Арачиновец си ја ,,испукал” сопругата

На 27.08.2022 во с. Арачиново, скопско од полициски службеници од СВР Скопје е приведен С.С.(68) од с. Арачиново откако тој самиот во полициска станица во 13.40 часот пријавил дека во сопствениот дом во с. Арачиново, испукал куршум од пиштол „Црвена Застава“ кал.7.65мм кон неговата сопруга З.С.(59). З.С. е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и се констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок