ објавил фотографија на која нема Македонец, треба да објасни шефот на дипломатијата.

Ако одговорот е дека нема заедничка фотографија со Пендаровски кој е исто така присутен на самитот на НАТО се работи за еден проблем поврзан со државното единство.

Но ако Османи има заедничка фотографија со Пендаровски а тој ја одбрал оваа со Еди Рама тогаш Македонија има друг уште посериозен проблем а е поврзан со етнички комбинаторики на Албанците во регионот.

Очигледно Османи се уште не научил дека дипломатијата не е само прифаќање на туѓи предлози на ваша сметка и сликање со моќни светски политичари.

На ред е Османи, да се извини за лошиот избор на фотографијата и да каже дека направил гаф, во спротива тој ни испраќа јасна порака дека Албанците решаваат за македонската судбина додека Пендаровски и Ковачевски се занимаваат со други работи.

Експрес.мк