Оглас на годината: Се продава свадбената покана на Вељко и Богдана Ражњатовиќ

За свадбата на Вељко и Богдана и ден денес се зборува насекаде во регионот, а сега на еден српски сајт за продажба на различни работи се појави и нивната покана за свадбата направена во 2019 година.

Еден од поканетите гости кои се уште не е познат сега сака да профитира од нивната свадбена покана па истата ја ставил на продажба.

Продавачот во описот на огласот напишал зошто е толку посебна оваа покана и зошто треба да се купи.

-Поканата која ја добија гостите е многу гламурозна и со златни детали. Тоа што е посебно е посебниот мотив кој носи голема порака, а во прашање е дрво на животот кое се наоѓа на оградата на куќата која ја доби Вељко како подарок од неговите баба и дедо. Ова дрво од секогаш било симбол на нераскинливата врска на земјата и небото, како и синоним за сила, моќ, мудрост, виталност и стабилност, пишува во дел од описот на поканата.

Таткото на Илон Маск: Жени чекаат на ред за да се оплодат со спермата на син ми

Таткото на Илон Маск основачот на Tesla и SpaceX, вели дека од него било побарано да ја донира својата сперма на неколку жени во Јужна Америка.

Ерол Маск (76) го откри ова во неодамнешното интервју за The Sun. Тој рече дека му била понудена шанса да ја донира својата сперма од неименувана компанија во Колумбија бидејќи ги содржи истите генијални гени што го направиле најбогатиот човек на светот.

Таткото на Илон Маск е подготвен да донира сперма на жени од „висока класа“.
Ова доаѓа само неколку дена откако патријархот откри дека дочекал тајно второ љубовно дете со сопствената поќерка.

– Имам компанија која сака да донирам сперма за оплодување жени од висока класа. Тие велат: „Зошто да одат кај Илон кога можат да одат кај вистинската личност што го создала Елон?“, изјави Ерол за The Sun.

Ерол рече дека не му биле понудени пари од колумбиската компанија за неговите телесни течности, но сепак може да добие други поволности.

– Тие не ми понудија пари, но ми понудија првокласно патување и сместување во хотел со пет ѕвездички и сите тие работи, изјави тој.

На прашањето дали ќе ја даде својата сперма наместо да ја наплаќа, Ерол одговори: „Па, зошто да не?“

Ерол досега има најмалку седум деца на три различни жени. Тој беше во брак со мајката на Јана, Хајде, 18 години и заедно ги добија ќерките Роуз и Александра. Тој ги имаше своите три најстари деца Илон, Кимбал (49) и Тоска (47) со својата прва сопруга Маје Маск.

Сали: Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите!

-Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите, изјави министерот за здравство, Беким Сали, на денешната прес-конференција во врска со објавената сторијата на ИРЛ за Клиниката „Жан Митрев“.

-Вашата жалба не е од медицински аспект, туку од финансиски аспект. Имате за тоа Финансиска полиција. Ако жалбата е во износот на парите, ние овде сметаме дека здравјето не познава финансии. Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите. Значи, не е така. Антибиотиците кои масовно се користеа, исто така оставија последици. Тек сега се справуваме со пост-ковид последици. Во овие случаи не може да гледате само од финансиски аспект. Ниту еден министер, доктор… не може да каже дека во ковид кризата нешто се правело врз основа на докази. Се што се правеше е врз основа на искуства од минатото, вирусот е нов и никој не е сигурен што прави. Барам да бидеме коректни – рече Сали.

Одмор на времето: Имате три слики, сите потегнати на плажа, кај шо мочаш во плиткото и уште една шо не се познава оти е осветлен филмот…

Одмор на времето и сега е новиот популарен статус на социјалните мрежи од Божидар Божиновски кој е пресмешен, но и жива вистина.

Прочитајте зошто пак не сте среќни:

Одмор на времето:- Грција санкции, Јадранско војна, Албанија нема да се капиш во бункери, а за подалеку тешко. Со авион имаа летано само Глигоров, Тупурковски и уште двајца пилоти шо прскаа ниви во овчеполието. Значи ти останува Крани, Претор, Охрид и Струга- Се спремате за 7 минути оти сите имате по едни купачи, нешто за носење таа една вечер шо ќе одите во ресторан, гуми за пливање да се вратите сите деца на број- Одморот е сјебан уште ко ќе влезете в кола. 40 степени во кола без клима и климаво семејство шо треба да патува. Дур да стигните твоите три пати се развеле, четири пати пак ги повториле брачните завети, вие назад сте дехидрирани од топло, плачење, пот- Во собата има кревети. И толку. Нема интернет, телевизија за курац ти е ионака само прва програма и втора на етничките заедници ама и не ти треба повеќе. До крајот на одморот ѕидот ќе изгледа ко слика од Полок од тепање комарци- Водата првите пет метра е ко од лабораторија да истуриле урина собирана еден месец. Сите деца голи, мочаат во плиткото, понатаму тиња. Дремиш четири сати во моч дур не те удри сунчаница. Мајка ти му се лути на татко ти шо гледа други- 9 од 10 вечери изгледаш ко лебче (ваљда брускети е на јазикот во 2019-та). Јебеш крема за сончање, те мачкаат со кисело млеко. Поске можиш и попара да напрајш од то ама е гадно- Единствен коктел шо ќе го пробаш е Кока Кола и Фанта ко ќе влезиш на свадба шо се одржува во ресторанот- Си менувате броеви со фамилијата од Пехчево шо ви е во близина и шо татко ти и татко им цело време пијат и некогаш не се слушате повеќе- После одморот никој со никого не зборува месец дена, да потраеше уште три дена повеќе ќе беше распад на семејството- Имате три слики од то. Сите потегнато на плажа, кај шо мочаш во плиткото и уште една шо не се познава оти е осветлен филмотОдмор сега:- Има евтин чартер за Маурициус со цена од само еден бубрег со камен, 14 ноќевања. Обично на овие дестинации одат оние што не ни знаат да го изговорат Маурициус- Спремањето почнува месец дена претходно. Се разбира, прво скриншат од уплатеното, филинг хепи. Менување кавер wanderlust, статуси “Патувачи го светот не го запознав светот, туку себе”. Купачи 18 пара по глава на турист, нема на инстаграм секој ден со истите. Телефон, тука, полнач тука. Таблет тука, полнач тука. Од 327 ситници ќе заборавиш 11 и баш тие ќе ти требаат- Одморот е “значи како да ти кажам, совршен”. Собата има клима, телевизор со катаљон програми, интернет, топла вода, ладна вода, млака вода, кинг сајзд бед- Правиш 2743 слики, дневно. Коктел “Секс на плажа”, коктел “Пушење на плажа”, коктел “И пукнав само три прсти на плажа”, коктел “Онака, само се фаќавме на плажа”, сламен шешир цело време, сколиоза и кифоза за да не се познава стомакот, а да се видат тетоважите. Одморот оди и со лајф стрим за фановите- Веројатно до овде се изморивте од читање, шо ве ебам јас ќе пишам вие како сакате- Не влегуваш во море, цело време дремиш во базенот на 4 метра од морето и никој не моча во него- Ако си ол инклузив доаѓаш со 8 килограми плус и болест на желудник од преждеравање- Се враќаш овде и “И значи не ти се верува човече која сељачаана сме ние, јас ко бев на Маурициус да ти кажам…” ти е цела година муабет – Пак не сте среќни

Универзитетот Харвард уште во 1980 година објавил мапа за тоа каде се зборува македонски јазик

Еден од најпрестижните универзитети во светот, Универзитетот Харвард, во 1980 година во својата Енциклопедија за потеклото на етничките групи коишто живеат во САД, објави карта на Македонија во која ги означува областите каде што се зборува македонскиот јазик.

Не можел да гледа како домот му гори трет пат – Маж се самоуби откако пожарот кај Атина стигнал до неговиот дом

Најмалку тројца повредени и еден починат, откако извршил самоубиство е билансот од големиот пожар во североисточниот дел на Атина, што веќе 17 часа е вон контрола и зафати неколку населби, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, полицијата пронашла мртов 84-годишен маж во неговиот двор, откако се самоубил со огнено оружје, веројатно поради огнената стихија што стигнала до неговата куќа и не можел да издржи да го гледа неговиот дом да гори по трет пат.

Од атинска болница, утрово соопштија дека од неколку населби зафатени од пожарот, со изгореници биле примени три лица.

Се празнува Света Великомаченица Недела

Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан. Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца. Кога порасна се разви во убава девојка, а телесната убавина ја дополни со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг.

Нејзината убавина привлекуваше многу просители, но таа одбиваше да се врзе со некој друг освен со Христос.

Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбуди злите мисли, ги поткажа пред властите света Недела и нејзините родители како христијани.

Сите беа изведени на суд, мачени и најпосле погубени. Тоа се случи во 289 година во Никомидија.

Опожарено возилото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески од Прилеп (Видео)

Синоќа околу 2 часто по полноќ во ТППЕ Прилеп бил пријавен пожap на автомобил на Ул. “Цар Самоил”.

Екипа со тројца пожарникари излегла на терен и за брзо време пожарот бил ставен под контрола.

Опожарени се биле две возила, акако што дознаваме истите се во сопственост на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески.

Засега нема информации кој и поради која причина го подметнал пожаро, останува тоа да го открие истрагата на МВР.

Позната српска манекенка изврши самоубиство (ФОТО)

Како бомба вчера одекна информацијата дека на 28-годишна возраст животот си го одзела популарната српска манекенка Бојана Шарац.

Според неофицијални информации, несреќната девојка извршила самоубиство, а луѓе од нејзиното најблиско опкружување велат дека никој не претчувствувал таква трагедија.

Смртта на Бојана ја потврди и нејзиниот татко Младен

Димитров: Како ќе градиме пријателство со Софија кога не го признаваат македонскиот јазик?

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров во гостувањето во Телма говореше за последните политички случувања на релација Бугарија-Македонија. Притоа, тој се запраша, како ќе градиме пријателство кога Бугарија не го признава македонскиот јазик.

„Бугарите со наводници велат дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, вештачки и посиромашен. Тогаш, како воопшто мислиме да градиме пријателство и како ќе зборуваме за отворање на ново европско поглавје? Како ќе го затвориме прашањето со Бугарија со ваков предизвик? Сега се надминале себеси. Ова што допрва ни претстои со вметнување на дел од Бугарите во преамбулата, како ќе го отвориме кога истата таа држава не го признава мнозинскиот народ во оваа држава, вели Димитров.