Oсмани: Ако кажеме „не“, ќе почнат меѓуетнички тензии и ќе гладуваме и ќе немаме струја

Министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека доколку кажеме „не“ за внес на Бугарите во Уставот ќе започнат меѓуетнички тензии и ќе ја имаме најголемата криза со храна и енергија.

„Кој е аргумент од хрватска црногорска заедница да прашат зашто не се во Уставот, нема аргумент освен класична дискриминација. Во наш интерес е да ги внесеме и Хрватите и Црногорците како Хрватска што ги внесе сите, 25 заедници. Не смееме да гаиме чувства на гнев кон другите, немаме проблеми такви за да ги мразиме другите, не можеме да не ги внесеме Бугарите во Уставот, 3.000 се колку се толку се, сите тие ги имаат истите права и привилегии. Овој е добар предлог, кој ни го отвора патот да го фатиме возот кон ЕУ. Ако не почнеме, Албанија ќе почне со преговори, Бугарија ќе оди на избори, ова прашање ќе заглави, ние ќе влегуваме во кризи, ќе бегаат луѓето од овде. Ако кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, верувајте илјадници ќе заминат од државата, ќе почнат тензии меѓуетнички, ќе ја имаме најголемата криза со храна и енергија“ – рече Османи.

На протестот против францускиот предлог, на кој излегоа повеќе од 120 илјади граѓани, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на Бујар Османи дека е кукавица која се заканува со меѓуетнички тензии.

Колку и да се обидувате да нѐ сотрете, нема да успеете, Македонија не е на продажба!

Среќен сум и тажен. Среќен сум затоа што Божјата волја беше да се родам во Македонската лулка. А тажен бидејќи сите ние заедно споделувајќи ја радоста што му припаѓаме на овој народ, се туку и секаде некому му се објаснуваме и докажуваме, се што имаме и од неа никогаш и под никакви услови нема да се откажеме, порача спортскиот коментатор Тони Стојановски од денешниот протест под мотото „Ултиматум – Не благодарам!“

Стојановски пред присутните порача дека македонскиот народ е добродушен, но не и наивен, како и дека туѓото го почитуваме,

Ќе слушнат дека ние се родивме, живееме и ќе умреме во Македонија. Добродушни сме но, наивни не сме. Зло не мислиме, но зло повеќе не трпиме. На секој предлог, договор и услов кој што постои за нас ќе одговориме со НЕ, НЕ и уште една НЕ. Туѓото го почитуваме, добрата волја ја цениме, но вечерва овде, а и утре и задутре ако треба и во еоните ќе испратиме лавовски крик за да се разбуди исконот кај заспаните меѓу нас, рече тој.

Стојаноски потенцираше дека македонскиот народ е исправен пред тешка задача и токму поради тоа од платото пред Владата порача нон пасаран.

Македонци мои ние сме исправени пред тешка задача. Да љубиме безусловно а да ни поставуваат услови. Да почитуваме безгранично, а да ни поставуваат граници. Да сме подготвени на компромиси, а да ни нудат ропство. Вечерва им велиме нон пасаран, истакна тој.

Подадовме рака, ни ја бараат душата. А има ли цена душата? Колку гроша вреди крвта на предците, колку милиони вреди комфорот на наследниците? Ќе ги има ли воопшто ако се продадеме, праша Стојановски.

Стојановски изјави дека колку и да се обидуваат од државниот врв нарекувајќи ги самопрокламирани визионери, нема не можат да ја сотрат Македонија.

Само безумните може да веруваат дека иднината се менува на подобро со капитулантски потпис со откажување од претходната и со условување на следната генерација. И затоа наша обврска е повторно да им кажеме НЕ, Македонија НЕ БИЛА, НЕ Е И НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ НА ПРОДАЖБА.

ЉНе можат да ја сотрат Македонија, па колку и да сакаат да ја продаваат. Оваа држава Македонија настана со револуција, не една туку повеќе, со јасна историска постојаност. И затоа оваа држава Македонија нема да падне со еволуција на таканаречените европски вредности, туку ако паднеме ние Македонците ќе паднеме од гола сила. А и тоа нема да биде лесно, ниту ќе биде со наша добра волја, ниту ќе биде со потпис на кој било самопрокламиран визионер од државното раководство. Отпорот ќе биде секогаш и засекаде а победата е загарантирана затоа што Македонија, Македонците, македонскиот јазик и историја, култура и идентитет се единствената вистина. Македонци мои вистината се брише само со сила. Но колку и тие да се држат до силата ние нема да отстапиме од вистината, порача Стојановски.

Грмеше пред Влада – МАКЕДОНИЈА ! (Фото и Видео)

Пред Владата вечерва се одржува протест против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“ го поддржаа повеќе политички партии и граѓански организации. Тие се против тоа Владата да го потпише францускиот предлог кој, како што истакнуваат, е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христија Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.

Според Мицкоски, „предлогот е ултиматум и бугарски диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија“.

Павле Трајанов бара референдум за францускиот предлог

Претседателот на ДС и коалициониот партнер на Владата, Павле Трајанов бара референдум за францускиот предлог – мислењето на граѓаните да биде крајниот и одлучувачки фактор за предлогот, кој сепак треба да помине низа филтри. Според Трајанов, првиот предлог кој беше одбиен во Брисел од премиерот и сегашниот немаат суштински разлики.

Целиот пакет, вклучително и протоколот, треба да се објави во изворна(оргинал) форма и да се преведе на македонски јазик за да може секој граѓанин да изгради свој став.Неопходна е широка расправа во општеството, потоа во Парламентот и за ставот што ќе го изрази Парламентот, да се изјаснат граѓаните на референдум. Се работи за стратешки и национални прашања за кои треба поширок консензус. Владата треба трпеливо и одговорно да ги анализира сите реакции на граѓаните, експертите, невладиниот сектор и партиите и на крај да изгради свој став, за кој ќе се отвори расправа во Собранието.

Од ДОМ пак, сеуште го разгледуваат предлогот.

Од ЛДП денеска денеска не сакаат да го коментираат последниот предлог од Париз, иако тие беа првите кои остро се спротиставија на првиот предлог и најавија напуштање на влдината коелиција доколку се прифати.

Големо невреме го зафати Скопје (ФОТО)

Големо невреме попладнево го зафати главниот град на Македонија. Невремето е проследено со силен ветер, дожд, како и наместа со град.

На скопското подрачје можат да се забележат и паднати дрва.

Силно невреме го зафати Чаир, голем дел од улиците се под вода. Според информациите од терен дел од нив се затворени и недостапни за сообраќај.

Слична е состојбата и во останати делови од Скопје, Илинденска е под вода, а сообраќајот се одвива отежнато.

Засега не се пренесени информации за штети, но очекуваме повеќе информации од надлежните институции во следните часови.

Извор: dailyzonews

АПАСИЕВ до ОСМАНИ – Признај дека Бугарите ќе влезат во Уставот како конститутивен народ!

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, упорно крие од јавноста кое е вистинското барање на Бугарија за Уставот. Како што откри Пендаровски, барањето на официјална Бугарија е Бугарите да влезат во нормативниот дел на Уставот, а не во Преабмулата, велат од Левица.

„Моментално, во нормативниот дел на Уставот наведени се само македонскиот народ, Македонците кои живеат надвор од границите на државата, МПЦ и Исламската верска заедница. Ниту една друга етничка заедница не влегува во нормативниот дел на Уставот, затоа што единствено македонскиот народ е конституент на македонската држава.

Со барањето на Бугарија, де факто ќе се оствари големобугарската идеја дека покрај Македонците, и Бугарите се конститутивен народ на македонската држава! Ќе се остварат децениските шовинистички идеи на бугарскиот двор, дека Бугарија ја формирала македонската држава и ова ќе биде последниот удар на македонската државотворност.

Дека Османи целосно работи против интересите на Македонија, потврдува вчерашната негова изјава дека влезот на Бугарите во Уставот претставува успех, затоа што се прави дистинкција меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Ова е опасна манипулација со македонскиот народ, кога и Пендаровски потврди дека Бугарија бара влез на Бугарите во нормативниот дел на Уставот“, се наведува во соопштението.

Од таму додаваат дека скандалозно е однесувањето на претседателот Пендаровски, кој го прифати старо-новиот предлог, во кој стои дека нема почеток на преговори без отворање на Уставот.

„Ја алармираме целата македонска јавност на опасноста и фаталноста на овој предлог, погубен за македонската држава. Потребно е како никогаш досега, македонскиот народ да се обедини против квинслинзите на власт, кои во целост ја спроведуваат големобугарската идеја. Отпорот мора да започне, уште вечерва пред Влада“, порача Левица.

AРСОВСКА ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ: НЕ МОЖЕ ВЕЌЕ, ДОСТА Е – НЕ ЗА УЦЕНИТЕ!

Скопје е град на слободата, солидарноста, соживотот и дал бројни жртви за новите генерации да живеат достоинствено во слободна Македонија.

Македонија има направено премногу компромиси да биде дел од семејството на ЕУ, таму каде што ѝ е местото.
Досега премногу отстапки се направени за да отпочнеме процес составен од 35 поглавја и уште толку препреки за приклучок кон ЕУ. Премногу често некој носи одлуки за иднината и одлучува за судбината на македонскиот народ спротивно на неговите интереси.

Не може. Доста е.

ДА за ЕУ, НЕ за уцени, отстапки и компромиси за сметка на македонското достоинство!

Ако досега за сите држави, услов за приклучување кон ЕУ беа Копенхашките критериуми за функционална пазарна економија, стабилна демократија, владеење на правото и прифаќање на законодавството на ЕУ, како сега одеднаш единствено за Македонија се менуваат правилата сред игра и се вметнуваат билатерални спорови, нови формулации и услови кои досега не постоеле за никој друг?

Овој преседан ќе значи поинакви услови за отпочнување преговори од оние кои другите земји на ЕУ ги имале досега, што е спротивно на вредностите како еднаквост, владеење на правото, демократија, почит на човечкото достоинство и човечките права, врз кои се темели Европската Унија.

Македонија заслужува без уцени да пристапи кон преговори со ЕУ, под исти услови како сите останати држави и достоинствено да се движи на пат кон имплементација на реформите за подобра иднина!

Ништо друго освен истите услови под кои другите држави пред нас отпочнале преговори, не треба да се прифати, никакви отстапки повеќе не смее да се дозволат и во овој момент сите треба да бидеме обединети и да кажеме НЕ за овој недоличен предлог, пишува на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска коментирајќи го францускиот предлог!

Максим Димитриевски: Предлогот е штетен по македонскиот народ и државност

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски смета дека францускиот предлог е штетен.

Тој преку социјалните мрежи посочува дека од билатерален ќе се трансформира во мултилатерален проблем со кој еден ден ќе се соочат нашите внуци и правнуци.

-Лидерството значи да мислиш и работиш за националните и државниинтереси, не да го уриваш и подгазуваш тоа што предците ти го оставиле.Тоа што не го постигнаа во минатото со оружје во балканските, првата ивтората светска војна, денеска се обидуваат по дипломатски пат да го постигнат со власт која за жал по сите досегашни постапки повеќе не гозастапува нашиот национален и државен интерес. Македонскиот народ и ситеграѓани на Македонија како и многупати до сега низ историјата ќе гонадминат и овој предизвик и сите заедно ќе излеземе посилни ипообединети ЗА НАША МАКЕДОНИЈА. Македонецот опевал и ќе опејувамногупати за јунаштво и подвиг но исто така и за предавство исамопонижување… Вие самите од власта изберете си ја песната, јасмојата многу одамна ја избрав. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ!” пишува

Димитриевски.

Бугарски диктат за Македонија, НЕ благодарам! Голем народен протест пред Влада во 19 часот

По добивањето на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и најавата на Владата дека ќе тој предлог ќе биде прифатен, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на голем народен протест пред зградата на влада, со почеток во 19 часот.

Предлог кој е ултиматум за иднината на нашата Македонија.

Предлог кој е диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија.

За таков предлог одговорот е НЕ БЛАГОДАРАМ!!! – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Драги пријатели,

Предлогот кој е на маса, и кој владата го криеше, а до кој дојдовме ние по наши канали, всушност е истиот кој веќе еднаш беше одбиен.

И со жалење морам да констатирам дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот, и во делот на идентитетот.

Прифаќањето на ваквиот предлог подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат, а нашите деца во основното образование да учат според бугарскиот диктат или нема европска иднина. Прифаќање дека Гоце Делчев, дека Даме Груев, дека Јане Сандански и останати херои и револуционери биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.

Секој кој како владата Ковачевски, Османи и Маричиќ ќе ви кажува нешто поинаку, ви кажувам со целиот мој дигнитет и име, дека не ја говори вистината или да бидам подиректен ве лаже.

И затоа имаме какафонија од предлози, два документи, два процеси, сменети зборчиња, семантичка инверзија кои владата ни ги покажува за успех. Еве ви кажувам дека лажат и манипулираат.

Јас и ВМРО-ДПМНЕ да се знае уште сега во таков процес нема да бидеме соучесници, ќе се бориме за вистината и против ваквиот нокаут на македонската дипломатија.

Еве ги тие два документи. Бидејќи владата требаше да ги објави, еве ние ги прикажуваме на јавноста.

Првиот документ кој што секоја една земја која што имала аспирации да биде дел од ЕУ го нарекува меѓувладина конференција, а кај нас тоа се вика прв дел од меѓувладината конференција, а ова е практично вториот дел од таа меѓувладина конференција, која што само за нас е создадена како кованица и се нарекува втора меѓувладина конференција.

Каде е суштината и каде е направена лингвистичката инверзија. Најпрвин во првиот документ, кој што би требало според владата да се нарекува прва меѓувладина конференција, на страна 5 точка 3 стои дека во преговарачката рамка, и двете страни ќе дадат унилатерални изјави, декларации коишто ќе кажат како го подразбираат македонскиот јазик.

Претпоставувам доколку ова стигне до Брисел од нашата македонска страна истото ќе биде македонски јазик, а од страна на Бугарија ќе има еднострана изјава дека тие не го признаваат македонскиот јазик односно дека тие го признаваат согласно Уставот на Македонија.

Следната семантичка измена е во страната 10 од овој прв документ кој треба да биде документ содржан во преговарачката рамка. Каде што точно се цитира во точка 5 соодветната алинеја, договорот за добрососедство со Бугарија, каде што делот билатерални протоколи е заменет со годишни извештаи и мерки за ефективната имплементација по членот 12. Членот 12 од договорот за добрососедство ќе биде практично одлучувачки член врз основа на кој ние или ќе напредуваме или ќе бидеме подложни на вето од страна на нашиот источен сосед. А членот 12 сакам да посочам дека е делот каде што се регулирани меѓувладините конференции помеѓу Македонија и Бугарија. Досега се одржани две такви, првата формална помеѓу Димитров и Захариева и втората помеѓу Османи и Генчовска за која што протоколот се уште не е потпишан, а ќе видите дека се повикуваат и на тој протокол.

Појаснувам протоколот е заменет со годишни прегледи и мерки и мерки. Што значи мерки, ако немате во учебниците променето дека Илинденското востание, македонско заменето со бугарско Преображенско тогаш не сте презеле мерки и вие не може да напредувате и ќе бидете подложни на вето. Ако уште во процесот на преговори во учебниците на нашите основци стои Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански дека се македонски херои, вие не можете, бидејќи не сте презеле мерка и ефективно таа мерка не сте ја имплементирале. Ете тоа е разликата за која што Османи и Маричиќ се препелкаат и не знаат како да ја објаснат.

Вториот документ кој е практично втор дел од таа меѓувладина конференција на страна 7, точка 11 јасно стои дека Македонија нема да го отвори првиот кластер фундаменталс се додека не се случат уставните измени на кои што се повикуваат заклучоците од Европскиот Совет.

Значи нема отворање на преговори, кластер фундаменталс се додека не се случат уставните измени.

На страна 8, е избришан делот каде во првиот стоеше делот за јазикот и е префрлен сега во првата половина според нив наречена прва меѓувладина конференција и јасно сега стои дека Македонија не може да го почне процесот на преговори, се додека не биде потпишан протоколот, од втората средба на заедничката меѓувладина комисија која што е основана врз основа на членот 12 од договорот за добрососедство кој го има нашата влада потпишано со нашиот источен сосед.

Што подразбира тоа. Тоа е оној протокол во кој се содржани историјата, културата, сето она кое што треба да го направиме како измена и мерка во нашите учебници.

Сето она кое што го слушате од Ковачевски не е визија, не е стратегија не е битка за идните генерации, тоа е срам за идните генерации. Тоа е пораз и капитулација која идните генерации ќе ја имаат како грутка во својата душа затоа што некој како Ковачевски и некој како Бојан Маричиќ се дрзнале да го погазат македонскиот идентитет. Идентитет за кој крв се давало, за кој жртви паѓале, за кој мајка од дете се делела, мајка од ќерка се делела. Тоа денеска не убедуваше Ковачевски во друштво на Бујар Османи и останатите дека било визија.

Не е тоа визија. Тоа е срам и предавство. Тоа е она за кое ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и ќе се бори да истото тоа со сето она кое што го располага ВМРО-ДПМНЕ да го објасни пред македонските граѓани.

Ваков ултиматум за Македонија, драги пријатели – НЕ, благодарам!

Сакам да се знае дека сега е моментот кога треба да се биде јасен, гласен и да се заземе вистинска страна, страната на Македонија и страната на народот.

Впрочем, оваа влада прави огромна штета бидејќи одобрувањето на ваква рамка значи или во ЕУ, асимилирани и бугаризирани, или секогаш да останеме надвор од ЕУ.

Јас ултиматуми по цена на достоинството на народот не прифаќам и нема никогаш да се согласам со тоа.

Затоа велам, дека треба да сме гласни!

Имаше, драги пријатели, иницијатива за протести и ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на таа иницијатива и повикувам на народен, сенароден протест.

Сенароден!

Заборавете дека се обраќам од говорницата на ВМРО-ДПМНЕ, секој оној кој што ја слуша оваа прес конференција и кој што мисли дека јас ова што го зборувам е така, нека ни се придружи во сабота пред платото на владата на Република Македонија во 19 часот.

Јас таму ќе бидам како еден од многуте, како ваш сограѓанин, како човек со име и презиме и затоа го повикувам целиот народ од цела Македонија но и надвор од Македонија да ни се приклучат и да застане со нас, рамо до рамо и да го одбраниме она што се вика европска вредност и да го спасиме процесот на преговори затоа што овој преседан денеска и се прави на Македонија ќе им се прави на сите земји во регионот и членството во ЕУ за сите нас ќе стане, во суштина цел која никогаш нема да ја достигнеме.

Ние треба да преговараме за нешто што се случило пред десеттина векови, а се бориме за иднината на нашите деца.

Само човек кој е аматер може да мисли и да верува дека ова е добар договор, освен, ако нема задни намери, а во она друштво во зградата на „Илинденска“ видов многумина за кои сум сигурен дека имаат сериозни задни намери.

Затоа повикувам на обединување и на висока свесност за тешките удари кои оваа влада ќе ги прави на нашата Македонија.

Или сега ќе кажеме гласно НЕ, или потоа драги пријатели, драги сограѓани ќе немаме право да бидеме повторно гласни и ќе немаме на приговори.

Затоа да излеземе сите заедно без разлика дали сме политички определени или неопределени, без разлика дали сме вакви или такви, леви или десни, либерални или конзервативни, ако нас ни значи Македонија, ако ни значи делото на нашите предци, ве повикувам како граѓанин обичен, да излеземе пред платото на владата и да кажеме едно големо НЕ во 19 часот – порача Мицкоски.

АПАСИЕВ ЈАВНО ГО ОПЦУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ – ,,Пендаровски п**ка ти м**ер” !

Пратеникот во македонското Собрание и лидер на Левица, Димитар Апасиев, со објава на Фејсбук го опцу претседателот Стево Пендаровски.

“Пендаровски, пи*ка ти матер”, напиша Апасиев на Фејсбук.

Револтот доаѓа по објавувањето на францускиот предлог од страна на Владата и изјавите на власта дека францускиот предлог е добар за нас и дека има корекции споредено со претходниот кој беше одбиен.