Connect with us

Uncategorized

,,Семејство ме исфрли на улица по смртта на мајка ми, но не се откажав од себе“ – Арсова е жена борец

Христина Арсова е жена-борец. Таа е хероина која во животот поминала низ секакви тешкотии и предизвици. 

Нејзината приказна раскажува за непресушната желба таа да го живее животот за неа, а не судбината да ѝ ги земе сите сили од неа. На само едногодишна возраст оставена во мајчин дом, подоцна посвоена, по што почнува нејзината борба за опстанок. Од 2008 година е вработена во ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, низ годините докажувајќи ги своите вредности и посветеност успева да биде унапредена и продолжува да работи посветено. Освен што е спортистка, студентка и работник, таа е родољуб – борец за својата земја, доказ за тоа е нејзиното овогодишно учество во Илинденскиот коњанички марш до Крушево. Во продолжение следи нејзината животна приказна…

„Откако првпат се разделив од мајка ми, спортот ме научи на борбениот дух“, истакна таа.

Таа истакна дека нејзиниот живот ја научил  дека човекот што ни дава живот, не секогаш е нашиот родител. Покрај тоа таа пронајде потпора во спортот за да може да преживее. 

„Искрено благодарение на фудбалот ја изградив мојата личност, којашто сум денеска, а тоа е ред, дисциплина и тимска соработка. Спортот ме научи за борбениот дух со кој и понатаму во животот се соочувам. Од 2003 година со самото формирање на големиот женски фудбал во Р. Македонија започнав во тимот ЖФК „Ломбардини“, каде што исто така сум им благодарна на стручнот штаб кои беа тука во најтешките моменти. По формирањето на женската фудбалска лига исто така и реперезентација во која заземав место да бидам дел од државниот дрес од околу 14 години ги бранев боите на репрезентативниот дрес и имам изиграно околу 40 меѓународни натпревари. На моите 17 години ја изгубив мајка ми, светот ми беше срушен бидејќи таа ми беше се’ што имав од семејството, ама баш се’ Никогаш не барав да ме сожалуваат, барав само шанса, чесно да заработам, таа шанса ја добив во Градски паркинг”, раскажа Арсова.

Таа раскажа и за тоа како нејзиното семејство ја исфрли на улица по смртта на мајка си, но таа не се откажа од себе ни од својот живот.

„После големата борба, за да си обезбедам покрив над глава, одлучив да го оставам спортот. За да продолжам да се борам за да добијам покрив над глава и некоја работа, за да можам да опстанам. До ден денес никогаш не побарав да ме сожалат барав само шанса, чесно да заработам. По моето излагање во емисија-Бисери кај Анета Кочишки за мојот животен пат, телефонски се јави секретарката на Градски паркинг и истите посочија дека сакаат да ми помогнат, тоа беше во 2008 година, кога бев повикана на состанок и истите со тогашниот директор одлучија да ме вработат. Меѓувремено го завршував средното образование и истовремено имав проблеми со станот во кој живеам сега, за кој судскиот процес траше 9 години и истиот заврши во моја полза. Следнот чекор беше запишување на правен факултет на отсек Новинарство и односи со јавност. За ова тогашната власт ни овозможи на ранливата категорија да се до образоваме и ни овозможија финансии за школување. Подоцна по долгото работење во Градски Паркинг од околу 14 години како инкасант – наплатувач, и со назначување на локалната власт ми се даде повторно шанса да ги истакнам своите вредности, односно тие беа препознаени од страна на Градоначалник на град Скопје Данела Арсовска и директорот на јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје, М-р.Бојан Христовски, по што бев унапредена на работната позиција”, раскажа таа.

Покрај тоа не криеше колкава чест претставуваше за неа да оддаде почит кон паднатите борци од Илинденското востание.

„Со самото образовање и изучување на историјата на Република Македонија за Илинденското Востание од 1903 година – симболот на македонскиот непокор за нашите херои, бев инспирирана еден ден и јас да дадам учество и да го поминам патот на црешовото топче, каде што движеле славните јунаци од Илинденското востание. И по долгото исчекување ми се овозможи да оддадам почит кон паднатите борци од Илинденското востание и по тој повод ми овозможија да бидам дел од здружението Бигорски манастир – ,,Патот до црешевото топче”, кадешто учествував преку организиран коњанички марш како жена борец”, раскажа Арсова.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг