Огревното дрво поскапе за 20% – Македонски шуми го објавија новиот ценовник

Управниот одбро на ЈП Национални шуми го објави новиот ценовник за купување на огревно дрво, откако Владата го прифати на минатонеделната седница. Според истиот цените се зголемени за 20% во однос на претхондите кои не биле променети од 2009 година .

Управниот одбор на ЈП „Национални шуми“ го објави новиот ценовник за купување на огревно дрво, откако Владата го прифати на минатонеделната седница. Според истиот, цените се зголемени за 20 отсто во однос на претходните кои не се променети од 2009.

Најскапото и најквалитетното дрво – она од даб, се зголемува од 2.900 денари на 3.564 денари по кубен метар. Во Ценовникот поскапени се и другите огревни дрва – буката е 3.444 денари, јаворот е 3.204, тополата е 3.084 денари по кубик, итн.

Одлуката следува откако месецов Владата се реши за определување највисоката трговска маржа на 10 отсто како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Истовремено забранет е и извозот на овие производи.

Поскапувањето следува иако во годишниот финансиски извештај на јавното претпријатие за 2021 е евидентирана добивка од 100 милиони денари. Треба да се напомене дека Владата лани интервенираше со субвенции за време на пандемиската година во приходите на „Национални шуми“.

„Овие цени за Национални шуми во овој момент не се финансиски исплатливи. Со овие цени ние работиме со загуба“, изјави претходно Валентин Груевски, в.д. директор на Национални шуми, кога јавното претпријатие се уште бараше дозвола од Владата за зголемување на цените.

Тие годинава планираат да произведат околу 400.000м3 огревно дрво, што е за 50.000м3 повеќе од лани. Но, годинава значително се зголемил и интересот на граѓаните да се греат на дрва, а директорот рече дека листата на чекање станува се подолга.

„Граѓаните се плашат и се создава страв дека можеби ќе нема струја, па тие што никогаш не користеле дрво, сакаат да набават. Дел од тие што набавувале одредена количина на дрво, извештаите се дека сакаат да земат дупло повеќе дрво. Во тоа може да настане одреден проблем во однос на тоа дали ќе има или не“, реле Груевски.Граѓаните, исплашени од висината на сметките поради повисоката цена на струјата, како и од тоа дали воопшто ќе ја има во зимските месеци, сè повеќе размислуваат за греење со дрва или со пелети.

Апасиев: Се сеќавате како Шилеџето и Заев, пред избори, трчаа прекутрупа свечено да го отворат “Ист Гејт”, мислејќи дека така ќе победат на локални

Кога ќе закачат сега еден попуст на гардероба во East Gate Mall, плус и се ќе ви биде испрано да не се мачите по дома да перете на скапа струја.

Генетичарот Димитар Џундев: Може да ја смените историјата но не и гените

  • „Вие можете со разни договори да ги смените учебниците по историја, да ги смените книгите, да ги принудувате историчарите да пишуваат според владините барања за промена на историјата, но не можете да ги смените гените и крвта која тече во нашите вени! Буквално, во нашите вени тече историјата на Македонија“, вели Димитар Џундев, генетичар со знаење и искуство стекнато на најдобрите универзитети во светот.
  • Со генотипизирање кое наскоро ќе го објавиме успеавме да докажеме дали нашите предци биле Словени или антички Македонци.  По објавувањето на резултатите, сите хипотези за потеклото на македонскиот народ треба да бидат затворени.
  • Дури и тоа што досега го имаме, ќе предизвика земјотрес кај македонската јавност, вели Џундев во интервју за Вечер.

Oстанавме сами: Последните Авганистанци ја НАПУШТИЈА Македонија

Успешно заврши мисијата за привремено сместување на загрозените лица од Авганистан ангажирани од НАТО, вели Бујар Османи.

„Денес, последното осумчлено авганистанско семејство Ахмадзаи претходно ангажирано од НАТО ја напушти Северна Македонија, со што успешно ја заокруживме мисијата за обезбедување привремено сместување на Авганистанците кои во земјава беа преземени од базата „Бехтел” во Косово

За време на нивниот престој во Северна Македонија, им беше обезбедена континуирана помош и поддршка, како резултат на ефикасната и широка меѓуинституционална соработка, и со голем ангажман од Црвен Крст, за што во оваа прилика упатувам благодарност до сите инволвирани во успешната реализација на целокупниот процес.

Со обезбеденото привремено прибежиште на вкупно 68 Авганистанци, уште еднаш се докажавме како кредибилен НАТО партнер и придонесовме да се ослободат силите на Алијансата ангажирани во базата “Бехтел” во Косово и истите да делуваат во полн капацитет на Источното крило, а во контекст на заканите кои доаѓаат по земјите членки во тој дел, како последица на руската инвазија врз Украина“, информираше Османи.

Дали ќе се капеме, переме и миеме садови само во недела? Од утре во сила мерките за штедење на струја

Од утре стапуваат во сила мерките за штедење електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали за 15 отсто.

Мерките беа донесени со владина одлука на 16 август, а ќе важат до 31 март 2023 година. Се однесуваат на домаќинствата и компаниите како препораки, но и на државните институции како задолженија.

Како што рече министерот за економија Крешник Бектеши кој ги соопшти и образложи мерките, пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и сите заеднички треба да придонесеме за нејзино полесно пребродување.

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, пеќатење само потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од обврските кои државните институции мора да ги спроведат.

Слични се и препораките за бизнис секторот – исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, користење дневна светлина за внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога за тоа има можност, ладење на производни објекти, хали и канцеларии со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, редовно менување на филтрите на грејните тела, инсталирање топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење и за подготовка на топла вода при градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари, примена на нови технологии за подобри енергетски перформанси на индустриските постројки.

На домаќинставата им се препорачува вклучување бојлер по потреба и по можност на евтина струја, вклуќување на машините за перење и за миење садови само кога се полни и исто така на евтина струја, разумно користење на грејните тела, максимално користење на дневната светлина и топлината од сонцето, гаснење на сијалиците кога не се престојува во одередни простории, готвење во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата, кратко и интензивно проветрување на просториите.

-Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план. Мерките за штедење се креирани за полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки – рече министерот Бектеши на 16 август кога ги соопшти мерките.

Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување. Затоа и нивните раководители може да ја изгубат работата ако не ги почитуваат владините препораки и ако не заштедат 15 отсто струја како што е предвидено.

И според него и според министерот Бектеши, рестрикции на струја не се очекуваат.